Леле гледам премногу негативни коментари за близнаците. Навистина не знам од каде дволичноста како ударна карактеристика за близнаците,ама еве по мене (и не ги фалам затоа што сум близнак),но во ни еден момент од животот не сум знаела да бидам дволична. Напротив-многу ја мразам таа особина. Знам дека баш со дволичноста се успева во животот,но јас не знам и не знам да бидам дволична. Колку и да му се восхитувам на човек,и најубаво мислење да имам за него,пак не знам да пукам насекаде со убави зборови за него. Јас би рекла дека наивноста е една од поважните карактеристики за овој знак. Премногу им веруваме на луѓето,па потоа кога ќе ја сватиме ситуацијата,односно смениме мислење може од страна изгледаме како дволични (како што и пишала една форумџика).
Врти, сучи и заклучи дека сепак сите сме лоши Едни повеќе, други помалку, од нас зависи како ќе процениме.
Стварно не знам што имате против близнаците сите... Како поединец, секој човек е различен, без разлика на ова астролошко толкување. Мислам, од сите знаци ќе се најдат некои што ги познавате со лоши карактеристики. Гарант! Е сега, не значи дека некој е китка за мирисање, ама побогу, од гомце подоле не’ направивте. Јас мислам дека најголема маана ни’ е тоа што слепо им веруваме на луѓето. Добро, јас си зборувам од мој аспект на гледање на работите. Има личност што е исто близнаци, абе ни око не и’ трепнува, стално гледа да те искористи и да те шутне, не верува никому, само клима со главата... Затоа, од сите хороскопски знаци би имало претставник со најлоши карактеристики! Не дека не си читкам хороскоп, ама мислам дека темава е премногу! Како што веќе реков, не можете на еден човек да му судите според хороскопскиот знак!
^Ако ТИ не ги поднесуваш, не значи дека е знак со најлоши карактеристики. Секој поединец различно си има зацртано што за него важи најлоша карактеристика. И ако познавате неколку луѓе кои по чиста случајност се еден исти хороскопски знак, а истовремено познавате само една личност од различен знак, која е со предобри карактеристики - фина, мила, чувар на тајни, лојален пријател, не мора да значи дека сите кои го носат нејзиниот знак се такви. На пример, сите скорпии кои ги познавам се нервозни. Нормално, во лоша смисла, но, тоа не ги прави најлоши. А ние близнаците можеби сме „дволични“ , во таа смисла што брзо го мениме мислењето, како што кажа Лук. До душа, јас искрено и не сум баш таква, кога сакам нешто - цврсто го сакам и тешко се разубедувам, но не негирам дека понекогаш ги менам потполно мислењата. Еве на пример, една другарка која толку ја сакав, сега за неа го мислам токму обратното - дека не е воопшто добра како што има обичај да се претставува. Но, тоа не значи дека сите кои се со истиот хороскопски знак се исти.
Мислам дека за нас близнаците погрешно се сфаќа кога не поврзуваат со зборот дволичност. Јас како претставник на овој знак можам да кажам дека ако под дволичност се подразбира глумење на некој, мене тоа не ми е од јаките особини, дури мразам кога сум ставена во позиција да морам тоа да го направам ( некогаш животот ни носи и такви ситуации) а не па сама да го избирам тоа.. Наша најголема маана е што сме непостојани, бргу го менуваме мислењето, бргу го губам интересот за нешто, а сум дволична не, туку тролична и повеќе во смисла некој ме познава како лудо девојче, некој како одговорна мајка , сакам да се менувам , во мене имам и девојче, и домаќинка,и љубовница. и најверна, и најлуда,најбесна, сакам да го менувам така и стилот, па сеа која личност ќе ја разбудиш кај мене таа ќе ја доживееш..... .. А најдволичните личности кои ги познавам не се во овој знак.. Инаку јас потешко ми иде со биковите премногу се тврдоглави и кога е очигледно дека не се во право тие сеуште се расправаат и идат против фактите .
Ќе се самоцитирам и ќе додадам, не ја полнете темава со Офтопици, убаво е кажано во воведот, секој си кажува кој е најлош знак според него, според луѓето кои ги познава. Темава не е за препирање зошто овј знак зошто оној и да се објаснуваме какви сме ние. И побогу, не ја сфаќајте темава премногу сериозно, ако не сте приметиле ставена е во категорија Забава, значи служи за забава само, не дека хороскопов е од животна важност. Чил аут малку.
Лично според мене раковите ми се оние знаци кои имаат најлоши карактеристики... Шмизлерај, преправање, глумење лудило, чуствителни и лицемерни до бескрај, .. Ова е по оние ракови кои јас сум ги запознала до сега.. Ноу офенс...
Па што знам некако не ми се по ќејф лавовите и јарците на моменти,поради тоа што се убедени во своите ставови и не прифаќаат туѓо мислење никако,барем тие јас што ги познавам не ми е баш пријатно кога сум во нивно друштво...
Верувам во хороскоп,ама сепак се зависи до самиот човек не сите луѓе родени во ист знак ги имаат сите карактеристики.Јас сум Девица и искрено многу сум прилагодлива и обично со сите можам да најдам заеднички јазик.Но сум приметила дека обично Јарците се најчудни,тврдоглави,своеглави, и премногу горди.НЕ сите ама 80% сигурно.Тоа не значи дека ги мразам само не се по мој вкус.
За најлош знак не сум одлучила, ама високо котираат на листата кај мене овие 1. Близнаци Ох, кој хорор е една шкорпија да е опкружена од 3ца близнаци. Подволични суштества непостојат! Лицемери, егоисти, секогаш се редат себеси и своите интереси на прво место. Матријалисти, или неверојатно многу и брзо трошат се што имаат или пак штедат ама пак накрај трошат за себе се што имаат. Правдата барај ја секаде само не кај нив! Абе стварно хорори сум доживеала 2. Бик Иако имаат многу добри особини (за дел им восхитувам) понекогаш лошите карактеристики ги редат во сенка за миг добрите. Потврдоглави суштества од нив не постојат! Инаетџии кои стварно веруваат дека тие се секогаш во право, дека се најпаметни во цел универзум и дури кога за некое тврдење си сигурен и си стоиш на твоето мислење тие со сите сили ќе се трудат да те убедат дека не си во право и крај. За нив не постои конкуренција. Често се нарцизоидни и доста љубоморни. Матријалисти вкрај. Се гледаат во пари, дури и потенцијалната девојка би ја гледале како добар плен само со претходна добра проценка и анализа на нејзината матријална состојба. ...Маки си мачам со биков мој дома, колку што е мил и добар, војни водиме често за горенаведениве работи. Спротивни сме вкрај... Има по некоја лоша карактеристика и кај други знаци, ама ништо екстремно. За нас шкорпиите ќе кажам дека сме доста остри на јазик па зато често не сметаат за лоши, а всушност сме добри на душа и тоа ни е еден вид одбранбен механизам. Ретко сурови, кога е потребно. Понекогаш претерано мистериозни. Според мене најлоша наша карактеристика е одмаздољубивоста и хедонизмот (јас барем сум голем хедонист). Имам запознаено повеќе шкорпии и скоро кај сите варираат особините, ама во глобала се остри на изглед и карактер, делумно делуваат одбивно. Ама по подобро запознавање-интересни, несекојдневни и проникливи.
Јас ама ичичичич не ги сакам ДЕВИЦИТЕ. Со таа нивна педантност ми ја нарушуваат Гибсовата енергија, нон стоп нешто мрчат и подредуваат, не прифакаат извини и они секад се у право. Просто ми ја нарушуваат животната хармонија П.С. Знам дека сите девици на фемина се исклучок, вие не сте вакви
Исто так ме нервираат и лавовите. Толку само си мислат дека се најдобри,дека се најпаметни,дека сее.... незнам што. во се сакаат да се први и да се истакнат како најдобри. јас имам еден другар кој е лав. не велам дека не е добар. Да тој е другар и знае да те насмее ама пак кога се работи за нешто како за испитување за одговарање тој во се сака да е прв ќе те притицува,попрв ќе каже, ќе те поправува на секои пет минути и ред други работи што ме нервираат. Освен тоа и премногу се ценат. Колку се ценат тоа е нешто неверојатно. пред некое време имавме да напишеме состав по македонски за нас кави се замислуваме и незнам што. Леле тој кога почна да читаа,се запрепастив. во секои две реченици имаше "легендарен". јас "легендарниот" човек на светот, со "легендарен" изглед, "легенедарен" ова "легендарен " она.Понекогаш од што се замислуваат толку може и да полудат. Абе алоо. 14 годишно дете да го пишува ова. хелоуу??
не би сакала да генерализирам, затоа што за однесувањето на еден човек не е во најголема мера заслужен хороскопскиот знак. Дури и да има значење би рекла дека тука имаат влијание и подзнаци, разни планети во различни полиња, животно искуство бла бла.. Лично јас знам 3ца пријатели родени на ист датум (и иста година) со тотално различни карактери. Ама еве ако генерализирам, би рекла близнаците кои како хороскопски знак се претставени како лицемерни и непостојани и шкорпиите како екстремно злобни личности. Ете така.
Не знам зошто воопшто ми текнало да генерализирам, според хороскопски знак, и не знам каде ми бил паметот ноќта ова кога сум го пишувала. Ми текна на исклучок и тоа не на еден туку на двајца (пак не ги бива за дечко , ама се на се ок се) што ме врати на она што си го мислев отсекогаш до пред некое време дека хороскопот си нема врска. Уствари има затоа што некои луѓе од многу верување се препознаваат во општите карактеристики на својот знак (а ако земеш така, во секој знак можеш да се препознаеш) и несвесно почнуваат помалку и така да се однесуваат и се убедуваат себеси дека е така. Изгледа сум наседнала (т.е моментално сум го изгубила умот ) затоа што случајно се погодило неколку луѓе што ме иритирале да бидат риби, а луѓе кон кои осеќам привлечност и симпатии да бидат воздушни знаци. Ете така, близнакот во мене се смири, конечен став. Се зезам, нема никаква логика ова да влијае некако, точка. Мислам дека човек се убедува во она во кое сака да верува.
За најлош знак не сум одлучила, ама високо котираат на листата кај мене овие 1. Близнаци Ох, кој хорор е една шкорпија да е опкружена од 3ца близнаци. Подволични суштества непостојат! Лицемери, егоисти, секогаш се редат себеси и своите интереси на прво место. Матријалисти, или неверојатно многу и брзо трошат се што имаат или пак штедат ама пак накрај трошат за себе се што имаат. Правдата барај ја секаде само не кај нив! Абе стварно хорори сум доживеала 2. Бик Иако имаат многу добри особини (за дел им восхитувам) понекогаш лошите карактеристики ги редат во сенка за миг добрите. Потврдоглави суштества од нив не постојат! Инаетџии кои стварно веруваат дека тие се секогаш во право, дека се најпаметни во цел универзум и дури кога за некое тврдење си сигурен и си стоиш на твоето мислење тие со сите сили ќе се трудат да те убедат дека не си во право и крај. За нив не постои конкуренција. Често се нарцизоидни и доста љубоморни. Матријалисти вкрај. Се гледаат во пари, дури и потенцијалната девојка би ја гледале како добар плен само со претходна добра проценка и анализа на нејзината матријална состојба. ...Маки си мачам со биков мој дома, колку што е мил и добар, војни водиме често за горенаведениве работи. Спротивни сме вкрај... Има по некоја лоша карактеристика и кај други знаци, ама ништо екстремно. За нас шкорпиите ќе кажам дека сме доста остри на јазик па зато често не сметаат за лоши, а всушност сме добри на душа и тоа ни е еден вид одбранбен механизам. Ретко сурови, кога е потребно. Понекогаш претерано мистериозни. Според мене најлоша наша карактеристика е одмаздољубивоста и хедонизмот (јас барем сум голем хедонист). Имам запознаено повеќе шкорпии и скоро кај сите варираат особините, ама во глобала се остри на изглед и карактер, делумно делуваат одбивно. Ама по подобро запознавање-интересни, несекојдневни и проникливи. Се сложувам со тебе и јас сум шкорпија, единствеана мана е остриот јазик и осветољубивоста и затоа не ставаат во категорија лоши која секако е причината од некоја голема повреда на чуствата или нелојалност ,ама поискрени , поправедни од нас нема , а да не зборувам за оговарање и дволичност не е во стилот на интелигентните шкорпии , А дефинитивно ни од далеку не поднесувам лав , бик а и рибите и вагите ми се доста дволични
Риба и тоа само девојките во овој знак. Момчињата ми се сосем ок, ама со женско суштество во овој знак секогаш имаме различни мислења. Мислењата не ни се на иста бранова должина. Девојките некако ми се користољубиви, си се дружел 6-7 години и потоа веднаш прекинува секаква врска со тебе и те гледа ко стара крпа. Себични се, ненормално смеење се карактеризираат, секогаш сакаат да те „ наместат“ во некоја работа за да заглавиш. Многу арогантни се, „здраво“ не велат, за нив волшебен збор е овој. Кога нешто им треба веднаш „ светици “ се прават и буквално забораваат на се. Материјалисти се и слаба точка им се парите. Сакаат да се во центарот на друштвото и подлажнуваат по малце. Три девојки познавам „ асолно“ и сите ги карактеризира ова. Макар не значи за сите во овој знак
се согласувам за рибите,посебно девојките.........а не се само користољубиви туку и дволични,а и те како сакат да бидат во центар на внимание......