1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскоп: Атрибути

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Jule.Sk, 20 август 2013.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Само што го пронајдов ова :) Кога станува збор за атрибути знаеме да бидеме доста заинтересирани па погледнете што крие вашиот хороскопски знак ;)

    Овен - физички силни со изразени црти на лицето; средна до силна градба - спортски градени; имаат темен тен, голем број од нив имаат рамна и густа или црвена коса; оставаат впечаток на сила и енергичност; не се склони кон дебелеење; најчесто носат кежуал или спортска гардероба, а за свечени прилики избираат црвена боја.

    Бик - симетрично четириаголно лице и полни усни; округол нос, сјаен тен; телото им е пропорционално и секаде исто се здебелуваат; оставаат впечаток на меки, но силни луѓе; омилени бои на облека им се зелена и темнокафена.

    Близнаци - изразени очи и насмеано лице; многу подвижните припадници на овој знак, така и изгледаат: експресивно лице, помлади отколку што се, со долги раце и нозе; витки и со висока става; делуваат грациозно, неретко имаат истакнати мускули и неизразена половина; лесно се пронаоѓаат во различни стилови на облекување; омилени бои: жолта и сребрена.

    Рак - изразен нос и високо чело; округло лице со истакнати јагодици со округла брада и темна и не претерано густа коса; во младоста се витки, но подоцна качуваат по некој килограм вишок; краток врат и чувствителна кожа; целиот изглед им е суптилен и најдобро се чувствуваат во црна и бела боја.

    Лав - широко чело и густа коса се одлики на вистински лав; густата и сјајна коса им е заштитен знак; ги краси поширока челуст и убаво обликуван нос; мускулатурата им е силна, а омилени бои им се жолта и портокалова; сакаат тренди облека.

    Девица - витка градба и нежни црти на лицето; ако се здебелат прво им се гладе на рацете и на стомакот; телото им е симетрично и складно; имаат нагласени веѓи и јагодици, а сакаат неутрални и елегантни комбинации кои не се воочливи; омилени им се сините и зелените варијанти.

    Вага - овално и шармантно лице; повисоки се од просечно, често имаат впечатливи очи; долниот дел од телото им е посилен од горниот; сакаат да се дотераат и да го истакнат изгледот; омилени бои им се сите нијанси на сина и црвена.

    Шкорпија - широки рамена и магнетски очи; поприлично цврста физичка конституција; лицата им се впечатливи со сензуални усни и продорни очи; косата најчесто им е потемна и густа; сакаат да изгледаат убаво, но не и нападно; омилени бои: црна и сива.

    Стрелец - најубавата фигура во цел Зодијак; најчесто просечна или надпросечна висина; спортски градени; најчесто можат сами да си наштетат во поглед на тежината; долгнавесто лице, изразени сини/зелени очи; често проблеми со опаѓање на косата; сакаат спортски и кежуал изглед и неон впечатливи бои.

    Јарец - долг врат и ковчести рамена; делува неутрално; најчесто е низок или средна висина; големи и изразени очи; профилот на лицето е заоблен, со вовлечена брата, впечатливи заби и убава насмевка; сакаат убаво да се облечат, но не е и вулгарно, најдраги бои: зелена и кафена.

    Водолија - средна градба; склони кон дебелеење; полно лице и светол тен; мали дланки и стапала; убави нозе; убави очи и широка и мека уста; облеката не игра голема улога кај нив; омилени бои; лила и сина.

    Риби - привлечни и со убава кожа; одличен тен и убави црти на лицето; најчесто имаат округло или овално лице и силна и густа коса; горниот дел од телото им е потенок, а долниот заоблен и широк; очите им е најубавиот дел, а коските им се неизразени; омилени бои: зелена и црвена.
     
    На MarchelineAmaru и ohana им се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.401
    Физичкиот изглед и хороскопот: Кој е најдобро граден, а кој

    1. Овните се физички силни и со изразени црти на лицето. Спортски градени, а мускулите се забележливи дури и ако имаат вишок килограми. Најчесто имаат темен тен, густа коса и мазна кожа. Нивниот изглед остава впечаток на сила и енергија. Не се склони кон дебелеење. Црвената боја го истакнува нивниот карактер.

    2. Биковите се препознатливи по симетрично лице и полни усни. Носот им е округол, а тенот сјаен. Телото обично им е пропорционално, па ако качуваат килограми обично се распределуваат пропорционално. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и сила истовремено, се облекуваат елегантно, најчесто во зелено и кафено.

    3. Истакнати очи го красат насмеаното лице на Близнаците. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и делуваат грациозно иако немаат истакнати мускули. Имаат прилично неизразен струк. Омилена боја жолта и сребрена.

    4. Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела.

    5. Широко чело и густа коса се карактеристики на вистински Лав. Убаво обликуван нос, силна мускулатура. Омилени бои жолта и портокалова. Сакаат и спортски аутфит.

    6. Девиците се витки, а вишокот најчесто се насобира кај рацете и стомакот. Телото им е симетрично и складно како и цртите на лицето. Важат за убави луѓе. Сакаат неутрални и неупадливи комбинации во нијанси на сина и зелена.

    7. Вагите имаат правилни црти на лицето. Обично се повисоки од просекот, а целокупниот изглед делува софистицирано. Често имаат впечатлива боја или фора на очите. Сакаат да се дотеруваат и истакнуваат со изгледот. Сакаат нијанси на сина и црвена.

    8. Иако се слаби, Скорпиите делуваат силно и високо. Имаат нешто пошироки рамена од просекот и колкови. Лицата им се впечатливи, со сензуални усни, неправилен нос и продорни очи. Косата им е најчесто кафена и густа. Сакаат да изгледаат убаво, но не нападно. Омилени бои црна и сива.

    9. Стрелецот има најдобра фигура во Зодијакот. Најчесто се просечно високи и спортски градени. Но, овие природни карактеристики ги уништуваат со прекумерно уживање во храната. Имаат по малку долгнавесто лице и изразени сини или зелени очи. Често имаат проблеми со опаѓање на косата. Сакаат спортски и лежерен изглед, а омилени им се силните бои.

    10. Јарците имаат елегантен и долг врат и ковчести раменици. Најчесто се ниски или со средна висина, профилот на лицето им е заоблен, а најчесто имаат увлечена брада и впечатливи заби со убава насмевка. Сакаат нијанси на зелена и кафена.

    11. Водолиите се најчесто со средна висина или нешто пониски, со светол тен. Ако се здебелуваат често добиваат подбрадок, но ова се случува по 30-тата. Имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Широки меки усни, а омилени бои им се виолетова и сина.

    12. Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена.
     
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Физичкиот изглед и хороскопот: Кој е најдобро граден, а кој

    Немам изразен нос, е добро сега имам високо чело да, немам баш кружно лице и истакнати јаболчници, брадата не ми е ич округла, темна коса имам и тоа не претерано густа е тука е погодокот, имам чувствителна кожа, и воопшто немам краток врат. Суптилна сум и црна и бела воопшто не ми се омилени бои. А за ова дека после 30-тата качуваат килограми... :lol: Готово сега се помирив со судбината ми нема спас после триесетата. :D Господ да чува. :rofl:
     
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    да си ослабам сега после немам спас :D другото не е точно
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.340
    Главно е точно ,само што имам помала висина :D
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.459
    Пол:
    Женски
    4. Раковите имаат изразен нос и високо чело, кружно лице и истакнати јаболчници. Брадата е округла, косата темна и не претерано густа. Иако се витки, најчесто после 30-тата качуваа килограми. Имаат чувствителна кожа и краток врат. Суптилни се, а омилени бои им се црна и бела.

    Само болдираното е точно.
     
  7. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    12. Рибите имаат одличен тен, мека кожа и убави црти на лицето. Најчесто имаат округло или долгнавесто лице, со сјајна коса. Горниот дел од телото обично е потесен од долниот кој е заоблен и широк. Имаат сјајни очи и срдечна насмевка на која ретко кој останува рамнодушен. Омилени бои им се зелена и црвена.

    сјајна коса-точно
    горниот дел потесен-точно долниот имам широка коска но не сум дебела :lol:
    имаат сјајни очи и срдечна насмевка-точно
     
  8. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    425
    Хммм.. Немам изразен нос, за челото и лицето е точно. Имам светло кафена накај руса коса. Никогаш не сум била претерано слаба, (моментално сум најслаба во целиот мој досегашен живот и имам чувство дека уште ќе слабеам :emo: ) но не верувам дека ќе се здебелам многу. Би рекла дека најдобро се чувствувам во пастелни бои. :)
     
  9. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Се е отприлика точно..само што јас воопшто не ја сакам црвената боја... :x
     
  10. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Потполно е точно за риби, само што не ја сакам црвената :)
     
  11. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Има по малу вистина во ова некои делови се баш како за мене широки рамена,физича цврста конструкција,коса потемна и густа
    (не да ми е густа па имам и за распродажба)
     
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Рак - изразен нос и високо чело; округло лице со истакнати јагодици со округла брада и темна и не претерано густа коса; во младоста се витки, но подоцна качуваат по некој килограм вишок; краток врат и чувствителна кожа; целиот изглед им е суптилен и најдобро се чувствуваат во црна и бела боја.

    па има по нешто точно, по чиста случајност :)
     
  13. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.529
    Допаѓања:
    4.178
    Пол:
    Женски
    Не е баш погодено во боите :?:
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.340
    Допаѓања:
    8.464
    Препознајте го секој хороскопски знак по физичкиот изглед

    Понекогаш, не ви се потребни многу прашања за да откриете во кој хороскопски знак е роден новиот познаник кој ви се допаѓа. Изанализирајте го неговиот изглед и сами заклучете. :)



    Овен

    Овните се препознатливи по високото чело, нескротливата коса, агресивниот став и немирните движења.

    Бик

    Биковите најчесто се крупно градени. Имаат големи очи со спуштени капаци, полни усни, краток врат и широк граден кош.

    Близнаци

    Витки, со долги раце и нозе, немирни со гестикулациите и многу брзо зборуваат. Имаат правилни и остри црти на лицето.

    Рак

    Раковите се таинствени, не зборуваат многу, но привлекуваат погледи со атрактивниот изглед. Жените пак, имаат неодоливо бујни гради.

    Лав
    Лавовите ги краси нескротлива коса како гривата на лавовите. Имаат кралско држење и храбар пристап.

    Девица
    Девиците имаат бебешко лице, витка линија и поглед кој ве анализира од глава до петици. Исто така, ги краси дискретен хумор и постојана блага насмевка.

    Вага

    Вагите имаат секогаш правилни црти на лицето, често пати дупчиња на образите и широка насмевка. Жените имаат висок струк и нагласени колкови.

    Скорпија

    Скорпиите се препознатливи по својот поглед во кој можете да се изгубите, прекрасни очи и интензивни црти на ликот.

    Стрелец

    Стрелците имаат високо чело, прекрасен говор, лесно движење, младоликост и развиени раменици.

    Јарец

    Јарците имаат подолг нос, изразено лице, витка фигура, нагласени раменици и чист тен.

    Водолија

    Карактеристични за нив се спуштените очи, блескавата насмевка, меката кожа и темната коса. Познати се и по грациозниот став.

    Риби

    Рибите ги краси шармантна насмевка, привлечни крупни очи и пријатен глас.
     

    Прикачени фајлови:

  15. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    погодивте за риби само малку со боиве е шитосано,е сеа во врска со косава не ми е цвста мравка да се обеси на влакново мое ке се скине и ке преживи,за заоблено да ,ко тие вазните од херкулес цртанот сум,горе тесно,доле чоа тенџере за ајвар широка. A за тоа дека имам убави црти точно е,а и правилно ми се распоредени,а ко шо тргнало и очиве ке ми се убави,cамо да досредам веѓиве ко шо сакам ја... :devil:
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.707
    Пол:
    Женски
    Во поголем дел е така, за мојот знак.^_^
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.788
    Допаѓања:
    24.964
    Пол:
    Женски
    Точно :D фигурата на песочен часовник . Широки рамења со тесен струк и широки колкови . Највеќе си наштетувам со благо |( . Очи зелени со светло кафено . Косата ми паѓа откако знам за себе . Не периодично , туку константно . Само има периоди кога паѓа повеќе или помалку . Висината ми е просечна :D . Сакам спортски/кежуал изглед , неон бои само ако сум целосно во една боја и сакам да разбијам монотонија со неон боја :D .
    На пример ваква комбинација :^)
    [​IMG]
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.707
    Пол:
    Женски
    Комбинацијава е топ!
    Браво за изборот на фоткава.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.