Од втор па дури до 5 ти можеш да испиташ хормони. Не се секирај Ако имаш кафеаво цел ден а утредента почне крварење тој ти е прв ден.
Јас кога испитував за прв ден го сметав кога ќе ми пробие, зошто кафеаво ми течеше скоро недела дена а викаат дека кафеавото е стара крв.
мене сега во процесов ивф ме водат прв ден кога убаво ќе пробие. последно ми пробиваше дваипол дена и точно после си продолжи исто денови како и нормален циклус, 5 плус тие два ипол
Здраво, дали во SynLab може со упат од матичен за Тх1 и Тх2, или приватно само? Дали може да се испитаат било кој ден, или мора да се чека 3 ден од циклус?
Сега може матичен да упати не само тсх, него и фт4. Е сеа за СинЛаб нз, вајда може, прашај. Било кој ден, не е поврзано со циклусот.
Па има од до, како не знаете да читате вакви резултати не е тоа нешто што не може секој да го разбере (не е хејт)
Иако изгледа така резултатите не се читаат така. Често се споредуваат соодноси на различни параметри или пак иако од око изгледа дека е во граница не значи дека не е покачено. Ова го зборувам од искуство како јас си ги толкував резултатите и како дерматолог доктор ми ги толкуваше и виде проблем таму каде што јас гледав бројки во границите и се изгледаше нормално.
низ темава прочитав дека соодносот на FSH и LH треба да е 1:1 , а кај мене не е, а кога не е, незнам што значи тоа