Со тек на време ќе сфатиш дека да си лав со себе носи многу предности. За околината не чините, но секогаш се ставате на прво место и така успевате низ животот. Позитивни сте, мислам дека најлесно од сите знаци поминувате низ сите препреки, многу брзо се исправувате по поразот и не дозволувате никој да дознае дека нешто лошо се случува со вас. Можеби сте најистрајниот знак во хороскопот,така да од свој аспект, и покрај тоа со гордоста, треба да се гордееш со својот знак
Истото го приметив и јас кај Биковите бидејќи ја имав таа судбина да се дружам со луѓе типичен преставник на знаков и се многу големи материјалисти, ептен ги привлекува богаство и се гледаат низ призмата на парите, а понижувачки гледаат на тие што се скромни и кичот им е заштитен знак (секоја чест на исклучоците ), многу се нарцисоидни; секогаш се тие најпаметни, највредни, нивното е најубаво, а тие се посебни, исто така доста го спомнуваат тоа нивно его поготово кога им е повредено, како да си ги ранил право во срце и главната нивна карактеристика - посесивноста и љубомората, не поднесуваат некој подобар од нив да е. И за лавовите е точно дека бараат внимание каде и да се, тоа нешто неверојатно, мислиш ќе лазат по земја за внимание и да секогаш се тие најпрви во се, напредни итн. Како што кажа една феминка погоре секој е случај за себе, секој со свој карактер, но ете го моето искуство со Бикови и Лавови.
Дефинитивни близнаци!!!!!!! Значи како само е докажано дека сите се дволични (зборувам за мене и моите искуства), ма не дволични,тролични,со милион лица се тие. Значи нема една само една личност што ја познавам- близнак во хороскоп да не е дволична и лицемерна, сите се покажаа како такви. А и раковите не ги сакам. Толку се емотивни што дури се и лигави неможам, не поднесувам јас такви луѓе. Имаат добри страни да, но сепак ги ставам во знаци што не ги сакам. А да не зборам колку се нежни и секоја ситница веднаш ги вреѓа. Јас сум рак во подзнак.....и за жал мислам дека подзнакот почнал да има влијание врз мене
Тогаш ќе мора да ме запознаеш мене!Зошто јас иако сум Близнак,никогаш не научив да правам лице и да сум дволична.Научив дека така се успева во животот но не можам да го сторам тоа,едноставно нити знам ниту ми оди.Да ласкам некому и да лижам г'*.
Јас па баш мислам дека близнаците се едни од поискрените знаци, кои не се заинтересирани многу многу за лижење г'з само за да дојдат до некоја цел. Можеби само прерано формираме мислење за некои луѓе, а подоцна кога ќе дојдеме до поголем број информации уште полесно го менуваме, зашто сме спремни да го сфатиме секој жив човек и да го оправдаме. Мислам дека токму поради честото менување на мислењето, околината не карактеризира како дволични...
Лавовите. Не можам да ги поднесам,крвните клетки ми пукаат кога сум во друштво со нив,а често сум,имам и еден таков дома. Толку се самобендисани,се знаат тие, не можат и не сакаат да прифатат збор или критика или предлог од некој друг. Тие што ќе кажат,тоа да е.
Раковите Не можам да ја сватам нивната потреба да бидам сожалувани од сите ( со тоа ми создаваат чувство дека сакаат да бидат центар пажња),никогаш не се задоволни со ништо во животот преемотивни се (за секој кажан збор или ситница одма почнуваат да плачат),дволични се (пред тебе едно позади тебе друго),често менуваат мислења и ставови (денес едно утре друго),сакаат да ги критикуваат другите а ако ти почнеш нив да ги критикуваш одма се љутат,они све знаат они се најпаметни. Парите за нив се најбитни нивното мото е ако имаш пари имаш се,толку се штедливи што понекогаш забораваат да уживаат во животот секогаш гледаат многу понапред во иднината (размислуваат што ќе се случи за 50 год унапред). Често менуваат расположение 5 мин се среќни 10 мин тажни (а да ги прашаш зашто се такви нема да знаат да ти одговорат). И големи трачари се за сите по нешто знаат,и не знаат да чуваат тајни (многу често несакај ги можат да те издадат).
Потполно се согласувам, толку треба да пазиш тоа што ќе го кажеш да не ги повреди, па немој ни случајно да си им ја закачил гордоста. Мислам како се замислуваш кога тие се над сите, не се ко нас обичните смртници.
Бик. Ако некоја личност ме иритира без причина, значи се си е ок, а сепак ме иритира значи дека е бик. Од далеку ги мирисам. Неколку пати ми се има ова случено.
Стрелците скоро никој нема ги спомнено јееј Фини луге сме ние Инаку мене ме нервираат шкорпиите и јарците.