здраво најмили.денеска го земав резултатот од 13 ден испитуванје на хормоните LH и E2.Nе ми е бас јасно.ми писува вака/ресултс LH HI 20.6miu/ml.I E2 Rесултс 63.6pg/ml.сто е ова не ми е јасно матицниот не е на работа ке морам да цекам 1 недела а нестрплива сум.знаете ли колку е да биде нормално?загризена сум,пролактинот ми бесе покачен на 3 ден го испитував сега примам таблети бромергон .....
Имам проблеми со акните.Сакам да направам хормонални испитувања.Па ме интересира каде да се обратам?Како се движат цените?
можеш да одиш на кожно или на ендокринологија.Ти треба упат од матичен до специјалист па тој ке те прати на проверка на хормони.Ако испитуваш во државна болница чини од 500 до 1000 ден за сите хормони( зависи колку хормони ке се проверуваат).Во приватните лаборатории е 700 ден за 1 хормон а може да ипитуваш 6-7 хормони па разликата во цената е голема.Битно е да најдеш добар специјалист.
Општи прашања Сакам да испитам хормони па би сакала да ве прашам од искуство некој што испитувал да ми каже каде е најдобро освен нели во ремедика и во систина оти е многу скапо. Јас мислев во државна на недокринологија ама моја другарка беше и ми кажа дека не е задоволна, дека не се замарале многу. И + ме зачуди тоа што и рекле само еднаш дека треба да даде крв а јас како што знам беа 3,13 и 21 ден или така некако. Пошто сакам да одам да си проверам ама барем да ми обрнат некое внимание Ако има ваква тема кажете да прашам. Фала, пријатно
Општи прашања Испитај на гинекологија или на клиника за биохемија. На трети ден од мензис за сите останати хормони, освен на 21 ден кога треба да се испита прогестеронот
Општи прашања Да , да , и таму ти е најубаво Со упат од матичен гинеколог ќе си одиш таму рано сабајле , ќе те боцнат и толку
Општи прашања Ти направи ги анализите со сино картонче ,па ако сакаш оди на приватен да ти ги прочита односно објасни. За начинот на кој објаснуваш (3,13 ден) мислам дека тоа се прави на гинекологија (во клинички односно поранешна државна болница ) и ти треба упат од матичен доктор или гинеколог.
Испитуваат хормони по упат и зависно кои, другарка ти да не била за тироидна, мислам дека за тироидна еднаш се зема крв. Јас со упут од гинеколог испитувам на 3ти, 13ти и 21ви ден за прогестеронот. Бев во Идадија на биохемиска лабораторија, гужва има, а пациенти примаат само до 9:30, меѓутоа иде брзо постапката, па ако си во можност појди пред 8 и брзо ќе завршиш. За еден хормон без сино картонче земаат 500 денари, а со сино картонче 100 денари. Мене за 5 хормони 500 денари ми земаа на 3тиот ден, за 4хормони 400денари на 13тиот ден, иако читав дека се случува да немаат реагенси, мене ми се погоди за сите хормони да има.
Ти за што испитуваше хормони? Другарка ми беше за акни, за истото сакам и јас да одам и затоа се зачудив оти и земаа крв само на 3от ден. А каде се наоѓа Идадија и дали таму ќе ми кажат кои хормони да ги проверам или тие што ми ги пиша гинекологот?
Хормонален тест Колку пари е да се направи хормонален тест? Може во сите градови или само Битола и Скопје? ( Така имам слушнато).Јас поточно сакам да направам за акниве,и да видам што не е во ред...
Хормонален тест Хормонален тест може да се прави во сите градови. Јас правев во приватна лабараторија во Скопје и платив 6000 денари. Три пати ми земаа крв, во определени денови од месецот. И да - за мојте акни виновни беа хормоните.
^6000 денари си дала??? Зошто? Разбирам ако идете да испитате еден, до два хормона, еве пример за тироидна, па да идете на приватно. Ама ако испитувате повеќе хормони, тогаш најдете негде каде може со плави картони да се направи. Е, сега, се чека повеќе време за резултати, ама разликата во цената е неспоредлива. Јас кога идев да испитувам, на ендо клиника, одприлика по 500-600 денари плаќав, ова поодамна беше, ваљда е уште толку, ама беа опфатени сигурно 10тина хормони. Прашај ја матичната лекарка да ти даде упат за во твојот град каде што прават испитување на хормони, ама да е покриено со плаво картонче и таму иди, па и да почекаш повеќе, што те кошта.
Да, знам дека прескапо е тоа за хормони, но тогаш привремено живеев во Скопје, не можев да земам упат од матичен од мојот град, а морав да ги направам итно испитувањата, бидејќи се поврзани со одредени денови од месецот. Едниот ден кога требаше да ми земаат крв, испадна да е недела, и со сопствен превоз и потребната опрема дојдоа дома да ми земат крв. Многу професионално се однесуваа, а тоа нели си се наплаќа
Ги проверував во Адриалаб, во Скопје, а терапија не ми препишаа само ми ги дадоа резултатите и на e-mail и испечатени.