Јас имам зимано и од матичен општ лекар. Ако нема термини ти дава упат кај интернист па тој ти закажува.
Јас два пати имам испитувано со упат од матичен гинеколог. Тој упат важи еден месец, се оди обично на трет ден од циклус.
Девојки Зедов упат за испитување на хормони Ми дојде касно вечерта на 1 ви Денеска би требало да е трет ден од циклусот Е докторот ми рече дека можам и утре да отидам да испитам од 2-5 ден можело, дали мора да е на гладно и од сабајле?
Од сабајле испитувај.На гладно и гледај вечерта да не внесуваш млечни производи да не ти покаже лажно покачен пролактин.
Бев утрово околу 8 часот. Малку ми е далеку болницата околу 30 мин возење со автобус Само денес како да ми прекинува менструацијата, се надевам на добри резултати
PRL ли е вредноста за Пролактинот и која вредност треба отприлика да е? Ќе се консултирам со лекар сигурно само сега немам можност веднаш а ме копкаат резултативе бидејќи многу сакаме бебенце и почнуваме да ги елиминираме проблемите едно по едно Кои хормони најмногу влијаат на забременувањето?
Да, ПРЛ е пролактинот. Тој и тироидните се променливи, може и на стрес да се покачуваат, но може и од други причини да се покачени и треба да се спуштат. Сите овие хормони што ги испита може да влијаат на забременувањето. Јас за недела-две би ги повторила пролактинот и тироидните да се види дали е моментално. Без гајле, и да се пак височки, има терапија за тоа. Првпат проверуваш хормони?
Да Прв пат проверувам и затоа незнам кое колку треба да биде и колкаво влијание имаат на забременувањето После 9 месеци неуспешни обиди почнавме со испитување прво спермограм, па еве јас хормони...
Ќе ти каже докторот што понатаму, но може пак да си ги провериш тироидните и пролактинот. Не се врзани со циклусот и не мора на трет ден да се проверат.
Се слушнав со лекарот ги виде резултатите, ми рече се е во ред освен TSH кој бил покачен Ми предложи да проверам штитна жлезда но тоа можело само во Скопје на ендокринолог Е сега ме интересира што поточно треба пак да испитам и каде во Скопје се оди со упат од матичен Се разочарав некако ми падна тешко, Ве молам за одговор и некој совет Се извинувам ако сум досадна
Не испитувај ништо, земи си упат од матичен гинеколог за на Ендокринологија. Во моментов нема слободни термини, но деновиве треба да пуштат термини за април. Таму ќе ти направат преглед и ќе ти кажат што треба. Ќе ги носиш овие резултати и ќе кажеш дека сакаш бременост. Не се грижи, има чаре за се'
Мислам читав во Тиреодијагностика дека преглед е 2500, а плус се плаќа за хормоните, на приватно се доста поскапи. На државно еден хормон е 40-50 денари, а на приватно околу 800. Не знам ако се проверуваат и антитела колку чини. Штом веќе ја проверуваш, комплетна проверка направи си.
Ти благодарам многу мила Стварно ми е потребна поддршка како и на сите други кои се бориме за малечки сонциња Заборавив уште да прашам дали има некој лек на природна база или нешто слично, исхрана за намалување на TSH додека да отидам на ендокринолог?
А имаш ли некои симптоми? Замор, немање сила, некое чудно нерасположение, меланхолија, срцебиење, сува кожа, зголемена тежина и сл.?