Лоши сме ние шкорпиите, себични-да. Самобендисани-да. Со рак не си одговараме, премногу емотивни, многу лесно се навредуваат.
Зарем лоши сме ние шкорпиите? За себични и самобендисани - не барем според мене, иако влијание има и подзнакот Додека најлоши карактеристики, сега не најлоши, туку лоши, имаат лавовите, бидејки со нив си имам контакти
Секој знак си има свои позитивни и негативни карактеристики, и сите луѓе кои се припадници на еден хороскопски знак имаат различни особености, не се сите особини заеднички. Никој не е совршен.
Зошто вака за јарците? Секој втор пост е за нив. Не така за нас Според мене, од искуствата до сега, најлоши карактеристики имаат овенот и бикот. Не можам да се погодам со нив никако.
Скорпиии. Јас не ги можам. И двата знака сме лоши, самобендисани, слично размислуваме и тоа не на добар начин Стави не во иста просторија и очи ќе си истераме Еве јас сум овен и мојот знак си го ставам во знак со лоши карактеристики Па си знам какви сме, што има да се бламирам
Шо бе овни, срциња луѓе, да ти е мерак да ги следиш и слушаш. И не сме ние криви што сме родени лидери, ни ги кренаа акциите со тоа што сме први во зодијакот! Жалете се кај повисоки инстанци, тра-ла-ла! Инаку јас не можам да поднесам Ваги. Не ми е поимлив тој нив хедонизам по секоја цена, и премногу се искулирани за мој вкус.
И лошото си има добри страни, нели? А за лавовите, 2те браќа ми се лавови, инаетливи колку ти душа сака! (дури ако не се во право).
Аман бе, ние јарците најлоши ли сме? Јас би рекла близнаци - се прават дека знаат се’ и дека само тие се во право,а другите не, лицемерни се, потценуват ги другите. Би ги додала и стрелците. Spoiler Тато е близнаци,мама стрелец, јас јарец, каша-попара. Ич не се поднесувам и со двајцата.
Да бе, што ни фали на нас близнаците... Според мене најлош знак се лавовите. Дигнати, препотентни, сакаат во се да бидат најдобри, во се први. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и се да биде како кажат тие.
Зашо осеќам дека и у банална и тривијална ствар ко хороскоп има препукувања... Инаку, одлично се сложувам со ваги, имаат нешто што не се опишува, не бадијала е единствен знак во зодијакот што не е суштество. Лавови сакам и тоа многу, ретко кој друг знак ми е така достоен за препукување, риби и стрелци, последниве па колку се пријателски настроени чудо едно. Близнаците ми се преемногу нервозни, а нема девица што ја познавам а да не е материјалист тежок. Не сум некој хаце следач на хороскоп, но има некои генерални карактеристики кои се покажале како точни, иначе -не искачајте денес од дома ќе ве мавне клавир- хороскоп нит поштувам нит верувам во истиот.
лавови, т.е тој е знакот со кого јас не можам да бидам во нормална комуникација.. едноставно чим стрелец и лав седнат на иста маса, лошо се пишува
Другарка ми е Овен,Другата е Лав.. Јас сум лав(Подзнак:Вага-многу добро ги балансирам работите).. Одлично се сложуваме со Лавицата.. Но Овцата секогаш сака да е центар на внимание исто колку и Лавицата, па се караме па потоа се смируваме итн. Јарците ми се океј, до сеа 2 имам пријателки што ептен добро ни оди дружбата. Неможам со Стрелец тоа ми е НЕРВОЗА! Вага(маж)+Лав(жена)=ЛОША ЛОША ВРСКА!
Се имам слушнато али како можете да кажете дека биковите се себични или лоши соговорници! Значи знам преку десет бикови и никој не е себичен сите се добри другари и никогаш не ми е досадно со нив! Најдобри пријатели и соговорници се! Еве ја сум бик па претерано многу зборам и им праам муабет на сите! А иначе мене никако муабет не ми иде со водолиите! Со сите други знаци ќе најдам нешто заедничко ама со овие не се трпам!
Да си искулиран на денешницава не е мана според мене, него доблест и вистинска реткост И да, си се сакам кога сум во елемент и сум 100ка искулирана, и мислам дека нема ништо за замерување тука. Си ги сакам вагите со сите недостатоци и вишоци, неодлучни и шармантни со неверојатна смисла за хумор, такви какви што се. Сепак се е индивидуално, постои личност со која сме родени во ист ден, па сме два различни поима. Така да, хороскопот горе долу и нема некое големо влијание врз личноста освен општи карактеристики. Многу поголемо влијание има околината, семејството и домашното воспитување, осознавањето и сите елементи кои ја градат личноста како индивидуа. Единствен знак со кој не сме на иста бранова должина е ракот, не ни цвета комуникација, имам блиска личност рак, а исто и мајка ми, не се разбираме и по долгометражно објаснување. Со јарец си парирам баш поради мојата искулираност и неговата упорност Мислам дека е идеален партнер за мене, а башка јарец сум во подзнак па држи баланс некако. Шкорпиите неможам да ги окарактеризирам како лош знак, једино што ми пречи е што се многу остроумни и остри на јазик. Тешки се, неможат да те засакаат преку ноќ, стабилни и амбициозни, пред се искрени и имаат чисти чувства. Искрено мразат и искрено сакаат.