1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскопски знак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од inn, 3 февруари 2010.

  1. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    Колку влијае хороскопскиот знак меѓу два партнери???
    или колку ви влијае вас хороскопскиот знак во зивотот општо?
    за работа,факултет,кон партнерот,со семејството???
    и дали сте зависни од секојдневно читање на хороскоп
    бидејки јас секојдневно цитам во различни весници,списанија, сајтови...и слично
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Добро има влијание,а колку незнам,но хороскопот ти ги кажува твоите карактеристики,или пак ти насочува,како би требало да се однесуваш,или како да постапиш во одредени ситуации.Сега нешто ке ти се погоди,а нешто не,затоа што тоа што го пишува во списанија,весници или пак на интернет,е секогаш различно,но во глобала исто,зависи кој хороскопски знак си,а и незначи дека тоа што го пишува е наменето,како за тебе лично,тоа е општо.Кај мене незнам,не сум приметила,ама други приметиле,обично за шкорпијата се вели дека е тврдоглава,инаетлива,па тоа ми се има потврдено,а за факултет,работа и друго незнам.
     
  3. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    Да па баш така,другите ме приметуваат од страна повеке него што јас се приметувам, инаку сум зависна од читање хороскоп секојдневно и понекогаш ми смета тоа, скоро се што пишува се ми се и остварува(99%)
    мозеби премногу се оптоварувам со тоа, и веројатно ке го сменам некогаш :lol:
    исто така и за подзнак и се слично поврзано со астрологијата :!:
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    20% влијае хороскопот мегу два партнера.95% влијае во мојот живот.95%за работа,факултет,кон партнерот,со семејството.Да да да да да и тоа голем зависник
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Мислам дека хороскопот е само дел од нас,всушност некои наши карактеристики,позитивни и негативни страни...е сега колку ние тие карактеристики,негативни и позитивни страни ги контролираме,изразуваме е сосема друга работа.
    Па потоа нашиот партнер и неговиот однос...голема филозофија е ова.


    Инаку последно нешто што прочитав е ова:

    Не им верувај никогаш на 3 личности: Овен, Стрелец, Риба. Тие се себични.

    Немој да изгубиш никогаш 3 личности: Бик, Рак, Јарец.Тие се искрени и знаат да сакаат.

    Не дозволувај никогаш 3 личности да те напуштат: Девица, Вага, Скорпија. Тиее знаат да чуваат тајни и да ти помогнат.

    Немој да изневериш 3 личности никогаш: Лав, Близнаци, Водолија. Тие се вистински пријатели.
     
    На MarchelineAmaru, sweet25 и Sara123 им се допаѓа ова.
  6. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Која е животната филозофија на секој хороскопски знак?

    Овен: „Јас сум.“
    Од овенот го добивате токму она што и го очекувате од него. Неговите постапки се искрени, вистинити и тој поседува дарба да биде целосно присутен и посветен на секој миг од неговиот живот.

    Бик: „Јас имам.“
    Бикот го цени сето она што го има во животот: луѓето, искуствата, материјалните работи и себеси. Тој ги цени сите овие нешта многу длабоко и си ги чува блиску до срцето.

    Близнаци: „Јас мислам.“
    Овој хороскопски знак има жед за информации и силен, активен ум во кој постојано нешто се случува. За близнаците, човечките мисли претставуваат најголемата вредност во животот.

    Рак: „Јас чувствувам.“
    За ракот, животот претставува една целина од емоции, бидејќи тој има тенденција да гледа на сѐ, низ емоционални „очила“. Тој ги цени и вреднува човечките емоции повеќе од сѐ друго во животот и ги охрабрува и другите луѓе да го сторат истото.

    Лав: „Јас можам.“
    Моќта на волјата кај лавот е ненадминлива, а неговата внатрешна сила – незапирлива. Не постои сомнеж дека лавот ќе го исполни сето она коешто го наумил.

    Девица: „Јас анализирам.“
    Девицата има бистра свест за сето она коешто се случува околу неа и уникатна способност да ги подреди сите комплексни ситуации и да ја изнајде смислата, на онаа луда работа којашто се нарекува живот.

    Вага: „Јас балансирам.“
    Вагата поседува талент да создаде рамнотежа во својот и во животот на луѓето околу неа. Нејзината мирољубива природа ѝ овозможува да внесе чувство на хармонија секаде каде што е присутна.

    Скорпија: „Јас посакувам.“
    Желбите кај скорпијата се длабоко сраснати и многу интензивни. Кога скорпијата силно посакува нешто со сето свое срце, таа нема да се смири додека не го спроведе тоа до крај и го претвори во реалност.

    Стрелец: „Јас гледам.“
    Стрелецот е оптимистичен и има отворен ум, што му овозможува да го гледа светот низ широка перспектива. Неговата умствена неограниченост е уникатна и освежувачка за луѓето околу него.

    Јарец: „Јас користам.“
    Јарецот умее да ги искористи сите ресурси со кои располага, повеќе од кој било друг хороскопски знак. Тој дефинитивно ќе ги оствари сите цели кои наумил да ги реализира.

    Водолија: „Јас знам.“
    Бистриот и неограничен ум на водолијата ѝ овозможува лесно да акумулира информации и едноставно да им пристапува на сите животни ситуации. Како социјално битие, водолијата сфаќа дека нејзините познавања добиваат најголема вредност, кога ќе ги сподели со останатите луѓе.

    Риби: „Јас верувам.“
    Како вечен мечтател, рибата секогаш првенствено ѝ верува на сопствената интуиција и се дефинира себеси врз основа на нејзиниот внатрешен свет. Нејзините верувања, идеали и емоции се тие, кое ја водат рибата низ животот.
     
    На Sara123 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  7. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Мислам дека не ми влијае многу, но сум приметила дека луѓето со кои повеќе се зближувам и ми иде повеќе дружбата, ми се врткаат во едни исти знаци. :?:
    Во дневен хороскоп не верувам, зашто не може и мене , и на другарка ми и на ќерка ми да ни се погоди.
    Ама го читам, мн пати ми се погодило точно, по некоја случајност, хороскопот во вест.
    И нормално, кога ми одговара го читам уште еднаш, :lol: а ако не ми се допаѓа напишаното се потсетувам дека не може на сите да им биде точно, и го заборавам. :D
     
  8. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118

    .......некако супер комбинација тука на збор....е па ќе видиме понатаму што ќе се случи.... :hai:
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Моето мото било Јас балансирам.
    И балансирам ,но повеќе ми одговара она за Овенот Јас сум.
    Тоа ми е најважно ,што сум ,до каде сум стигнала со мојата психофизичка еволуција.Искрена сум ,повеќе давам отколку што добивам ,претчувствата никогаш не ме лажат околу тоа кому и колку треба да се отворам и помогнам.
     
  10. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    1. Мислам дека доста влијае..
    2. А во животот влијае премногу.. Бидејќи и да не сме такви како хороскопскиот знак ние потсвесно се споредуваме со особините на знакот, ако ме разбираш..
    3.За се си влијае..
    4. Не баш, ако некаде сретнам , ќе прочитам, а не губам време и пари по хороскоп :|
     
  11. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Еротски астролошки портрети

    Овен
    Жена: Овенот многу полесно комуницира преку зборови отколку преку чувства. Своето културно држење го пренесува и во спалната соба, иако во романтично опкружување никогаш нема да доживее потполно задоволство. На едно несвесно ниво, таа посакува погруб секс, но секогаш привлекува деликатни партнери кои никогаш нема да ја усреќат потполно.
    Совет: Поработете на спонтаноста.
    Маж: Мажот роден во знакот овен е вистински војник во љубовта. Живее за да освојува, а не за да сака. Најдобро се чувствува покрај несигурни жени. Ужива да ја ослободува својата партнерка од сопствените комплекси.
    Совет: Бидете верни на жената со која живеете.

    Бик
    Жена: За женските бикови сексот е како гозба; трае долго, ужива во секоја негова фаза пополека, возбудувањето може да трае и неколку дена. Таа бира кому ќе му ги открие своите страсти. Према останатите е ладна, па дури и сурова.
    Совет: Бидете помалку „надуени“.
    Маж: Мажот бик цврсто верува во сопственото машко достоинство. Не се докажува со доминантност, моќ и агресија. Ретко се вљубува, но во секој контакт го дава својот максимум. Никогаш зад себе не остава несреќна жена.
    Совет: Останете какви што сте.

    Близнаци
    Жена: Ненаситната глад за потврда на нејзината женственост, ја тера жената близнак постојано да менува партнери, а очајничката потрага по среќа може да ја уништи. Доколку го пронајде својот идеален партнер, таа ќе биде среќна.
    Совет: Зајакнете ја самодовербата.
    Маж: Мажите родени во знакот близнаци, во сексот многу брзо и лесно достигнуваат задоволство. За него секс во кој се губи разумот е непознат поим. Не е склон на изневерување, а е посветен и добар домаќин.
    Совет: Одречете се од илузиите.

    Рак
    Жена: Ерогените зони се нејзините гради, долниот дел од грбот и тилот. Машките неретко ги третира како предмети, во кревет е агресивна, лесно се возбудува и обожува да води.
    Совет: Одречете се од перфекционизмот, ќе бидете многу посреќни.
    Маж: Машките ракови сметаат дека жените мораат да го заслужат нивното внимание. Кај партнерките знаат да предизвикаат чувство на немоќ, бидејќи јасно им оставаат до знаење дека никогаш нема да можат да го освојат.
    Совет: Немојте да бидете толку арогантни.

    Лав
    Жена: Клучот на нејзината индивидуалност се наоѓа во диспропорцијата помеѓу сексуалноста која ја чувствува и онаа која ја покажува. На нејзината суета ѝ годи машко внимание, а играта на заведување може да биде доста интересна, иако таа не ја пронаоѓа логиката во тоа. Таа не чувствува некои страсни желби, но обожава секс и лесно може да се почувствува задоволно.
    Совет: Оживејте го контактот со телото.
    Маж: Потребата за надворешна афирмација е главна карактеристика на мажот роден во знакот лав. Обожава да освојува што поголем број партнерки, да доживее што повеќе оргазми, но истото да ѝ го овозможи и на својата партнерка.
    Совет: Совладајте ја суетата.

    Девица
    Жена: Жената-девица му припаѓа само на еден маж и способна е во себе да ги собере улогите на љубовница, мајка и домаќинка. Обожава секс, а емоциите никогаш не ѝ се спротивни на разумот. Изневерувањето не го разбира и го осудува.
    Совет: Не ви треба совет, совршени сте.
    Маж: Мажот-девица во раната младост е склон кон платонско заљубување и дури во 40-тите години го открива раскошот на сексот.
    Совет: Не жалете за изгубеното време.

    Вага
    Жена: Жената-вага е жртва на контрадикторни сили. Таа е многу сензуална, силно ужива во телесните страсти, но разумот ја спречува да се препушти до крај. Нејзиното супер его не одобрува толку многу хедонизам. Понекогаш е срамежлива.
    Совет: Опуштете се.
    Маж: Никој друг, како машката вага, нема толку големи сексуални потенцијали, а толку мали реални шанси истите да ги реализира.
    Совет: Повеќе почитувајте ги жените.


    Скорпија
    Жена: Секогаш е верна самата на себе, независна е од етичките и друштвените норми и лесно ги задоволува своите сексуални апетити. Сексот за неа има статус на култ. Таа е еротски виртуоз.
    Совет: И да има совет, не би го послушале.
    Маж: Со својот силен сексуален темперамент, мажот роден во знакот скорпија не се плаши од импотенција, туку од доминантни жени.
    Совет: Зголемете ја самодовербата.

    Стрелец
    Жена: Женските стрелци се полни со животни радости. Поседуваат голема сексуална моќ и многу бујна еротска фантазија. Тие се верни, иако поради комуникативноста и љубопитноста можат да постанат жртва на искушението. Сексот за нив е спектакл, а го сакаат исто колку и скорпиите.
    Совет: Оберете партнер кој може да ви парира.
    Маж: Хедонист по природа, обожава добра храна, музика, друштво. Најмногу од сè на светот, сака жени. Како љубовник е најдобар на свет, но како маж најлош. Во кревет е ненаситен.
    Совет: Внимателно со туѓите чувства.

    Јарец
    Жена: Женските јарци не умеат да го издвојат сексот од љубовта и спијат само со мажите во кои се заљубени. Во сексот достигнуваат едно ниво на уживање, кое повеќето луѓе не можат ни да го замислат.
    Совет: Научете да управувате со вашите чувства.
    Маж: Јарците во животот најмногу ги ценат телесните задоволства. Кога ќе се поврзат емотивно за некоја жена, за нив друга не постои.
    Совет: Живејте во склад со себеси.

    Водолија
    Жена: Женските водолии сексот во брак го доживуваат како ритуал, и токму поради тоа, тој е неодделив од ноќта и од спалната соба. Од неа нема да добиете секс на подот, во лифт или во када. Таа се мие, облекува, намирисува и легнува во креветот во кој ја чека нејзиниот маж.
    Совет: Отворете се за експерименти.
    Маж: Сексот го смета за грешка од младоста, која се надминува со растењето. Смислата ја пронаоѓа во работата, грижата за куќата, децата и сигурноста. Не е чудно ако покрај себе има незадоволна жена.
    Совет: Отворете ги очите! Живнете малку…

    Риби
    Жена: Женските риби се делат на два типа. Првите ги карактеризира благ темперамент и способност за градење стабилни, среќни и долги врски. Вториот тип ја привлекуваат страсни необични мажи. Меѓутоа, стравот ги спречува да се опуштат.
    Совет: Победете ги инхибициите.
    Маж: Машките риби им овозможуваат на своите љубовници моменти на незаборавна страст. Жените ги обожаваат и не ги забораваат, но во душата сепак тие се осамени. Тоа е така бидејќи тие се многу интровертни.
    Совет: Дозволете им на другите да ви пријдат.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Ми е допаѓа еротскиов хороскоп ма да неверувам многу. ;)
     
  13. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Снежен хороскоп

    Овен
    Бидејќи сака акција, кога паѓа снег нема да дреме пред компјутер и да пишува статуси на Фејсбук од типот – „Паѓа снег“ и „Ова е погледот од мојот прозор“, туку на првиот снег ќе излезе надвор и ќе ужива во мавање со снежни топки. Овенот ужива во животот, независно од временските услови.

    Бик
    Бикот е хедониста, но само кога е на топло и сигурно. Во снегот ужива само покрај камин, топло чоколадо и филм. Не се обидувајте да го изнесете надвор, џабе ќе губите време.

    Близнаци
    Близнаците се прилагодливи – подеднакво уживаат и во сончање и во снег. Нема први да иницираат романтична прошетка и уживање во снежната магија, но секако ќе ја прифатат вашата покана.

    Рак
    Ужива во фамилијарните дружби на снег. Овој емотивец го обожава зимскиот период кој го прави среќен и исполнет.

    Лав
    Уште од септември прави планови за скијање. Ужива во фенси дестинации, скијање и бордање. Сака да се докажува и натпреварува, па ова годишно време ќе го искористи за тоа.

    Девица
    Девиците се прилично озбилни и нема да доживеат никаква возбуда заради снегот. Кај децата може и да помине, но уживањето во зимските доживувања за возрасните е банално.

    Вага
    Вагата подготвено го дочекува првиот снег – чизми, зимски гуми, топла капа и шал- се е тука. Секогаш организирана и ова го дочекува подготвена. Сака прошетки, чист воздух и варено вино.

    Скорпија
    Скорпијата сака се што е врзано за зима и зимски спортови. Бидејќи има изразен спортски дух и желба за победување, одлична е во лизгање и скијање и едвај ќе дочека да се докаже.

    Стрелец
    Стрелецот е вечно дете и авантуриста, така што едвај ќе дочека да излезе на снегот со друштвото. Никој не ужива повеќе од него во глетката од 15 возрасни кои се глупираат на снегот.

    Јарец
    Чудно е што како типичен зимски знак, Јарцот воопшто не ужива во било што што има врска со зимата. Ја толерира, но нема да ужива во зимските благодети. Попрво си се замислува себе си на некој топол остров и го планира летувањето.

    Водолија
    Ќе падне во екстаза штом види снег и ќе го испланира целиот викенд, но од тие планови нема ништо да се оствари затоа што на крај пак ќе остане пред телевизор гледајќи ги омилените серии.

    Риби
    Ужива во глетката, но не излегува ако не мора. Ќе се смести покрај прозорот и со часови ќе го посматра снегот, но ќе ужива во топол дом без желба да излезе да ужива во белината.
     
  14. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Точно :)
     
  15. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Што сте според хороскопот: Победници или губитници?

    Овен
    Сака да биде прв и тоа му е во природата. Не стои високо, но сака да оди понатаму. Подготвен е да дели со другите, но нема баш да инсистира на тоа. Кој е блиску до него, ќе ги почувствува неговите доблести и пријатноста на победата. Како поразен игра фер плеј и ќе му подаде рака на победникот. Никогаш не е злопамтило. Ако изгуби, тој едноставно продолжува понатаму.

    Бик
    Победата му значи само ако од неа има некоја конкретна корист. Ако со неа е врзано нешто неопипливо, тогаш може да биде рамнодушен. Слично е и кога ќе се најде во улога на губитник. Нема да се грижи ако станува збор за нешто нематеријално, но ако треба да се откаже од нешто материјално или нешто што му го прави животот попријатен, тешко ќе се помири со тоа.

    Близнаци
    Близнакот секогаш ќе се снајде. Нивната подвижност се манифестира не само на физичко ниво, туку и во составот. Ќе релативизира речиси сè. Со задоволство ќе се забавува со својата победа, но нема да и придава премногу значење како некој друг. Не е ниту горд, ниту препотентен, повеќе е реалист. Кога ќе изгуби, рационализира и останува на површината. Така се лечи од поразот.

    Рак
    Иако никогаш нема да признае, на Ракот победата многу му значи. Сака да се докажува и во длабочината на душата ќе чувствува вистинско исполнување кога ќе победи. Тоа чувство ќе го подели со другите, а сигурно ќе сочувствува и со оној што изгубил. Веројатно и ќе го теши. Кога губи, долго потоа анализира каде згрешил. Така се подготвува тоа да го поправи.

    Лав
    За многумина тоа е роден победник, оној кој сјае (најдобро пред публика) само што му недостасува ловоров венец на главата. Ќе дели со другите, но само ако му се покорни и подготвени да го слушаат неговото самофалење. Не ретко станува напорен. Кога губи, му треба малку време тоа да го „свари“, а потоа подава рака, но не може да ја сокрие крутоста.

    Девица
    Иако е победник, обично се однесува како слуга. Со задоволство своите заслуги ќе му ги понуди на услуга на некој или ќе ги направи корисни за повеќето. Поради својата природа на скромност се чувствува малку чудно како победник. Ако губи, ќе приговара за сè и сешто, а себеси ќе се анализира подолго време. Бесконечно ќе ги усовршува деталите за да не изгуби повтроно.

    Вага
    Оваа природа и како победник ќе се однесува соодветно и без големи испади ќе ужива во постигнатото. Нема да претерува во ништо, а еднакво ќе биде насочена и кон поразениот. Ќе се труди да го вклопи во својот победнички статус. Кога губи, Вагата е тажна, но нема никакви проблеми да му честита на оној кој ја победил. Тоа го прави искрено.

    Скорпија
    Ужива во победата, но тоа не го покажува отворено. Обично ќе спомне некој проблем или нова битка во која што оди, за секој случај, за да го успие противникот. Губејќи се гризе во себе, но тоа ретко кој го знае. Мирна е и прибрана, се бори до крај. Додека честита, всушност во себе разработува тактика како да го среди победниот.

    Стрелец
    Овие благородни души со задоволство би ги споделиле своите заслуги и победи со другите. Понекогаш дури и не прават разлика помеѓу победа и пораз. Некои типови од време на време ги мачи суетата, па сакаат малку да се пофалат, но набргу ги вклучуваат и другите во својот ѕвезден статус. Кога губат, галантни се, господски го признаваат поразот и честитаат. Тие се вистински фер плеј играчи.

    Јарец
    Ако победи, тоа многу му значи, но останува мирен. Победата ја смета за очекуван резутат на својот вложен труд. Слави кратко без премногу врева, бидејќи продолжува да гради понатаму. Ако губи, никогаш нема да се помири со поразот, но ќе биде реалист. Ќе согледа што може, а што не може и следниот пат ќе се бори според тоа, сè додека не победи.

    Водолија
    Водолијата од својата победа ќе направи шоу за пријателите и друштвото. За неа тоа достигнување е вредно да се подели и им припаѓа на сите. Кога губи, не и е мило, а од поразот се лечи со релативизирање. Но, длабоко во себе веќе смислува сосема нов стил со кој во иднина има намера да дојде до резултат, односно победа.

    Риби
    Кога ќе победат на Рибите обично не им е јасно што значи тоа. Не знаат да бидат на тронот, подобро ќе седнат до поразениот и со часови ќе го тешат. Нивната природа не им дозволува да го занемарат послабиот. Ако пак губат, во состојба се со денови да плачат над својата судбина сè додека тоа не им досади. Потоа смирени и рамнодушни одат понатаму.
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Хороскопските знаци како брачни партнери

    Дали планирате да стапите во брак оваа година? Прочитајте што велат ѕвездите за однесувањето на хороскопските знаци како брачни партнери. Хороскопските знаци како брачни партнери
    Овен

    Тој: Мажите-овни спаѓаат во категоријата најпосакувани знаци и најчесто тоа се мажи по кои копнеат жените. Тие ги опсипуваат жените со комплименти, подароци и романтични пораки. За нив е многу важно жената да биде убава и паметна. Од жените бараат да бидат доста морални, иако тие самите не се блиску до таа особина. Изневерувањето не го толерираат, но знаат да се впуштат во флертови, паралелни врски и љубовни односи. Никогаш не им е доста од возбудувања.

    Совет: Овните се многу горделиви мажи со голем сексуален апетит кој тешко го контролираат. Жените чиј избраник е роден во знакот на овенот мора да знаат како да одговорат на сите негови сексуални желби.

    Таа: Жените-овни се витални, здрави и физички супериорни жени кои ретко се жалат. Тоа се хиперактивни и амбициозни жени кои не поднесуваат неактивни мажи. Тие им се истовремено и љубовници и пријателки на своите партнери. Нив никогаш не им е здодевно затоа што честопати за нив денот трае повеќе од 24 часа. Важат за згодни и убави жени, на што се посебно горди и имаат високо мислење за себе.

    Совет: Многу се љубоморни на разни ситници и сакаат мажот целосно да им го посвети своето внимание. Заради тоа, најдобро ќе се согласуваат со мажи кои имаат особини слични на нивните, односно мажи кои се посесивни, агресивни и страсни.

    Бик

    Тој: Мажите-бикови најдобро се снаоѓаат во улогата на сопрузи. Важат за верни мажи, а може да изневерат ако не бидат задоволени нивните сексуални апетити кои не се мали. Сакаат да уживаат и заради тоа биковите се хедонисти во секоја смисла. Никогаш не ги занемаруваат партнерката и семејството. Се трудат да изгледа дека сите зависат од нив.

    Совет: На своите жени ќе им обезбедат луксузен живот, ако се во можност, затоа што знаат многу да ги сакаат своите партнерки. Бараат убави и згодни жени и штом ќе стапат во брак, тешко се одлучуваат за развод.

    Таа: Жените-бикови се едни од најблагодарните и најодговорните сопруги во зодијакот. Целосно им се посветуваат на мажите, а домот и семејството им се најважни. Смислата ја пронаоѓаат во семејниот живот. Добродушни се и зависни од мажот. Знаат да прејдат преку секоја брачна криза. Овие жени не се воопшто љубоморни.

    Совет: Жените-бикови не треба да го покренат прашањето за материјалноста затоа што единствено тогаш може да станат љубоморни и посесивни. Колку е поуспешен нејзиниот маж, толку е таа подобра личност и тогаш нема нешто што не може да гo направи за него.

    Близнаци

    Тој: Мажите-близнаци се „лесни за одржување“, не се љубоморни, но и не им одговараат жени со слични особини. Тие се интелектуалци, интересни личности кои ретко им се посветуваат на жените. Повеќе им се посветуваат на сопствените мисли и на кариерата и не се подготвени за мирен семеен живот. Идната сопруга на мажот-близнак треба да биде жена со слични мислења и погледи спрема бракот, во спротивно тој цел живот ќе се обидува да ги промени нејзините мислења.

    Совет: Жената на мажот роден во овој знак не треба да биде љубоморна затоа што неговиот интерес за други жени никогаш нема да згасне. Тие обожаваат да флертуваат, а потребна им е жена која нема да ги попречува во ништо.

    Таа: На жените-близнаци поважен им е интелектуалниот контакт со мажите отколку сексуалниот. Тие повеќе им се посветени на работните обврски, а помалку на брачниот живот. Заради тоа, многу жени близнаци имаат проблем при усогласувањето на потребите. Не го сакаат многу семејниот и затворен живот, но кога се дома не поднесуваат неред. Друштвени се, зборлести и начитани и им одговараат мажи кои се токму такви, професионални и подвижни.

    Совет: Исто како и мажите, така и жените-близнаци обожаваат да флертуваат. Но, вешто успеваат да ги сокријат своите мали авантури и романси.

    Рак

    Тој: Мажите-ракови се добри и одговорни мажи, посветени на домот. Важат за многу емотивни и сентиментални личности, но од друга страна се и големи педантерии и ситничари. Знаат често да критикуваат, речиси секогаш се жалат за нешто и никогаш не се целосно задоволни. Мажите-ракови знаат да се оженат и од корист, со богата и добро ситуирана жена со добар статус и висока позиција.

    Совет: Мажите-ракови имаат многу особини кои се вклопуваат во традиционалните размислувања за животот. Спаѓаат во групата на верни мажи кои знаат како сексуално да ја задоволат жената. Неверни се тогаш кога нивната потреба за секс ќе изостане.

    Таа: Жената-рак е синоним за мајка. Таа е симпатична, љубезна, трпелива, посветена и заштитнички расположена. Им служи на другите, но и на себе. Сепак, и жените-ракови се многу емотивни и често го менуваат расположението. Лесно се одлучуваат за брак, но знаат да бидат многу посесивни.

    Совет: Стабилноста во домот зависи од жените-ракови. Тие се идеални партнерки за мажите кои бараат класична жена.

    Лав

    Тој: Мажите-лавови се многу горделиви и се централна фигура во семејниот живот. За себе мислат дека сè им е дозволено. Не поднесуваат непочитување од страна на жената. И покрај тоа, умеат да сакаат и да бидат нежни, романтични и посветени. Знаат да ѝ ги наметнат правилата и должностите на жената на таков начин што таа не би можела да ја одбие таквата диктатура. Лоша страна им е вечната склоност кон авантури.

    Совет: Верните и храбри лавови се во состојба да се борат на достоинствен начин. Тие знаат како да направат жената покрај нив да се чувствува сигурна и сакана.

    Таа: Жената-лав е идеална партнерка за мажот кој би можел да поднесе кариерата да е нејзин приоритет. Таа често работите ги гледа од високо и се смета себеси за газда во домот. Поседува многу квалитети и затоа сè во домот е секогаш совршено организирано. Ако наиде на подеднакво амбициозен маж, таа ќе му биде голема поддршка во работата. Сака постојано да биде почитувана, а тоа и го заслужува.

    Совет: Верна е и би се жртвувала за својот маж. Ако тој не е доволно амбициозен, доминантен и силен, таа ќе продолжи понатаму, а ако е, нивниот брак ќе биде идеален.

    Девица

    Тој: Мажите-девици се комплицирани, цинични, ситничави и здодевни. Ова се најчестите причини поради кои тие остануваат сами. Не знаат ги покажат чувствата, но релативно добро се снаоѓаат во семејниот живот. Бракот за нив се базира на пријателство и често со жената се однесуваат како да се колеги од работа. Тоа се способни личности кои знаат да обезбедат удобен живот за себе и своето семејство. Склони се кон флертови, но ретко одат до крај.

    Совет: Можеби мажот роден во овој знак нема да ја доведе жената до екстаза, но затоа е одличен во предиграта, романтиката и заведувањето. Тој ќе се потруди да ја задоволи жената на секаков начин.

    Таа: Жените-девици се совршени сопруги. Бракот го сфаќаат како еден вид пријателски однос. Во нејзиниот дом нема и не смее да има грешка. Таму владее одличен ред и сè е секогаш чисто. Одлично се снаоѓаат во кујната. Штедливи се и паметни и работите најчесто ги извршуваат рутински. Може да биде под голем притисок од околината и затоа е емоционално послаба. Никому не му се предава целосно и ретко ги покажува своите чувства.

    Совет: Жената-девица делува како ладна и бесчувствителна личност и затоа ѝ е потребен некој кој ќе допре до неа. Тоа би можело да се случи само доколку таа вистински засака некој. Не барајте ништо повеќе од тоа што таа може да даде и ќе добиете исклучителна жена. Преферира сериозни и интелектуални мажи.

    Вага

    Тој: Мажите-ваги се површни и незаинтересирани за брак затоа што не го сакаат семејниот живот. Кога се во брак живеат квалитетно, полни се со разбирање и конците на судбината ги држат во свои раце. Жените ги третираат како кралици и им овозможуваат луксузен живот. Често ги опсипуваат жените со подароци, облека и накит затоа што за нив љубовта претставува уметност.

    Совет: Мажот роден во овој знак никогаш нема прв да ја остави својата партнерка, туку ќе чека таа да го направи тој чекор.

    Таа: Жените-ваги се како магнет за мажите. Тие се многу убави, женствени и привлечни. Но мажите треба да знаат дека овие жени го сакаат луксузот. Нивниот изглед ги тера мажите да помислат дека треба да ги заштитат жените родени во овој знак. Ментално се многу издржливи и знаат да создадат хармонија во животот.

    Совет: Жената-вага инстинктивно знае во кој момент како треба да се однесува. На мажот знае да му пружи сè што му треба. Сака да флертува и понекогаш попушта пред додворувањето.

    Скорпија

    Тој: Со мажот-скорпија е многу тешко да се оствари складен и хармоничен брак. Единствен начин за тоа е жената постојано да го следи во сè. Дури и да е безусловно сакан, неговата љубомора секогаш ќе биде присутна во голема мера. Не може да поднесе жена која е во некаква смисла појака од него. Мажите родени во овој знак се сметаат за агресивни и насилни. Сексуално се многу силни, со нагласена љубомора и посесивност. Позитивна особина кај овие мажи е тоа што се успешни и способни добро да заработуват.

    Совет: Неговите чувства се искрени, но тој не знае да ги покаже на вистинскот начин. Ги обожаваат жената и децата и во состојба се да направат сè за нив.

    Таа: Жените-скорпии го сфаќаат бракот многу сериозно и умеат силно да сакаат. Грижливи се и како сопруги и како мајки. Тие едноставно го чувствуваат семејниот живот и кога се во брак целосно се посветуваат. Многу работи зависат од нивното расположение затоа што сè што прават, прават со најискрени намери. Овие жени ги обожаваат мажите.

    Совет: На жената родена во овој знак ѝ е потребен силен маж кој нема да ѝ попречува во ништо и ќе знае како да ја задоволи.

    Стрелец

    Тој: Мажите-стрелци имаат големи барања кога се во прашање жените и бракот. Тие се големи критичари, често се отсутни од домот и важат за мегаломани кои не се интересираат за брачен живот. За нив љубовта е сплет од среќни околности. Не разбираат зошто е воопшто потребно да ги покажуваат чувствата. Бараат жена која ќе поседува висок степен на интелигенција.

    Совет: Мажите родени во овој знак се нетрпеливи. Не поднесуваат никакви правила и ограничувања и затоа жената покрај нив треба да има слични сфаќања.

    Таа: Жената-стрелец му е најдобар пријател на мажот затоа што таа сака сè што сака и тој. Жените родени во овој знак го сакаат брзиот живот, но поседуваат трпение и умеат да чекаат колку што е потребно. Тие се интелигентни жени и добри мајки. Работите со кои се занимаваат подразбираат сè освен релаксација во домашен амбиент.

    Совет: Жената-стрелец не го познава зборот „љубомора“. Сексот не ѝ е приоритет, но ужива во него. Во бракот сака да ѝ се посветува љубов и внимание.

    Јарец

    Тој: Мажите-јарци не чувствуваат големо задоволство од бракот, но важат за добри и класични сопрузи. Овие мажи се секогаш одговорни за домашниот буџет и средствата од него ги трошат разумно. Тие се еден вид конзервативни диктатори. Не ги слушаат жените, често се деструктивни и создаваат големи проблеми кога желбите на жените не се во склад со нивните желби.

    Совет: Главна карактеристика на мажите-јарци е дисциплината. Тие не знаат за емоции и не знаат да создадат атмосфера за уживање. Се сметаат за маратонци во сексот.

    Таа: Жените-јарци не се многу женствени и не претставуваат магнет за спротивниот пол. Како мажите, така и жените важат за диктатори со многу малку емоции. Овие жени ги привлекуваат мажите со особини како што се систематичност, верност и способност. Одлични домаќинки се и знаат да управуваат со домашните финансии.

    Совет: Жената-јарец е верна и постојана. Таа е идеална сопруга за мажите кај кои чувствата не играат голема улога.

    Водолија

    Тој: Мажите-водолии преферираат слобода и интелект. Не знаат што е љубомора и им се најдобри пријатели на своите партнерки. Не се големи љубовници, но ако жените сакаат ексцентризам и ослободување од предрасудите, тогаш овие мажи се вистинските за нив. Ретко лажат, а на бракот гледаат како на претприемништво. Знаат да бидат внимателни кога се жените во прашање.

    Совет: Понекогаш делуваат како да се незаинтересирани за љубов, а тоа жените тешко го поднесуваат. Најдобро се чувствуваат во односи кои не бараат обврски.

    Таа: Жените-водолии се неверојатно интелигентни жени кои не се љубители на емотивните односи. Тие се едноставни и неконвенционални. Нивното однесување спрема мажите е исто така едноставно и не предизвикува проблеми. Не се љубоморни, ниту сомнителни. Подготвени се да се жртвуваат и за мажот и за семејството.

    Совет: Жената родена во овој знак е многу емотивна, иако разумот е тој кој ја води низ животот. Ретко се наоѓаат во афектна состојба. Мажот мора да биде многу паметен за да ги искористи нејзините квалитети. Во сексот немаат предрасуди и сакаат да експериментираат.

    Риби

    Тој: Мажите-риби се внимателни и чувствителни и затоа се омилени кај жените. И покрај тоа, тешко се одлучуваат да стапат во брак. Го сакаат семејниот живот и многу време поминуваат во домот. Овие мажи се сонувачи и уметнички души. Честопати немаат сила да се борат и да се изборат со животните проблеми.

    Совет: Мажите родени во овој знак имаат недостаток на амбиции и енергија и затоа се релативно нестабилни. Но, ако жените се доволно силни и знаат да го искористат потенцијалот на овие мажи, нивниот брак може да биде како бајка.

    Таа: Жените-риби не се ни премногу вредни, ни премногу амбициозни, а ни премногу способни, но лесно се прилагодуваат на семејниот живот. Неверојатно се чувствителни и имаат голема емоционална моќ да им се вовлечат на мажите под кожа. На тој начин знаат да станат неодоливи и неопходни. Овие жени умеат домот да го претворат во мирно и удобно место. Голем дел од животот го поминуваат во сонување и фантазирање.

    Совет: Жената родена во знакот риби е одговорна и лесно прилагодлива. Таа на мажот му ги нуди сите магии кои воопшто можат да бидат понудени.
     
  17. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Влијае хороскопот и на друштво и на партнер и на се друго, јас верувам во хороскоп. Имам и друштво со знаци кои си одговараат со мојот и супер ми е :)
     
  18. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    7 најдобри карактеристики на секој хороскопски знак

    Овен
    1. Тие го прават животот возбудлив.
    2. За овните, секој момент е важен во нивниот животот, а чувството е заразно.
    3. Доколку ви треба партнер за скокање банџи, јавете му се на овенот.
    4. Можете да имате страшна кавга со овен, но после 5 минути тој ќе заборави на сè.
    5. Кога ќе им дојдете на гости нема само да ви ја отворат вратата за добредојде, туку ќе скокаат и ќе бидат безрезервно радосни што сте дошле.
    6. Страстен и жесток, овенот често има потреба добро да се издува.
    7. Тие се заљубуваат многу брзо, но силно. Па доколку во вас се заљуби некој роден во знакот овен, заврзете го појасот и уживајте во возењето.

    Бик
    1. Луѓе што најмногу сакаат да се мазат и галат.
    2. Тие се многу лојални и одлични пријатели и секогаш ќе бидат тука за тебе.
    3. Тие секогаш се искрени сами со себе. Тие се скоро неспособни да не бидат свои или да мамат.
    4. Доколку се чувствувате виновно бидејќи сте изеле уште едно колаче, а сте на диета, бикот ќе ви каже дека сте го заслужиле и ќе ви донесе и една чаша млеко.
    5. Секогаш ќе се чувствувате добредојдени во домот на бикот.
    6. Бикот може да ви помогне да си ги реализирате вашите брилијанти идеи.
    7. Биковите сакаат да се честат себеси со најдобрите глетки, вкусови, звуци, мириси и чувства кои светот ги нуди, па така неговиот живот е многу богат.

    Близнаци
    1. Секогаш се спремни за добар, долг разговор.
    2. Обожаваат да сретнуваат нови луѓе и да доживуваат нови искуства.
    3. Доколку не си се допаднало лицето кое денеска ви го покажале, не грижете се, утре ќе бидат сосема други.
    4. Тие се многу паметни и добро начитани.
    5. Тие се отворени и комуникативни, па нема да ви треба многу мака за подобро да ги запознаете.
    6. Се чувствувате статични и неактивни? Потребата на близнаците да менуваат нешто кај луѓето сигурно ќе ви помогне.
    7. Секогаш можете да сметате на близнаците дека ќе бидат предвидливо непредвидливи.

    Рак
    1. Без разлика дали се дружите со нив некаде на кафе или во нивниот дом, тие секогаш ќе прават да се чувствувате добредојдено.
    2. Поради нивната сентиментална страна, раковите секогаш сакаат да се навраќаат на добрите стари денови.
    3. Кога ракот ќе те праша „Како си?“, навистина сака да го знае одговорот.
    4. Познавајќи го своето опкружување, тој инстантно знае доколку нешто не е во ред.
    5. Тие секогаш знаат да поклонат честитка од срце.
    6. Раковите поседуваат тивка сила која често е потценета.
    7. Тие секогаш се најсреќни кога поминуваат време со луѓето кои ги сакаат.

    Лав
    1. Забава, забава, забава
    2. Го сакаат животот и луѓето, а нивниот ентузијазам е заразен.
    3. Тие се неодоливо и безгрижно романтични.
    4. Тие се заштитнички настроени и секогаш спремни да им се препуштат на луѓето кои ги сакаат.
    5. Шармот кој го поседува лавот, може да го извлече од многу непријатни ситуации.
    6. Доколку некој лав е заинтересиран за вас, ќе се обиде да направи да се почувствувате како најпосакуваната личност која гази на Земјата.
    7. Лавовите се дефинитивно пријатно чудни и многу уникатни.

    Девица
    1. Тие се длабоки и сензитивни луѓе.
    2. Кога ќе ви требаат, секогаш ќе бидат тука за вас.
    3. Тие би ви го средиле вашиот плакар и би се забавувале дур го прават тоа.
    4. Никогаш нема да го чекате вашиот пријател роден во знакот девица, бидејќи тој секогаш доаѓа 5 минути порано од договореното.
    5. Се чувствувате скршено и совладано? Јавете ѝ се на девицата и таа ќе ви го реши проблемот.
    6. Тие се грижливи и одговорни. Доколку некој е изоставен и заборавен на некоја забава, таа тоа ќе го забележи и ќе го поправи.
    7. Тие прават сè што претходно си го наумиле, па нивниот живот е исполнет и интересен.

    Вага
    1. Тие успеваат секоја ситуација да ја направат попријатна. Од нив зрачат пријатни вибрации.
    2. Вагата е среќна кога сите околу нив се среќни.
    3. Скоро е невозможно да не ја сакате вагата. Всушност, нивното мото треба да биде „Сите ја сакаат вагата“.
    4. Вагата секогаш ќе ви помага да ги видите двете страни на некој проблем.
    5. Тие ја ценат убавината и ја носат во животот на луѓето кои ги сакаат.
    6. За нив, релаксацијата е уметност и секогаш сакаат да ги канат останатите во нивниот комфорен начин на живеење.
    7. Секогаш се поетично расположени, а обожаваат уметност.

    Скорпија
    1. Скорпиите се најлојалните луѓе кои некогаш ќе ги сретнете. Придобијте скорпија на ваша страна и спремни сте за животот.
    2. Секогаш се подготвени за долги и значајни разговори, бидејќи се опседнати со интимноста.
    3. Многу е забавно да правиш заговори и шеми со скорпија.
    4. Тие забележуваат сè, дури и најситни детали. Сте се шишале? Тие ќе го забележат тоа и ќе ви дадат комплимент.
    5. Доколку направите нешто фино за нив, тие ќе го ценат тоа и вечно ќе го помнат.
    6. Никогаш нема да се чувствувате чудно зборејќи за секс со скорпија. Тоа е нејзината омилена тема.
    7. Скорпијата е најмоќниот знак во зодијакот. Ги користат своите моќи за добро, а можат и да го променат светот.

    Стрелец
    1. Животот со нив е авантура.
    2. Нема да најдете подобродушен знак од стрелецот. Тие ќе ви дадат сè што ви е потребно, без да очекуваат да им ја возвратите услугата.
    3. Тие се одлично друштво за забави, затоа што се весели, дружељубиви и посакувани.
    4. Tие секогаш имаат мислење и не се плашат да се борат за своите уверувања.
    5. Секогаш се отворени да слушнат за искуствата и идеите на останатите луѓе.
    6. Секогаш ќе знаете на што сте со стрелецот, бидејќи се искрени и директни.
    7. Се чувствувате тажно? Јавете му се на стрелецот. Тој може да ја види светлата страна на секоја ситуација.

    Јарец
    1. Јарците се многу успешни и успеваат тоа да го пренесат на сите во своето опкружување.
    2. Никогаш не пропуштајте забава која ја организира јарец. Тие се неверојатни домаќини.
    3. Тие се силни и самостојни.
    4. Секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат.
    5. Тие се амбициозни, а нивната навика за поставување високи цели ќе ве поттикне и вас да го сторите истото.
    6. Приземни и топли, тие се големи мази.
    7. Љубовта на јарецот е често во придружба на вкусни печива.

    Водолија
    1. Водолиите секогаш имаат инвентивни и оригинални идеи.
    2. Тие се разумни, објективи и секогаш даваат добри совети.
    3. Благодарение на нивниот брз интелект, тие се одлични во комуникацијата.
    4. Одлично е да бидете во нивно друштво, бидејќи тие ги сметаат своите пријатели за фамилија.
    5. Тие не ја следат толпата, туку создаваат своја.
    6. Тие се многу хуманитарни и сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Не само што зборуваат дека сакаат хумани дела, туку и ги прават.
    7. Водолиите сакаат сите луѓе да се среќни и згрижени.

    Риби
    1. Благодарение на нивната енергија и благодат, тие се како самовили од друга планета.
    2. Што и да планирате со родените во знакот риби е многу лесно, бидејќи многу лесно се согласуваат со сите.
    3. Потребен ви е совет од предвидувач на иднината, а немате доволно пари? Јавете му се на вашиот супер интуитивен пријател роден во знакот риба.
    4. Рибите се многу длабоки и чувствителни луѓе.
    5. Тие се полни со разбирање и не осудуваат. Можете да им верувате со вашите емоции.
    6. Смирувачката енергија на рибите е поефективна од чаша вино.
    7. Нивната природа лесно да прифаќаат авантури, ги носи на неверојатни места. Начинот на кој тие живеат, е инспиративен.
     
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    За што треба да е благодарен секој хороскопски знак?

    Овен
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот овен, бидејќи вие во себе носите решителност, коко ниеден друг знак. Тешките ситуации, несреќните околности и лошите луѓе никогаш не можат да ве потиштат за долго. Без разлика на сè, вие ја имате способноста да се издигнете и да станете уште попозитивни.

    Бик
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот бик, поради вашето безрезервно чувство за себе. Самите се познавате екстремно добро, заради што успевате да бидете приземни, без разлика каде ќе ве однесе животот. Секогаш ќе бидете свесни што сакате, како се чувствувате и што ви е потребно. Ова ви помага да ја најдете и да ја креирате вашата среќа во животот на исполнувачки и вистински начин.

    Близнаци
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот близнаци, бидејќи вие имате уникатна способност да се адаптирате на каква било средина или ситуација, на начин на кој вие ќе уживате во тоа. Токму поради вашиот слободен ум и менувањето лица, секогаш можете да најдете начин да се поврзете со голем број луѓе и да впиете од различните искуства кои живот ги нуди.

    Рак
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот рак, поради емотивниот начин на кој го живеете животот. Тоа ви дава вродена смисла за сочувство и емпатија кон другите. Начинот на живеење ви помага да создавате длабоки и значајни врски со луѓето околу вас и секогаш да му пружите рака на оној што му е потребна помош.

    Лав
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот лав, бидејќи вашата вродена самодоверба е прекрасно нешто. Ви дава сила да останете приземни без разлика што ви се случува во животот. Таа самодоверба, исто така ви дозволува да ги исполните сите ваши мечти и фантазии и да ги претворите во реалност.

    Девица
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот девица, бидејќи вие имате ретка способност да ја најдете смислата во сè и сешто, како комплицирани кавги, тешки ситуации, па дури и застрашувачките предизвици немаат шанси со вас. Вашата способност да набљудувате и да анализирате сè околу вас, ви дозволува да поминете преку хаосот и да создадете ред и разбирање.

    Вага
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот вага, бидејќи без разлика во колку комплицирана ситуација се наоѓате, знаете да ги согледате двете страни и да најдете баланс. Оваа дарба ви овозможува да се поврзете и да ги разберете луѓето со кои комуницирате. Секогаш можете да го видите доброто во другите и секогаш сте спремни да ги сослушате без да ги осудувате.

    Скорпија
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот скорпија, поради способноста да се издигнете и да си го промените животот, без разлика во колку лоша ситуација се наоѓате. Повеќе од кој било друг знак, не се плашите целосно да ги почувствувате работите, ниту се плашите дека ќе се повредите, бидејќи секогаш знаете дека имате емоционална резерва за да преминете преку работите посилни од кога било.

    Стрелец
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот стрелец, бидејќи имате силно внатрешно чувство на знаење. Тоа чувство ви служи како компас, кој ви помага да ги обликувате вашите вредности и да ѝ дадете правец на вашата страст. Без разлика на предизвиците со кои се соочувате или на тешките одлуки кои морате да ги донесете, кога сте спремни да пресечете никој не може да ве премисли.

    Јарец
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот јарец, бидејќи кога станува збор за претворање на соништата во јаве, тогаш вие ја имате силата за тоа. Секогаш сте спремни да го исполните она што сте го зацртале. Вашата амбиција, мотивација и вашиот поттик во комбинација со силното чувство за себеси, ви дозволува да го оставите својот печат во светот, на кој било начин што ќе го одберете.

    Водолија
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот водолија, поради вашата прекрасна способност да останете смирени и рационални во напнати ситуации. Вашата силна верба дека сè ќе излезе добро и фер, ви ја дава ретката дарба секогаш да имате чиста перспектива. Секогаш знаете да им помогнете на другите да го најдат мирот во ситуации кога им е најпотребен.

    Риби
    Бидете благодарни дека сте родени во знакот риби, бидејќи вие го живеете животот со длабока интуиција и чувство. Одлуките кои ги носите во животот се директно поврзани со вашите емоции и она што го чувствувате. Знаете што чувствувате, а кога тоа ќе го претворите во акција и реалност, ги инспирирате сите во вашата околина.
     
  20. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Откријте дали чувствува нешто за вас според хороскопскиот знак

    Овен
    Овенот не е ниту двосмислен, ниту ќе ве заведува доколку не му е тоа намерата. Така што, доколку му се допаѓате на некој овен, тој/таа веројатно директно и искрено ќе ви го каже тоа. Доколку сакаат да глумат таинствени, обрнете внимание на однесувањето и гестикулациите. Доколку делува вознемирено, нетрпеливо и неспокојно, тоа не се знаци дека овенот сака да избега од вас за да биде на некое друго место, туку дека сака да ги забрзаат работите со вас.

    Бик
    Бикот е традиционален, конвенционален тип, па доколку ми/ѝ се допаѓате, тој или таа ќе ве заведе на старомоден начин. Испрашувачки прашања од стилот која е вашата омилена боја, храна или цвет, може да значат дека планира да ве повика да излезете и дека во главата го планира совршениот состанок со вас.

    Близнаци
    Близнаците се добро познати флертувачи чии умови се секогаш будни и активни и тие сакаат да зборуваат со секој што ќе се најде на нивниот пат, на милион различни теми. Со оглед на ова, како да препознаете дека некој близнак чувствува нешто повеќе за вас и дека тоа што се случува не е само неговиот/нејзиниот вообичаен флерт? Ќе препознаете по тоа што ќе преминат од вообичаен разговор, кон прашување полични прашања.

    Рак
    Раковите се семејно ориентирани луѓе и доколку некој претставник на овој знак почне да се однесува милосливо и сочувствено со вас, тоа е добар знак дека ви „фрлил/а“ око. Доколку се однесува заштитнички кон вас, тоа е уште еден знак дека чувствува нешто. А, доколку ве повика кај него/неа дома за да се запознаете со неговото/нејзиното семејство, тоа е речиси гаранција дека ракот ве гледа како потенцијален љубовен партнер.

    Лав
    Лавот обожава да биде драматичен, па како да знаете дека големиот спектакл којшто го прави, го вклучува и она што го чувствува за вас и дека тоа не го прави само заради шоу и за да биде забележан? Доколку му/ѝ се допаѓате на некој лав, тој или таа ќе се откаже од центарот на вниманието и ќе ви дозволи да уживате во „театарската претстава“, радувајќи се дека вие сте му/ѝ најголемиот обожавател.

    Девица
    Логични и практични, девиците не ја покажуваат својата симпатија кон некого со правење голем гест. Доколку одвојат време да ве прашаат што чувствувате за нив или пак самите почнат да ги изразуваат своите чувства кон вас и гледате како полека го спуштаат штитот во ваше присуство, тоа е добар знак дека им се допаѓате.

    Вага
    Животот на вагата е многу балансиран и благопријатен и секогаш сакаат грациозно да изгледаат во очите на другите луѓе. Па, како да знаете дека тие не се само љубезни и дека навистина им се допаѓате? Така што ќе ви дозволат да станете дел од нивниот животен стил „на висока нога“ и ќе ве поканат на најромантичното „возење“ во вашиот живот.

    Скорпија
    Ќе знаете дека некоја скорпија ве има на радар, доколку тој/таа зјапа во вас од другиот крај на просторијата преполна со луѓе. Нивниот интензивен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте единствената личност во светот. На почетокот скорпијата може да делува малку студено и отсутно, но таа не би го губела времето да муабети со некој за кој не е тотално заинтересиран/а.

    Стрелец
    Стрелците се дружељубиви и отворени личности, па затоа лесно е да го помешате нивното пријателско однесување со нешто повеќе од тоа. Нивното време за дружење им е многу важно, па ако отидете на повеќе од еден состанок во текот на неделата, тоа е многу добар знак дека тие се вљубени.

    Јарец
    Јарците ги држат картите затворени, па ќе биде тешко да процените дали припадник на овој знак е заинтересиран за вас. Доколку нивната вкочанета надворешност почнува да омекнува во ваше присуство и доколку излезат порано од работа за да се видите и покрај нивниот густ распоред со обврски, веројатно гледаат потенцијал за романса со вас.

    Водолија
    Водолиите размислуваат „надвор од кутијата“, затоа не очекувајте дека ќе ви се додворат на традиционален начин. Ако ѝ се допаѓате на водолија, таа може да ви направи шега во еден момент, а веќе следниот да зарие во длабок интелектуален разговор. Нивното чудно однесување всушност значи дека тие ве проценуваат, обидувајќи се да дознаат дали двајцата ќе се сложувате во нивниот ексцентричен свет.

    Риби
    Добрата вест е што воопшто не е тешко да ја прочитате рибата. Уште подобра вест е тоа што штом рибата еднаш ве засака, таа постојано ќе ве опсипува со љубов и сочувство. Од нив е возможно да добиете рачно напишана поема или рачно нацртан портрет со вашиот лик.