1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскопските знаци и нивното смирување после кавга

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 18 декември 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Секој понекогаш мора да се налути. Некои тоа го прават одвреме-навреме не криејќи ги чувствата, а други пак долго молчат и еден ден ќе експлодираат како вулкан. Здраво е да се покаже лутина, повремено да се скарате и искрено да кажете што мислите, но понекогаш е корисно да кажете и нешто со што ќе го смирите соговорникот и ќе спречите кавгата да ескалира. Дознајте како со кој знак можете да се скарате и што треба да му кажете за да го сочувате мирот.Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга
    Овен

    За да го смирите овенот, едноставно морате да му дадете на знаење, дека сте чуле сè што рекол и дека ќе сторите сè што е во ваша моќ за тој/таа да биде задоволен, без разлика дали се сложувате со тоа. Треба да го уверите дека има целосна контрола за тоа што ќе се случи, па дури и ако станува збор за заблуда. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата.

    Бик

    Лутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак.

    Близнаци

    Најдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите.

    Рак

    Причината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот.

    Лав

    Силното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила.

    Девица

    Ова е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое.

    Вага

    На луѓето родени во знакот вага, сè што треба е да им се каже, е дека треба да направат пауза, да земат воздух или да излезат на кратко и да размислат. Всушност вагите се нежни и не сакаат претерано да се караат. Тие се големи дипломати и ако им дадете неколку минути да се смират, вообичаено ќе ги согледаат двете страни на проблемот. Добро реагираат ако ги поканите на пијалак, за да поразговарате околу проблемите.

    Скорпија

    Со скорпиите е многу тешко да се смирите бидејќи имаат склоност да ги повредуваат другите луѓе, но сепак тие секогаш ќе реагираат на две работи, а тоа се пари и секс. Скорпиите ќе престанат да ве тероризираат ако некако можете да им покажете дека сте помоќни од нив во социјална смисла. Кажете ѝ на скорпијата дека е многу моќна и дека не може да згреши и на тој начин ќе ја преземете контролата во расправијата.

    Стрелец

    Стрелците обожуваат расправии и ако не сте внимателни можат да ве вовлечат во кавга, која може да потрае и неколку часа, при што ќе ви се чини дека логиката се врти во круг, на моменти дека воопшто ја нема и дека на крајот никој нема да победи. Според тоа најдобро нешто што можете да направите, е да побегнете од просторијата пред воопшто стрелецот да ве вовлече во вербална војна.

    Јарец

    Луѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.

    Водолија

    Водолиите секогаш можете да ги смирите со музика или со некоја соодветна филозофска реченица или поговорка. Луѓето родени во овој знак, ја обожуваат мистичноста на религијата и цитатите на големите филозофи. Тие воопшто не се воинствени личности и многу лесно можете да ги натерате да се смират и да не навредуваат никого.

    Риби

    Рибите премногу се плашат од фактот дека личноста на која се лутат и со која се во расправија, ќе изгуби способност за цивилизиран разговор. Тие се несигурни и не сакаат промени. Единствениот начин да спречите премногу да се налутат е постојано да им давате комплименти, да им го потхранувате егото и да направите да бидат свесни дека ги сакате и дека ја контролираат ситуацијата.
     
    На heart.stealer, Neytiri, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вага

    На луѓето родени во знакот вага, сè што треба е да им се каже, е дека треба да направат пауза, да земат воздух или да излезат на кратко и да размислат. Всушност вагите се нежни и не сакаат претерано да се караат. Тие се големи дипломати и ако им дадете неколку минути да се смират, вообичаено ќе ги согледаат двете страни на проблемот. Добро реагираат ако ги поканите на пијалак, за да поразговарате околу проблемите.


    Така ,преферирам да ги решавам проблемите на културен , цивилизиран начин и со внимателно избрани зборови и гестови .
    Се што стрчи надвор од опишаново обично добива екстра скапан третман од мене , зашто колку што знам да бидам добра и фина , уште толку знам да бидам расипана , па секој со среќата...
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Точно, поточно здравје.
    Ама па не барам многу, само да ми се признае дека сум во право.
    Се додека не ми признаат не попуштам ќе се борам, ако треба и на фронт и со црвено знаменце, ама чим стигнала работава за на фронт, тешко на тореадорот тогаш :D .
    [​IMG]
    Упссссссс, не почнав јас прва, пу, пу.
     
  4. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    :P
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Mногу точно :) .Мора да ми погодат се и да биде по мое инаку нема шанси да се смирам.
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јарец

    Луѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.


    Да и најважното да речат извини ако се виновни за кавгата :)
     
  7. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    И да во рок од 8 секунди се сталожувам :drunk:
     
  8. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Лав

    Силното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила.
    да се е точно
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    True true. :wasntme:
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    Водолиите секогаш можете да ги смирите со музика или со некоја соодветна филозофска реченица или поговорка. Луѓето родени во овој знак, ја обожуваат мистичноста на религијата и цитатите на големите филозофи. Тие воопшто не се воинствени личности и многу лесно можете да ги натерате да се смират и да не навредуваат никого.

    Ахаа,како да не,утре посабајле.Мене не може никој да ме смири,ептен војувам и се бунтувам ,а на навредување сум махер.Се смирувам само ако има шанса да се продолжи понатака и ако личноста е искрена,друго не се признава :rofl:
     
  11. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Да си коментирам за себе и за него. :D
    Јас, шкорпија-секогаш избегнувам кавги, но ако си наумил да се расправаш, ќе си го добиеш! :!:
    Тој, стрелец, да, секогаш се зеза, ми иде да му лапнам шамар :@ , и никој не победи, јас се обидов да попуштам и му објаснив дека не сакам такви зезања, сеуште е лут. Пф... :swear:
     
  12. She

    She Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    54
    Јарец

    Луѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.

    :D колку е точно! Можам да се лутам на некој што знам дека нема да ме насмее, меѓутоа на брат ми подолго од 2-3 часа не успевам (иако сум инает) затоа што секогаш успева да ме насмее и лутината да ми пројде.
     
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    колку е точно зза ракот,само што само коплимент не иде кај раковите треба убаво да бидеме убедени и они на кои им се лутеме да бидат упорни во тоа :)
     
  14. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно. :o
    Исклучок е само болдираното. Никогаш не се навраќам наназад да се одмаздувам.
    Just go ahead. ;)
     
  15. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    За лавот, точно е. До некаде. Знам да викам и да држам монолози, но некогаш и знам да ја ислушам и спротивната страна. Лутината не ме држи повеќе од 5 минути. Ама во тие минути сум намќор невиден :D А ако сум виновна навистина, знам и да речам извини. Кај мене сета лутина кај мене може да помине со еден убав кажан збор :)
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.761
    За бикот поточно здравје. :)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За Јарец:
    па баш ако е некоја дебела кавга,ни хуморот нема да помогне
     
  18. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    се е погодено...точно еее се
     
  19. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Рак

    Причината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот.


    Ах, понекогаш го мразам фактот што сум родена во јули. Толкава емотивност и те како почнува да ми смета...
     
  20. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Дап и дап, се е точно! :D