Шампион за убавина и естетика е Вагата. Имаат око како детектор и можат да ги проценат луѓето со стил. Сакаат покрај себе личност која изгледа... Со слични карактеристики се и Лавот и Девицата. Лавот прв паѓа на луѓе со добар изглед, реагира на класична, вечна убавина обоена со сексипил, додека Девиците пак сакаат посталожени личности, интелектуалци и уредни девојки/дечки. Стрелците се познати по уживањето во животот, па така и ги регистрираат припадниците на спротивниот пол. На нив им се важни и карактерот и авантуристичкиот дух. Водолијата сака егзотични ликови, припадници на друга раса и поднебје. Бикот е оној кој најмногу сака шармантни личности, изразито машки особини и облини кај жените, расна и вистинска убавина. Скорпијата е трагач која не ја интересира убавината - повеќе сака партнер кој ќе ја забавува. Овенот исто не е заинтересиран за убавината: ако некој изгледа прекрасно, а е празен во душата - нема воопшто ни да го погледне. Рибите имаат свои стандарди за убавина - често ги заинтригираат луѓе кои се далеку од идеални, кои ќе предизвикаат вибрации кај нив. Јарецот дури и се плаши од совршени луѓе и секогаш е внимателен со нив. Тој сака нормална, природна, атрактивна личност. Раковите сакаат убави партнери, но маните ги сметаат за симпатични. За цврста врска пресудна им е емотивноста. Близнаците ретко паѓаат на убавина. Повеќе го ценат односот и комуникацијата. Сепак не одолеваат на згодни и шармантни заводници.
Па за мене и за тие јас што ги знам убаво тврдам, секој нека напише тоа што знае. А овие статии не се точни, онака ги пишуваат, за занимација.
Па која не би сакала уредни и средени мажи, шармантност, култура ? Доколку зборуваме за физички изглед, и која нема одреден страв од така наречени ''совршени мажи''? Авантуристички и егзотичнo настроени партнери? Мислам дека е до личноста на девојката, не хороскопот.
Јас немам страв од ништо и од никого и не сакам егзотични лица Мене ми пишува дека не ме интересира убавината, а не е точно. Точно е дека не би била со некој што е плиток и дека нема да го забележам колку сака нека е убав, ама тоа не значи дека не ме интересира убавината кај некој друг.
Стрелците се познати по уживањето во животот, па така и ги регистрираат припадниците на спротивниот пол. На нив им се важни и карактерот и авантуристичкиот дух ТОЧНО
Раковите сакаат убави партнери, но маните ги сметаат за симпатични. За цврста врска пресудна им е емотивноста. така некако
Стрелците се познати по уживањето во животот, па така и ги регистрираат припадниците на спротивниот пол. На нив им се важни и карактерот и авантуристичкиот дух. точноо
Близнаците ретко паѓаат на убавина. Повеќе го ценат односот и комуникацијата. Сепак не одолеваат на згодни и шармантни заводници. Ко скроено за мене
Апсолутно погодено! Многу повеќе ценам однос и комуникација...Можно е да паднам под мало влијание на нечиј шарм или убавина ама се е моментално и брзо пролазно!
Близнаците ретко паѓаат на убавина. Повеќе го ценат односот и комуникацијата. Сепак не одолеваат на згодни и шармантни заводници.