Рак Причината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот. Точно е.
За Јарец целото е точно. Понекогаш сум премногу лута ама кога ќе ми каже некој нешто смешно едноставно не можам и прснувам во смеа. После пак си сум лута.
Девица Ова е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое. Упаство хахаха Прочитај пред да те утепа стуја хахаха
Девица Подготвени сте да ги истрпите навредите, но нема да простите ако некој не е директен со вас, бидејќи не поднесувате озборувања. Не сакате порази и изненадувања особено на деловно поле и тоа е нешто што може да ве погоди. Не толерирате и не простувате вулгарно, непристојно и недоделкано однесување, тоа е нешто што навистина ве вади од такт. Не сте ситничави, па лутината бргу ви поминува.
Бик Лутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак. Хаха, не знам зошто многу ме насмеа ова со „легнете и правете се дека сте мртви“ Па точно е
Бик Лутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак.
Риби Рибите премногу се плашат од фактот дека личноста на која се лутат и со која се во расправија, ќе изгуби способност за цивилизиран разговор. Тие се несигурни и не сакаат промени. Единствениот начин да спречите премногу да се налутат е постојано да им давате комплименти, да им го потхранувате егото и да направите да бидат свесни дека ги сакате и дека ја контролираат ситуацијата. Леле колку е точно, и кога ке ми го направат ова баш последното се стопам и се заборавам а не треба
Овен За да го смирите овенот, едноставно морате да му дадете на знаење, дека сте чуле сè што рекол и дека ќе сторите сè што е во ваша моќ за тој/таа да биде задоволен, без разлика дали се сложувате со тоа. Треба да го уверите дека има целосна контрола за тоа што ќе се случи, па дури и ако станува збор за заблуда. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата. Oф мори мајко,зошто се родив со овој знак
Се' е точно, посебно задебелениот дел. Такви сме си ние лавовите, дури не го исфрлиме лошото од нас нема прекинување. :geek:
Близнаци Најдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите.