Zdravo devojki imam prasanje za ispituvanje hormoni vo drzavna na ginekologija od kolku casot pocnuvaat so bockanje vo sabota ? Od vase iskustvo dali se ceka mnogu, ili brzo odi? I dali treba na gladno?
Здраво на сите.Треба да добијам во сабота според календарот и понеделник треба да е трет ден и на тој ден ќе испитувам хормони.Меѓутоа се прашувам ако добијам утре попладне бидејќи имам симптоми денес,дали ќе се смета петок или сабота за прв ден.Искуства?
Од 8 ч и нема гужва, брзо се завршува.Не мора на гладно, но пожелно според мене, и така е рано, после тоа можеш да си јадеш.
Ако ти протече баш обилно рачунај го за 1 тој ден. Мене обично првиот ден ми е така. Зависи, кај секој е различно.
До сега не сум добила.Кај мене првиот ден не е обилно,сосем нормално,и не знам дали да го сметам за прв ден.
Здраво феминки.Хормони испитани на трет ден,што мислите?Имам термин во понеделник но сепак ми се важни и вашите мислења.
Пролактин висок, и лх повисоко од фсх. Не знам дали со тебе пишував на темата за полицистични, ова е предзнак за тоа. Треба да е обратно, фсх да е повисок од лх. Пролактинот е стрес хормон, може и тоа од стрес да е, како и да е висок е. Заради вака лх, ќе добиваш грешни ррзултати кога се тестираш за овулација.
Да,си имаме пишувано на оваа тема.Можеби е предзнак да но на гинеколог се гледа дека немам полицистични јајници.Јас пијам терапија еутирокс за хашимото и последните 3 месеци ми е зголемена на 50мг. и циклусот почна да ми се стабилизира ми доаѓа на 32 дена а порано добивав на 40,42.Е сега за пролактинот сигурно ќе треба терапија и дали некој примал терапија за покачен пролактин,искуства и дали може да дојде до бременост.
Не е страшно со пролактин, се симнува тој. Може и од стрес да е. Беше на повеќе мислења за полицистични јајници? Пошо вака џабе се тестираш со тестиви за овулација, нема да покаже точно. Не видов инсулин дали си испитала. И тоа е добро да испиташ.
Да, на две мислења и на двете потврдено и на ехо дека немам пол.јајници,но можеби ќе треба и на трето мислењеИнсулин не сум испитала сеуште.
Дали ако испитам хормони било кој ден , т.е да не биде во тек на циклус, резултатите ќе бидат релевантни?
Најточни резултати се добиваат на 3 тиот ден од циклус,јас испитував и на трети и на 20ти.Сепак и некој друг нека сподели искуство.Поздрав
Извини покасно ти пишувам не сум видела.Се сомневавме дека не се точни и затоа испитав и на 3тиот ден за да бидам мирна и се беше во граница на нормала освен пролактинот покачен.Најдобро си испитај на 3тиот ден и нема утка.Поздрав се најдобро.
Дали некој знае за испитување на прогестерон на 26 ден од циклус дали треба на гладно или нема врска?
Здраво,што значи зголемена вредност на хормонот LSH ,на испитан на прв ден од циклус?другите полови хормони ок се. И што ско трет ден од циклус се паѓа недела,нели не работат поликлиникиве,како испитувате хормоните тогаш?