Водолиите кои се харизматични делуваат на принципот на магнет. Топло – ладно, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги „прочитате“, па затоа уште повеќе ве привлекуваат за да откриете за што всушност се работи. Ова е веќе вселенска харизма која е тешко да се објасни. себеси искрено не се сметам за харизматична личност
Девиците кои имаат харизматични аспекти добро ги подготвуваат своите настапи, го проучуваат секој детаљ и внимаваат на секоја ситница. Тие се организирани харизматици, а привлекуваат со шармот.
Скорпиите се класичен пример за харизматичен знак кога се работи за личност која привлекува на таинствен начин и не и паѓа на памет да открие што и е на ум. Драстичен пример се личности кои што можат да ги хипнотизираат другите. Прашање е само дали харизматичните Скорпии се конструктивно или деструктивно насочени. Pa poveketo e tocno.
Според некои луѓе , да . Според други , не . Сум приметила дека , кога и да влегувам во просторија со многу луѓе , сите ме погледнуваат , макар и на неколку секунди . Ова го забележав прв пат на мои 16 години . Не беше важно што носам . Сум била и по тренерки на кафе , и секогаш сум привлекувала нечие внимание . Некои машки ме имаат видено во најлошо оздание ( ненашминкана , во тренерки , со полумрсна коса итн . ) , а сепак ми се пуштале . Секогаш ме интересирало што ги привлекува нив во такво издание . Го прашав маж ми , како особа од спротивен пол , и не знаеше конкретно да ми каже освен - цела . Ден денес е ист случај . Иако одамна веќе немам 17 , иако сум здебелена 20 кг .. пак осеќам туѓи погледи на себе во маса луѓе , иако отсекогаш настојувам да сум пристојно облечена ( не со цицки и газ на мегдан ) . Ваљда до харизма е .
Ние стрелците сме природно харизматични, од 10 шеги ќе погодиме барем 2 да насмееме некој така да сме и смешни, исто така сме и доминантни кон другите хороскопски знаци бидејќи имаме стрела а они немаат ништо.
Сум. Ме забележуваат и кога не сакам. Сите замолчуваат кога јас почнувам да зборувам, како да кажувам нешто од животно значење.
Спрема други не се така културни, па пишувај ти од инает колку сакаш. Ако немаш харизма и шарм, не значи дека не постојат, јас имам видено исклучително шармантни луѓе, проблем е што се ретки.
The best. ^Инаку како не постои харизма и шарм? Баш има луѓе што се двојат со тие особини, едноставно не може да не ги забележиш.
Лично мене може да ми биде шармантен или харизматичен некој натпросечно убав маж, покрај тоа да е и многу богат,угледен...Ете таквите се ретки. Е сега кај тебе или било кој друг што сам се смета за шарментен или другите го сметаат за таков, сигурно ги привлекува нешто друго, можеби изглед,интелегенција, култура или едноставно си мила личност,или пак едноставно по нивен вкус си било изглед или карактер. Не верувам дека постои шармот и харизмата вака општо за било кој. Тоа се вика за некој што привлекува многу број на луѓе, има многу обожуватели, бла бла, ама сепак јас мислам дека се е до вкусот каков тип на личности ни се допаѓаат Ете на почеток на постот пишав какви луѓе ми се,, шармантни ''
Не сум харизматична, маж ми е на пример многу, таква ѕвезда има. За хороскопот ми пишува дека сум била харизматична. Лажат.