Јас мислам дека оваа и другата тема за знак со најдобри карактеристики не се соодветни,затоа што според секого ќе биде разлочен знак заради тоа што на пример мене како јарец најмногу ми одговараат бикови и девици ,а на некој му се кошмар,а исто така мислам дека секој знак има свои позитивни и свои негативни карактеристики,така да не може да се издвои еден најдобар и еден најлош
Сметам дека речиси сите што се пишале сте ориентирани според некоја личност од која се иритирате (татко, другарка, другар итн). Хм. Јас не би можела да одвојам еден знак со најлоши карактеристи. Зошто? Затоа што сииите хороскопски знаци имаат лоши карактеристики. Но, и добри исто така. Е сега, работата е тоа тоа кој како го одржува балансот на добрите и лошите карактеристики. Треба да се биде внимателен со лошите. Посветувајте се на добрите, луѓе. Епа... Според мене не постои најлош знак.
леле, како не нападнавте, готово пакувам куферите и бегам Јарците се или ќутливи или мрчатори, или лузери или победници, средно нема . Тоа е лошото во мојов знак, малце тешко ни оди балансирањето Секој знак носи свои позитивни и негативни страни. Досега многумина може ме повредиле ама неможам да издвојам како најлоши затоа што истите има прилики и кога ми помогнале. Се на се мислам дека со никого не ми оди тешко, барем засега.
Не можам да издвојам само еден знак, сите имаме и добри и лоши карактеристики, а лошите зависно од ситуацијата излегуваат на површина. И не се сите исти, големо влијание има и подзнакот. А уште поголемо влијание од хороскопот има и воспитувањето на личноста, околината итн.
Близнаци - Дволични Бик- нивната одлична успешност за водење на двоен живот риби - премногу наивни и чуствителни
Јас близнаците не можам да ги поднесам. Немам добро искуство со ниеден од нив, ниту имам некој пријател во овој знак. Апсолутно никој. Имав еден дечко близнак, ама полоша врска не сум имала. А гледам многу се спомнати биковите, ама мислам дека добрите страни преовладуваат. Имаат лоши страни, ама не би ги сместила тука.
Девици, особен машките...бегам како од чума Ситничари, деталисти, педантни, уредни, ме полудуваат, особено машките пак ќе потенцирам. Близнаците не можам да не ги сакам и татко ми е и две најдобри другарки, ама си се така дволични и хај-хуј Ама се навикнав на нив.Скорпиите исто се специфични, ама ми се интересни како знак.
Oвен! Верувале или не,јас во мојот живот не можам никако да поднесам овни.Немам ниту другарки ниту другари овни,со сите такви или се испокарав или едноставно се оддалечив од нив.Ама стварно ги неќам бе луѓе,најсебнични,нарциси,центар пажња,тврдоглави,неподносливи! Бегам подалеку од нив,мноогу подалеку
аиииииииииии викаш? Ние сме така...И само за безвеза се расправаме,нз шо ќе биди од нас.... Овие близнаците шо се со две лица,еднаш кажат едно,по 2 мин друго,абе УПМ! Незнајш кога се зафркаваат,кога се сериозни! А со другите се разбирам...Е да,и мојот си го мразам понекогаш
Е се согласувам со Saya Што не нападнавте сите овни хахаха мислам сите се различни не значи дека сите овни се исти
Јарците и Биковите како да водат Нормално дека сите се ориентираме според некои личности што ги знаеме, ама сепак има нешто штом највеќе се озлогласени овие знаци, и неколку други патем
Зашто бе јарците да водат? Не сме толку лоши...... Инаку, јас лично најмалку разбирање имам со риба и рак. Некако премногу емотивни и осетливи се, па не можам баш да се снајдам со нив.
Јас сум Близнак...и ич ама ич не стојам добро со машки/женски Бикови неможам да ги смислам и Јарците ме нервираат