Бик Таа: Одбира кому ќе му дозволи да се труди околу неа, да ја заведува и освојува. Неговиот изглед, шарм, став, однесување и џентлменски манири нема да ја остават рамнодушна, но затоа на оној што и досадува умее вешто да го откачи. За да и се допаднете на жената Бик, треба да имате самодоверба и пари, а при тоа да умеете и да ја заведете со поглед и допир. Се точно освен тоа дека треба да имате пари
Таа: Исто така директна и секогаш подготвена да го заведе и освои оној што ќе и падне во око. Ќе го фати за вратоврска (ако ја носи) или брада, нежно ќе го привлече кон себе и ќе му рече со најшармантната насмевка на светот: „Ти си мој!“ Ако додворувачот и се допаѓа, ќе го пушти малку да се „крчка на тивок оган“. А потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку сте и досадни, тоа недвосмислено ќе ви го стави до знаење, така што со жената Овен секогаш сте на чисто. хо-хо
Таа: Како родена заводничка, задоволна е ако забележи дека уште на првата средба не можете да го тргнете погледот од неа, затоа што Вагата ужива кога околината и се восхитува, иако често пати глуми воздржаност. Поради вродениот шарм, мажите лесно ги освојува, па често пати и е непријатно кога ќе треба да одбие нетрпелив, здодевен, или наметлив додворувач. Не поднесува невоспитани и вулгарни додворувачи, па често пати умее на општо изненадување да возврати со иста мера. лелеее за вагата е точно
Таа: Умее со секој маж, може да заведе и да освои кого и да посака, само ако сака. Женствена и грижлива, полна со разбирање и предизвик во исто време, ќе се потруди да уживате во погледот на неа исто колку што ќе уживате додека се сладите со тортата и колачите што ќе ги направи само за вас. Кога ќе ви зборува за децата на својата сестра и за нивните подвизи, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас. „Умее со секој маж, може да заведе и да освои кого и да посака, само ако сака.“ Не баш „Женствена и грижлива, полна со разбирање и предизвик во исто време, ќе се потруди да уживате во погледот на неа исто колку што ќе уживате додека се сладите со тортата и колачите што ќе ги направи само за вас.“ ВИСТИНА „ Кога ќе ви зборува за децата на својата сестра и за нивните подвизи, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.“ така така