Од кога знам за себе, не ми одела комуникација со близнаци. Премногу се.. хм, различни од мене и никако не ми одговара нивниот карактер. Ова само од искуство, не зборам општо.
Јарец - посамобендисани и потврдоглави мислам дека нема. Инаку за ова тешкое да се определи. На пример Стрелците се прекрасни пријатели, ама пробај да бидеш со Стрелец во врска додека те засака Господ ке го видиш трпејки ги неговите авантури.
Бев во врска со стрелец и ми беше премн чуден бидејќи нема ниту една карактеристика од стрелциве.. За авантури,секогаш јас бев таа што инсистираше за нешто такво А за засакувањето, јас сум јарец, па беше обратно..мене ми требаше долго време дури да го засакам Иначе,според мене,знак со најлоши карактеристики ми се Водолиите!
Риби и Близнаци дефинитли .... А првпат гледам некој да има толку лоши коментари за биковите и јарците ... Јас сум бик опкружен со јарци , ракови , овни и стрелци .. за нас како што би кажала Мерлинка
Лав! Толку се нарцисоидни, самобендисани и не можам никако да ја сфатам таа нивна потреба да бидат во центар на внимание, да се истакнат... Секогаш се они најбитни, на прво место, нивниот избор и вкус е најдобар, или ќе биде по нивно или нема да биде. Е сега зависи дали ќе наидете на вистински лав или на маче...
Не се разбирам многу во хороскоп,ама ете од моите најблиски ,тврдам дека Овните се многуууу тврдоглави и инаетливи.По нивно ќе биде и точка.Ама затоа се многу интелигентни,вредни и паметни Сестра ми ете е ДЕвица-и не ми оди ама многу е избувлива.А инат-што да ви кажувам. Најлош не можам да изберам,ама ако морам нека биде Бикот 2,3 Другарки бивши, кои се во овој хороскопски знак,испаднаа спонзоруши,ги извараа дечковците и зедоа постари и богати.А башка и што се дигнати А за мене ,Близнак што ќе кажете
За мојот знак само најдобро Затоа моето мислење не би било за темава, ама ќе се потрудам да издвојам некои негативни карактеристики. Близнаците, од аспект на самите себе, се многу наивни, веруваат премногу на луѓето, бидејќи очекуваат добронамерноста и искреноста во иста мера да им биде возвратена, па затоа неретко остануваат повредени и разочарани и се повлекуваат во себе. Премногу се искрени, што може да се смета и за маана, мислејќи дека луѓето ќе ја ценат нивната искреност, ги повредуваат. Познати се по променливото расположение и често ги сметаат за дволични, веројатно затоа што брзо менуваат мислење. Избувнуваат за ситници, не можат ништо да чуваат во себе, па не мислат на последиците. Нивниот мозок е постојано активен, смислуваат најразлични сценарија во обид да го предвидат она што може да им се случи, непотребно комплицирајќи ги работите. Најслаба страна им се психата и нервите. Навистина е тешко да се биде близнак, затоа ги спомнав лошите карактеристики од мој аспект, другите можат да прокоментираат од страна како гледаат на нас. Ко што можев да прочитам, немаат баш пофални зборови
Девица-злопамтила, Лав-инаетчии,премногу горделиви,центар пажња, Риби-дволични, бесчуствителни, А за јарците како претставник на јарец многу Неодговорни као прво,лош карактер,тврдоглави,избувливи.. ама најубаво ми е со јарец барем се знаеме какви сме инаку со другите тешко моабет да се напраи. а како најмили се стрелците (подзнак сум) али некогаш и премногу се мили и понекогаш ме иритира.
Се препознав ама баш во се,од збор до збор Колку вистинито не опиша,алал да ти е,ама само за негативните страни за позитивните цела Фемина нема да ни стигне
Не џабе го следев нарцисоидниот д-р Зоран Крстевски, ќе ме селеа од дома колку многу замарав со неговите емисии, ама битно научив нешто од него. За позитивните страни на близнаците нема ни да зборам, гледам некако сите се критички настроени кон нас....а баш сме фини