1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскопски знак

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од inn, 3 февруари 2010.

  1. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Кој хороскопски знак е најдобар во кревет?

    Овен: Огнени во кревет
    Спонтани, сексапилни, забавни. Ќе ве одведат до месечината и назад. Одлично се бакнуваат. Романтични се и сакаат долги, исполнети врски. Овните се зависност. Гласни, одлични во кревет, интелигентни, секогаш верни и чувствителни.

    Бик: Неверни љубовници
    Агресивни, чудни во кревет, но ретки да ги пронајдете. Се борат за она што го сакаат. Забавни, секси, внимателни. Единствени се и во никој случај не смеете да се замерите со нив. Имаат одличен карактер и покрај тоа што понекогаш се неверни.

    Близнаци: Ќе пробаат сè
    Прекрасни, полни со љубов, одлични слушачи и одлични се во кревет. Не се борбени, сакаат исклучиво љубов. Секогаш среќни, зборлести и гласни. Премногу лесно простуваат. Сакаат да се бакнуваат со часови. Имаат одлична насмевка, силни се, дарежливи и неверојатно секси. Неодоливи со еден збор!

    Рак: Слатки љубовници
    Одличен во кревет, неговата љубов е една и единствена. Многу романтичен. Чувствителен. Креативен, спонтан и се гордее со тоа. Раковите се луѓе кои не смее да ги оддалечите од вас, ќе се каете.

    Лав: Главниот во кревет
    Одличен за разговори. Секси и страстен бакнувач. Знае како да се забавува, сака да експериментира, непредвидлив е. Атрактивен е и нема шанси да остане незабележан. Сака долги врски, но многу е тежок да се најде. Единствен е, редок, но одличен кога ќе го најдете.

    Девица: Буквално девица
    Доминантни се во врските. И неверојатно секси. По малку луди во кревет и секогаш сакаат да го имаат последниот збор. Внимателни, паметни, атрактивни, гласни, лојални. Многу тешко ќе ги заборавите ако се вашата љубов на прв поглед. Тие се што посакувате. Едноставни и единствени.

    Вага: Мрзлив љубовник
    Преубави, романтични и позитивни. Нивната љубов е единствена. Забавни и слатки. Зрачат со сексапил. Вагите се најгрижливите љубовници кои ќе ги запознаете. Просечни во кревет, не сакаат секс без љубов. Сепак, неодоливи.

    Скорпија: Секс зависник
    Тие знаат да бидат и злобни. Но, неверојатно секси. Интелигентни се и енергични. Ја предвидуваат иднината, а и тие самите не знаат како. Во кревет сакаат да експериментираат. Одлично се бакнуваат и многу лесно го добиваат она што го сакаат. Секси, атрактивни, едноставни за да ги заведете. Сакаат да бидат во долги врски. Романтични се и внимателни, а неверојатно заводливи.

    Стрелец: Неверојатно секси
    Спонтани, секогаш спремни за авантура, ретки да ги пронајдете. Но, одлични кога ќе ги најдете. Ги сакаат долгите врски и имаат што да понудат. Преубави, романтични и слатки. Поседуваат единствен сексапил и се неверојатно внимателни и грижливи.

    Јарец: Страсни љубовници
    Прекрасни, интелигентни, секси. Добитна комбинација. Неодоливи, одлично се снаоѓаат во креветот и сакаат да експериментираат. Обожаваат долги врски и сакаат да бидат први во било што. Знак кој многу тешко се заборава или остава.

    Водолија: Сакаат експерименти
    Доверливи, секси, единствени. Сакаат долги врски и се неверојатно забавни и енергични. Непредвидливи и дефинитивно со тоа ќе ги надминат вашите очекувања. Тие се најдобрите љубовници што некогаш можете да ги замислите.

    Риби: Секси риби
    Грижливи, паметни, секси. Сакаат кога се центар на внимание и обожаваат кога тие го имаат крајниот збор. Одлични се во кревет и имаат одлична смисла за хумор. Партнери за цел живот кои секогаш го добиваат она што го замислиле. Популарни се, сакани и забавни.
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    КАКОВ ИЛИ КАКВА Е КОГА ЌЕ ВЕ ОСВОИ, ХОРОСКОПОТ ВИ ОТКРИВА

    ОВЕН

    Тој – Кога ќе премине од зборови на дела, вие веќе сте „обарени и реш печени“. Додека се свртите, тој е веќе во секоја ваша мисла, секој момент, ден и месец. Ако тој број на месеци воопшто достигне двоцифрена бројка, сметајте дека сте го задржале Овнот, бидејќи ако не е така, тој е во ној освојувачки поход, затоа што на него му е интересно само неосвоивото. Се додека му се провлекувате и мистериозно се смешкате, радозналиот Овен ќе трча по вас.

    Таа – Таа нема да губи време со вас, доколку сфати дека не сте нејзин „калибар“. Но ако сте, спремете се да и бидете на располагање во секој дел од денот и ноќта, бидејќи „таа“ знае се да осмисли од доручек во кревет до романтичен викенд на море. А при тоа не сака да чека ниту минута, бидејќи не и паѓа на памет да губи време со вас, ако не сте доволно мажествени, одлучни, шармантни и галантни. Па сега вие видете…



    БИК

    Тој – Кога сите мажи би биле како Биковите, жените не би имале проблем во љубовта. Без разлика колку долго да ве освојувал, нема толку лесно да ве пушти кога еднаш ќе станете негова. И само негова! Подобро да не размислувате за краткорочни решенија во вид на флерт со некој друг, ако моментално ве изнервира неговата тврдоглавост: ќе се соочите со навала од бес рамна со вулканска ерупција, доколку му е грижа за вас.

    Таа – Кога ќе сфати дека вие сте човекот на нејзиниот живот, ќе ја употреби сета своја женственост која ја има на располагање за да ве задржи: заводлив изглед, ненадминливо кулинарско познавање и дамско однесување на кое би и завиделе претставничките на сите останати хороскопски знаци. Сексипилност, животна радост и поглед кој на сопарничките им дава до знаење дека вие сте само „нејзин и Божји“, поголемиот дел од мажите ги задржува долго или засекогаш покрај жената Бик.



    БЛИЗНАЦИ

    Тој – Тој знае дека ве освоил, тоа не му е некој прблем кога мажот „Близнаци„ јасно е дека во секое друштво е најзабавен, најшармантен и најснаодлив. Но, што понатаму, кога тој мора да се дружи, информира, патува, флертува и – бега. Ако имате доволно доверба во него, разбирање за неговите потреби за посојано усовршување на сите животни полиња, ќе ви ги симне ѕвездите од небото. И повеќе од тоа, ќе ве запроси преку мобилен телефон!

    Таа – Кога ја добила својата играчка, трофеј, како и да ве нарекува во нејзината фантазија (додека не ве освоила), жената „Близнаци„ ќе продолжи и понатаму да си игра со вас. Нема шанси покрај неа да ви биде досадно ниту во еден момент: ќе имате лична готвачка (брза храна секое време на денот и ноќта), личен возач (до било која точка на земјината топка) и вечно девојче покрај себе на чиј младолик и манекенски изглед ќе ви завидуваат најголемиот дел од љубоморен машки свет.



    РАК

    Тој – Колку што бил упорен да ве заведе и освои, толку мажот Рак ќе се заинати и да ве задржи. И после бројните раскинувања, смирувања и ветувањадека се ќе почне од почеток, тој ќе продолжи по свое: незадоволен со статусот, менување на работни места, караници со шефовите и ќе ве нервира што е таков инаетчија. И така се додека не ве обезбеди вас и вашата фамилија онака како што тој замислил: во голема куќа со куќни миленичиња во дворот во кој ќе си играат вашите деца, а комшиите ќе свраќаат на кафе и „чашка разговор“.

    Таа – Со денови, месеци и години, таа ќе биде спремна да ве гледа, да ве заведува и да ве освојува. Кога на крајот ќе успее во тоа, ќе се потруди никогаш да не ви ускрати вкусен ручек, излегување во кафана со пријателите и – себе си во топла постела. Ќе ве пушти да живеете во заблуда дека можете да правите се што сакате, со кој сакате и кога на вас ќе ви падне на памет, а кога еднаш премногу ќе се опуштите, се ќе им раскаже на децата, или на вашата мајка, сестра, тетка или не дај Боже баба ви… а тогаш ниту едно море не ќе може да ве испере.



    ЛАВ

    Тој – Ништо не е неосвоиво за тој галантен шармер кој ќе потроши цела плата на 101 ружа само за вас (плус шампањ, бомбоњера и парфем за кој точно знае дека е вашиот омилен).Бидејќи неможевте да му одолеете, тој во друштво секогаш ќе ве третира како кралица, додека по дома ќе очекува вие да му удоволувате.Што побрзо тоа го сватите, полесно ќе ви биде да го делите животот со маж Лав кој за вас ќе биде спремен во сред ноќ да седне во автомобил, воз или авион, за да како прав витез стигне до вас.

    Таа – Ако живеете во заблуда дека сте ја освоиле, тогаш време е да се освестит на време: вие бевте нејзината цел, желба и потреба и не се смирила додека не ја ја извојувала победата – да ве има. А кога еднаш веќе ќе ве добие, жената Лав ќе направи се за да ве задржи: ќе стане зависна од вас (а вие среќни дека сте овде да и се најдете кога сте и потребни), а вие (и понатаму среќни) ќе морате да ги слушате нејзините желби, пофалби и наредби кои од нејзините усни ќе звучат неодоливо и безусловно.



    ДЕВИЦА

    Тој – Бидејќи ве заведуваше со сето свое познавање од многу научни области и секојдневниот живот, мажот Девица ќе бира вистински момент да тргне во акција. И кога сте помислиле дека избрал, тој поради срамежливост и практичност ќе ја промени тактиката. Ниту во моментите на најголем занос, тој нема да престане да ви раскажува или шепоти на увото сето она што ниту на сон не сте сонувале дека ќе го слушнете од него, така да вие малку по малку ќе почнете да го поттикнувате. А тоа на него веќе и не му е потребно!

    Таа – Сета нејзина воздржаност и срамежливост, наведнување на погледот и чистината на изразот со кој зрачи, стануваат помалку важни атрибути кога ќе свати дека сте станале нејзин. Покрај неа ќе имате се што ви е потребно, од најеротичната љубовница до најпожртвуваната негувателка, но и вие ќе мора да ги почитувате нејзините правила: ќе ја слушате кога ќе осети потреба да ви се пожали, ќе ја снабдувате со домашни намирници шест месеци однапред и – ќе го бришете купатилото после секое туширање.



    ВАГА

    Тој – Лесно му е додека ви се додворува, ви ја бакнува раката, флертува, носи цвеќе и бомбоњери и ви ги поклонува омилените парфеми. И сето тоа се звуци на медитерански евергрини во романтичен амбиент на некој ресторан. Само кога така би можело да трае цел живот со вас, тој би бил најсреќниот човек на светот, бидејќи кога веќе ќе дојде до секс, мажот Вага постепено го губи интересирањето (толку е заморно и преубаво во однос на моментите на секогаш нов сјај во вашите очи кога ве „обработува“ со поклон). Затоа тој ќе се труди да барем на патувањата или излетите, го оживее чуството како кога прв пат ви се додворувал.

    Таа – Не поднесува да ја запоставите ниту на еден момент, кога веќе ви го поклонила своето срце на дланка. Врската со неа е многу едноставна за одржување, колку и размазено да изгледа Вагата: поделете и комплименти кога ќе дојде од фризер или маникир, секојдневно изговарајте ги двете магични зборчиња „те сакам“ (може и по пат на смс, посебно ако сте некаде на пат) и жената Вага ќе ви јаде од раце. Но ако осети дека „гледате низ неа“ додека мислите ви летаат, многу брзо ќе побара утеха кај друг маж.



    ШКОРПИЈА

    Тој – И се да пробате да му влезете во трага, кога веќе ве освоил, нема да успеете. Ќе губите време, нерви и самодоверба размислувајќи каде се крие тој вечен заводник, додека мажот Шкорпија таинствено ќе ви се прикраде од зад грб и ќе ве „обори од нога“ со еден допир и поглед. Никогаш нема да дозволи ни премногу да се оддалечите во вашето барање за тоа каде тој се движи, бидејќи веднаш ќе се најдете во неговата сигурна прегратка на која нема да успеете да и одолеете.

    Таа – Се или ништо, нејзината девиза за се во животот, а посебно за љубовта.Ако ве избрала да бидете нејзин човек, тогаш тоа морате сериозно да го сфатите затоа што немате друг избор. Жената Шкорпија ќе ви ги постави највисоките можни стандарди, па ќе морате измеѓу трката за заработка и нејзиниот кревет, да ги изгубите конците и да се најдете во мрежата на Шкорпијата. А таа всушност тоа и го чека: засекогаш со неа или никогаш повеќе. Но ако жената Шкорпија ве посакува, спремна е и на уцени, само за да останете со неа.



    СТРЕЛЕЦ

    Тој – Каква разлика помеѓу оној лежерен заводник кој ве шармира со својата насмевка уште на првата средба и оној лицемер кој постојано прати што комшиите раскажуваат за вас (додека тој и понатаму ги докажува своите освојувачки способности на сите помлади партнерки). Но, доколку се одлучите за мажот Стрелец, тогаш бидете и спремни само на неговите очи и уши, а никако на своите. Тој навистина ќе се потруди на вас ништо да не ви недостасува, освен самиот тој и тоа многу често, а комшиите ќе можат само да ви завидуваат.

    Таа – Како што беше директна додека ве заведуваше и освојуваше, жената Стрелец е многу отворена во своите барања, желби и потреби во секој ден од заедничкиот живот со вас. Бидејќи вас ве избрала како редок вид на маж на кој безрезервно ќе се посвети (без разлика дали се работи за вашиот омилен специјалитет или желбата да го посетите Дизниленд), жената Стрелец нема да дозволи да биде незадоволна. Ако осети дека постои проблем, ќе поразговара искрено со вас за истиот жар, без разлика дали се работи за вашиот сексуален живот, обврски према децата или грижата за вашето здравје.



    ЈАРЕЦ

    Тој – Е тој веќе ќе ве изненади, без разлика колку смотрано или срамежливо и да делува тој практичен, воздржан маж на кој сте му го поклониле своето срце. Како и своите пријатели и тој ќе ве носи секаде каде и тој ќе оди, без разлика дали тоа вам ви се допаѓа или не. Всушност, нема да има причина ниту за вашето незадоволство, затоа што мажот Јарец никогаш нема да дозволи покрај него да ви фали ниту влакно од главата: ќе ве чува, пази, мази до таа мерка што секој пат се повеќе ќе сакате еднаш засекогаш да останете во неговата силна прегратка.

    Таа – Кој и да го посака, таа го добива: а кога ќе станете нејзин избор, обично на подолго време или за цел живот, нема да ви биде лесно да ги задоволите сите барања на жената Јарец. Доколку истовремено можете да бидете имагинативен љубовник, пожртвуван татко, добар домаќин, и над сето тоа постојана движечка сила во сите нејзини амбициозни планови – тогаш сте го положиле испитот кај жената Јарец. За возврат таа нема да престане да ве фали, а повремено и да биде горда на вас на нејзин одмерен начин, со восхит кој нема да може да го сокрие.



    ВОДОЛИЈА

    Тој – На него се му тргнува од рака од моментот кога ќе ве освои, бидејќи мажот Водолија умее да ја задржи жената која му значи. Само му треба малку време да процени која тактика на вас ќе ја примени, затоа што е ненадминат манипулатор. Токму кога ќе се решите да се налутите на него, тој вас ќе ве разоружа со повик за заминување на патување на некој грчки остров за кој сте сонувале, нов автомобил створен за вас или водење љубов на некое сосема „откачено“ место. Иако ноншалантно ја крие својата посесивност и љубомора, никогаш нема да ве доведе во непријатна ситуација, макар и да се посомнева во вас.

    Таа – Нема нешто што таа нема да направи за да ве задржи, кога веќе еднаш ве освоила: ќе изгледа секогаш атрактивно во својата „етикетирана“ гардероба, ќе стане најдобра другарка на девојката која сте се обидувале да и се додворите пред нејзини очи, ќе ги прераскажува доживувањата од вашите заеднички патувања во кои таа е главната ѕвезда, додека вие восхитено ќе уживате во нејзините приказни и мирисот на нејзиниот најнов парфем кој вие и го купивте. Тоа што никој од неа нема да дојде до збор бидејќи попаметна од неа нема, нема да ви смета се додека имате доволно силни нерви и доволно дебел паричник.



    РИБИ

    Тој – Колку и (не)спретно да ве завел и на крајот освоил, нема да успеете така лесно да му се извлечете кога веќе еднаш ќе западнете во мрежата на мажот Риба. Иако нервите му се силна страна, тој во домот ќе биде со вас, ќе биде најстрплив и најуслужлив маж на светот: доручекот ќе ви го носи во кревет ( со роза меѓу заби),ќе спрема и послужува кафе на тераса додека вие опуштено разговарате со гостите и вие ќе бидете убедени дека тој е само ваш. Се додека не излезе од куќата… а тогаш, отворете четири очи!

    Таа – Сите вештини на заведување, освојување и задржување на мажот кој и значи, за жената Риба се речиси вродени. Според неа, во љубовта се е дозволено, па затоа нема да се стеснува да примени ниту од еден начин, метод или тактика за да ве задржи: еротичноста зрачи од неа дури и кога сецка зеленчук за вашата омилена салата, а нејзиниот поглед ветува најволшебно уживање со вас, штом падне мрак… А кога ќе завладее ноќта, и таа ќе завладее со вас, и со сите ваши сетила.
     
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Девиците се ситничари, се замараат со глупости. -.- Секогаш пазат на себе и нивната исхрана па мора и ние покрај нив да трпиме, те јади ова не тоа ова е здраво тоа е штетно аман. И неможат да седат без работа, секогаш мора да работат нешто иначе ќе им е досадно ќе се нервираат..
     
  4. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    Да се запознаеме со Лавот – хороскопскиот владетел за месец Август! :D

    Личностите родени во знакот на Лав се иманентни лидери и владеат со остатокот од човештвото и тоа го прават на навистина перфиден начин, така да место за незадоволство нема. Можеби другите чувствуваат дека се родени лидери, па тоа природно наследство им го препуштаат, па од тами и не чуди што толку многу познати личности се родени токму во овој знак.
    Лав – личност и карактер

    Сите знаат кога моќниот Лав доаѓа и се наоѓа во центарот на внимание, а на огнениот и самоуверен Лав е тешко да му се одолее. Природата ги има надарено Лавовите богато, па во нив има енергија, памет, убавина и сексапил за три личности. Тие не можат да живеат без внимание и ’светлото на рефлекторите‘ и ласкањето и воодушевувањето им е неопходно и од есенцијално значење. Од таму и обожаваат по нив да се вртат сите, каде и да се појават.

    Лавот е огнен знак кој што го сака животот и од него очекува добро да се забавува. Како и останатите огнени знакови, спремен е да го користи умот за решавање на најкомплицираните проблеми и превзема иницијатива за решавање на секакви замрсени ситуации. Лавот тоа го сваќа како начин на кој најдобро ќе дојде до израз!

    Сонцето е владетел со Лавот и затоа тој истото го обожава во сите облици. Што всушност е метафорички израз на неговото сопствено его. Од една страна тоа може да биде здраво, затоа што лесно го бара она што му е потребно. Од друга страна, проблематично е кога Лавот ги игнорира проблемите и потребите на другите како би ги исполнил сопствените желби. Луѓето родени во овој знак многу често не се свесни за проблемите на нивното окружување, поради преголемата концентрација со самите себе.
    Проблемите со Лавот настануваат кога Тој ќе стане премногу вљубен во своите достигнувања. Тој е арогантен, нефлексибилен и мисли дека секогаш е во право и дека секогаш постои некој друг кој ќе ’чисти‘ по него.

    Што се однесува до љубовта и сексот, овој огнен знак е страствен и искрен во своите чувства. Кога е во прашање сексот, од Лавот може да очекувате да биде авантурист, забавен и полн со енергија. За Лавот постои јасно дефинирана граница помеѓу сексот и љубовта. Партнерите ги бира според нивната спремност да му овозможат лидерска позиција, да сјаат во полн сјај и да бидат независни. Партнерот би требало да му биде интелектуално сроден, како врската би била успешна. Лавовите се лојални, забавни и многу дарежливи кон својот партнер.

    Во делот за семејство и пријатели, Лавот е најпредадениот знак во зодијакот, тој е верен и оддаден пријател. Ќе се потруди да помогне дури и ако тоа му одзема доста енергија и време. На него можете да се потпрете и тој има способност да им се допадне скоро на сите. Лавот многу ретко ќе го видите сам, интеракцијата е неговата втора природа. Блиските пријатели ги бира според способноста да го одржат чекорот со неговата енергија, како и силното чувство на достоинство и посветеност на индивидуалните вредности. Кога е во прашање семејството, Лавот ќе стори сé што е потребно како би ги заштитил. Верноста кај Лавот е за цел живот!
    Во ’одделот‘ за кариера и материјални добра, Лавот е извршител и „Јас ќе...“ се клучните зборови за овој знак. Големата количина на енергија ’спакувана‘ кај Лавот тежнее тој секогаш да биде зафатен, без разлика што се случува околу нив. Тие се амбициозни, креативни и полни со оптимизам. За Лавот не е доволно само да ја заврши својата работа, тој ќе ја заврши најдобро што може. Кога еднаш ќе му се посвети на својот работодавач, ќе стори сé за него, но сепак е во најдобра ситуација кога самиот себе си е газда.

    Лавот сака да биде опкружен со нови и тренди работи. Парите лесно му доаѓаат на Лавот и таквата позиција му дава раширени раце. Професиите како менаџмент, настава и политика исто така добро им лежат. Сé што го поставува на лидерска позиција, природно му одговара.

    Лавовите од својот живот го очекуваат најдоброто, а мора да се признае дека обично и го добиваат. Многу се успешни во љубовта и работата. Но сепак се егоистични и арогантни, но и нежни: токму квалитети какви што треба да поседува еден Крал!

    Затоа и не чуди што многу познати личности се родени токму во знакот на Лав како:

    Мадона
    Родена на 16 август, 1958г. во Беј Сити, Мичиген, САД

    Џенифер Лопез
    Родена на 24 јули, 1969г. во Њујорк

    Арнолд Шварценегер
    Роден на 30 јули, 1947г. во Тал, Австрија

    Антонио Бандерас
    Роден на 10 август, 1960г. во Малага, Шпанија

    Приказ на главните особини и карактерни црти на Лавот:

    Сила: Топлина, хумор, гордост, радост, креативност, страст, големо срце.
    Слабости: Ароганција, тврдоглавост, нефлексибилност, егоцентричност, мрзеливост.
    Харизматични ознаки: Кралевски манири, моќен, силен, мускулест.
    Работи кои ги сака: Театар, да биде обожаван, одење на одмор, забави со пријателите, скапи работи, светли бои.
    Не му се допаѓа: Да го игнорираат, соочување со реалноста, да не добива целосно внимание.
     
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Верувам,но не претерувам.
    Фемина најдобро ме има опишано 99% точно.
    Со оглед на тоа што сум дупла Водолија, а и дечко ми е Водолија...
    Сепак спротивностите се привлекуваат, а не различносте.
    Самиот знак ни е чуден,така да сме двајца лудаци секогаш спремни на се,
    што ќе наумат остварено е. :D
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Читам хороскоп понекогаш, но не верувам дека ѕвездите можат да ми предвидат што ќе ми се случи. :fubar:Верувам само во она дека некои карактеристики зависат од хороскопскиот знак како и компатибилноста меѓу одредени знаци.
    Инаку, сакам да споделам нешто со вас па за да не отварам нова тема, нека биде овде. :)

    Што мислат хороскопските знаци едни за други?

    Како Овенот ги гледа другите знаци:

    Бик - премногу спор, неактивен, досаден.

    Близнаци - цар.
    Рак - преголем плачко.
    Лав - добар, но не сака да признае дека сум подобар од него.
    Девица - чудак, но може да биде добро друштво кога сум осамен.
    Вага - неодлучна, премногу се труди да ме смири.
    Скорпија - искрено, немам мислење за неа.
    Стрелец - супер забавно друштво.
    Јарец - редовен кавгаџија, дури и кога е во право морам да му контрирам.
    Водолија - нешто сериозно не е во ред со неа.
    Риби - неверојатно слаби, без став.



    Како Бикот ги гледа другите знаци:

    Овен - премногу нестрплив, по малку и агресивен.

    Близнак - опушти се човеку.
    Рак - одличен е, но има сериозни проблеми со емоциите.
    Лав - на никој не му е гајле за тебе, престани да се фалиш.
    Девица - ми се допаѓа што е организирана, но некогаш е напорна.
    Вага - ми се допаѓа, но бара да ја третирам како кралица.
    Скорпија - забавна е. Не ја разбирам најдобро, но ми се допаѓа што има уметнички дух.
    Стрелец - ми се допаѓа како личност, но не и начинот на кој се однесува.
    Јарец - супер е затоа што сака да наредува, а мене ми треба некој да ме раздвижи.
    Водолија - ништо позитивно, затоа ќе премолчам.
    Риби - слатки, но ништо посебно.



    Како Близнаците ги гледаат другите знаци:

    Овен - забавен е, но има проблеми со бесот.

    Бик - дооооосаден.
    Рак - не ми се допаѓаат промените на расположението.
    Лав - премногу се фали, па затоа е забавен кога не сфаќа дека го зезам.
    Девица - мислам дека има опсесивно компулсивно пореметување.
    Вага - премногу се грижи околу својот излгед.
    Скорпија - кој?
    Стрелец - забавен е за глупости, но треба да си го реши проблемот со бесот.
    Јарец - се лути ако го допреш, затоа подалеку од мене.
    Водолија - понекогаш можеш да разговараш со неа, но често знае да ме извади од такт.
    Риби - премногу фантазира и не е забавно друштво.



    Како Ракот ги гледа другите знаци:

    Овен - зошто е толку груб?

    Бик - знае да помогне, има добра душа.
    Близнаци - не ми се допаѓа што семејството не му е на прво место.
    Лав - премногу е заљубен во себе, а не сфаќам зошто. Не е ништо повеќе од другите.
    Девица - симпатична, смирена.
    Вага - добра, но се грижи без причина, па станува напорна.
    Скорпија - одлично, баш тоа што ми треба.
    Стрелец - чудак! Ми се чини дека не му се допаѓам.
    Јарец - некои мислат дека наредува, но јас го сакам и таков.
    Водолија - што не е во ред со неа?
    Риби - сродна душа.



    Како Лавот ги гледа другите знаци:

    Овен - не е лош, но јас сум подобар.

    Бик - не е мој тип, подалеку.
    Близнаци - премногу зборува, но може да е забавен.
    Рак - пријатен, има добар карактер, но многу е срамежлив.
    Девица - не се грижи, чевлите и торбата ти одговараат. Сега, може да разговараме?
    Вага - брзото размислување за неа е мисловна именка.
    Скорпија - од непозната причина не сака да се дружи со мене. Како и да е...
    Стрелец - Најјак!
    Јарец - зошто си толку строг кон себе, а и кон мене?
    Водолија - чудна е.
    Риби - не. Никако.



    Како Девицата ги гледа другите знаци:

    Овен - потребно е да си ги утврди границите.

    Бик - океј, ама малку мрзлив.
    Близнаци - ужас, не знам кој ќе го пофали.
    Рак - добро, знае да помогне ако треба.
    Лав - ме вади од такт.
    Вага - не ја знам доволно добро, но ми изгледа ок.
    Скорпија - шармантна, сепак не можам да ја пофалам.
    Стрелец - забавееееен!
    Јарец - секогаш ќе ми биде омилен.
    Водолија - зошто е толку мрзлива за да ги заврши обврските, а за забава е секогаш подготвена?
    Риби - премногу фини. Премногу за мој вкус.


    Како Вагата ги гледа другите знаци:

    Овен - премногу разигран за мој вкус.

    Бик - хм, добар е, ама не нешто... не би го земала здраво за готово.
    Близнаци - интересен соговорник, одличен за совети.
    Рак - романтичен, пријатен кон другите, но постојано го менува расположението.
    Лав - шармантен, но и арогантен.
    Девица - секогаш сака да го достигне совршенството. Сакам и јас, но не по секоја цена.
    Скорпија - малку ме плаши.
    Стрелец - хаотичен, но супер лик. Имаме слични интереси.
    Јарец - и од него малку се плашам.
    Водолија - одлична смисла за хумор, но често знае да ги повреди другите.
    Риби - ми се допаѓа нивната личност, но премногу се срамежливи, па не знам за што би разговарале.



    Како Скорпијата ги гледа другите знаци:

    Овен - хахаха, не!

    Бик - ми се допаѓа, за пријател.
    Близнаци - премногу зборува. Всушност не престанува, исклучете го од струја!
    Рак - хм, добар, но мирен и повлечен за мој вкус.
    Лав - не е така лош како што кажуваат сите.
    Девица - не сум сигурна дека имам какво било мислење за неа.
    Вага - забавна, но не е доволно одлучна.
    Стрелец - забавен, но премногу детинест.
    Јарец - одличен, сериозен и одлучен, ми се допаѓа!
    Водолија - немам време за такви луѓе.
    Риби - симпатични, но срамежливи. Не сакам да им влечам зборови од уста.



    Како Стрелецот ги гледа другите знаци:

    Овен - супер, само премногу се натпреварува.

    Бик - не е баш забавен за глупости, но ја цени мојата смисла за хумор, па е добар пријател.
    Близнаци - забавни! Сакам да се дружам со вакви луѓе.
    Рак - би требало да излегува повеќе, кога е дома пропушта толку забави работи.
    Лав - го обожавам!
    Девица - ме нервира. Кој може да чисти 2 часа, кога има многу позабавни работи во животов?
    Вага - ме оптоварува со неважни детали, но е добар пријател.
    Скорпија - не знам што да кажам. Премногу е мистериозна.
    Јарец - зошто има толкава одбивност од мене?
    Водолија - феноменална личност! Секогаш кога одам по нејзин памет си поминувам незаборавно.
    Риби - не ми се допаѓаат, досадни се.



    Како Јарецот ги гледа другите знаци:

    Овен - добро, што прави со животов?

    Бик - ми се допаѓа, одличен е, но мора да се активира.
    Близнаци - те молам, замолчи!
    Рак - премногу сентиментален, но сака кога ми прави услуги, па често го користам.
    Лав - и ти замолчи, те молам!
    Девица - единствена личност на која можам да ѝ верувам.
    Вага - не, не ми е симпатична.
    Скорпија - мистериозна е, но ми се допаѓа.
    Стрелец - немам доволно навреди во речникот. Мислам, погледнете го, тотален хаос!
    Водолија - кој? Не знам таков човек.
    Риби - дали тука само јас мислам дека Рибите имаат две лица?



    Како Водолијата ги гледа другите знаци:

    Овен - премногу ризикува, ме нервира.

    Бик - вистински пријател, сакам кога е во близина.
    Близнаци - супер за разговор, но не и за забава.
    Рак - не сакам претерано чувствителни лица.
    Лав - ајде престани да мислиш дека си најдобар кога не си.
    Девица - зошто би се замарала околу тоа дали ламбата одговара со тепихот?
    Вага - одлично друштво, иако знае да ми досадува со своите дилеми.
    Скорпија - интересна, но ништо посебно.
    Стрелец - најзабавната личност на светот! Кога и да се најдеме на лудилото му нема крај.
    Јарец - воопшто не ми се допаѓа.
    Риби - и за нив не сум сигурна дека ги сакам.



    Како Рибите ги гледаат другите знаци:

    Овен - зошто е постојано лут?

    Бик - прекрасен и доверлив пријател.
    Близнаци - неговите шеги се смешни, но и злобни.
    Рак - сладок е и секогаш искрен.
    Лав - не би да го налутам, се плашам дека ќе ме повреди.
    Девица - премногу строга, треба малку да се опушти.
    Вага - многу ми се допаѓа, има сестрана личност.
    Скорпија - не знам зошто сите ѝ се плашат, мене ми е супер пријател.
    Стрелец - никогаш не ги напаѓај послабите, тоа имам да им кажам.
    Јарец - иако е доста омразен и често ги напаѓа другите, мислам дека не е лоша личност.
    Водолија - ми се допаѓа што е ексцентрична.


     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Хахахахахха амин!
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не е баш така. Има многу контрадикторности.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.