Хороскоп и игри на среќа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од PogbaPol, 18 септември 2017.

  1. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    10.370
    Пол:
    Машки
    Кој хороскопски знак е најсреќен, кој е подготвен да оди докрај, а кој игра на сигурно од хороскопските знаци!?

    [​IMG]

    Овен – играта е за вас голем предизвик, сè ќе ставите на коцка само да победите, па за вас важи поговорката: Кој ризикува, тој добива. Ако „намирисате“ борба, ќе се борите до последната капка крв. Најмногу ги сакатe спортските кладилници во кои умеете да оставете многу пари. Во покер може да бидете успешни ако му се препуштее на инстинктот, а на на хиподром треба секогаш да се кладете на најдобриот коњ. Одлично ви оди во стратешки игри, како што е „монопол“.

    Бик – Среќата ви е наклонета било да се работи за добиток во казино или на карти. Рулетот е игра која ве мотивира, но не можете да му одолеете ни на „монополот“. И помала количина на пари за вас е доволна причина да се загреете за игра, но штом осетите дека хазардерсвото ги пoмине границите, сe повлекувате затоа што сте претпазливи. Добро ви одат индивидуалните игри, како и обложувањето со коњи.

    Близнаци – Поседувате голема фантазија за измислување игри, особено оние кои до израз доаѓаат вашата интелигенција, способност , снаодливост и рационален дух. Иако коцката во јамбот ја вртите со голема брзина, немате трпение за коцкарски игри. Сепак, ве привлекуваат слот-машините на кои бргу може да заработите големи суми пари со мали влогови. Нсјдоброто од себе го давате во игрите на интелигенција и квизови.

    Рак – Среќата знае да ви се насмее тогаш кога најмалку се надевате. Ви се случува само да помислите на одредени броеви и во сон ги гледате как се појавуваат, поради што касиното е идеално за вас. Меѓутоа, поради вашата опуштена и лежерна природа не ви се препорачуваат игри на отворено или оние кои бараат посебна ментална активност. Слободно прогнозирајте ги спортските натпревари и оставате да ве води интуицијата.

    Лав– За вас не важи Кубертеновата изрека: Доволно е да се учествува, затоа што вие по секоја цена сакате да победите. Благодарение на силата на волјата тоа често ви оди од рака и тогаш доминирате во играта. Сепак, повеќе среќа имате во игрите за двајца, а пинг-понгот е како создаден за вас. Исто така може да имате успех во хазардни игри, особено ако го збуните непријателот.

    Девица – Компјутерските игри, сложувалки, крстозбори и игри кои бараат посебна конценрација се како создадени за вас. И шахот е игра од која често излегувате како победник, пред сè затоа што можете да го предвидете следниот чекор на противникот. Кога ментално ќе се „задлабочите“ во некоја игра, по неколку часа може да заборавите на службените маки. Сјајни сте и во игрите кои бараат добра меморија. А што се однесува до парите храбри сте и умеете да инвестирате.

    Вага – Во светот на играта внесувате вродена смисла за убаво, многу такт и лежерност која ја негувате во односот со другите. Ве привлекуваат друштвени игри, особено оние организирани во текот на некоја прослава. Во недостаток на омилени монденски случувања, ќе се задоволите со семејна томбола, но пред сè сакате јавни места. Среќа ве следи и на натреварите за убавина. Дури и продажбата на уметнички дела го доживува како своевидна игра.

    Шкорпија – Со таква сериознот и страст влегувате во игра и во наједноставниот момент не се опуштите во потполност. Иако не сте директно привлечени со материјална добивка, сепак парите за вас се додатен мотив. Сонот кој го сонувавте предходниот ден може да ви донесе добитна комбинација во лото игрите. Поради вашите моќи и парапсихолошки моќи можете да предвидите потезите на противникот, особено во игрите со карти.

    Стрелец – Иако имате среќна рака и често добивате отколку губите, најголема мана ви е нетпеливоста. Добро ви одат игрите кои се однесуваат на спорт или туризам, иако и во квизовите можете да покажете завидно знаење. Исто така, имате предиспозиции за добиток на коњски трки, па би било добро почесто да посетувате хиподром. Коцката како да ве слуша, затоа немојте да го пропуштате ни тој вид на игра, а додека во „монопол“ често имате главна улога.

    Јарец – Ефикасност и смисол за практичност ве прават способни за организирање на било кој вид активност, па така и играта во која намногу ве интересира методологијата и организацискиот аспект. Поради таквиот став често не можете да се опуштите. Сепак, постојат игри кои потполно ве стимулираат поради конкретната содржина. Интересот за антиквитети ве прави успешен во натпреварувањата кои имаат врска со колекционерство, а добри ви се шансите и во лото-игрите.

    Водолија – Секоја игра бргу ви здосадува, иако често излегувате како победник. Среќата ви се насмевнува секој пат кога владетелот Уран ве натера да ризикувате се менувајќи го стилот на игра и правејќи непредвидливи потези. Тогаш до израз доаѓа вашата бунтовна природа со која умеете да го поразите противникот. Ве привлекуваат компјутерски игри, особено оние кои се во основа брзи,а уживате и во маѓионичарски триковии, било да ги покажувате вие или само сте набљудувач.

    Риби – Интуитивни сте, склони кон пороци и секогаш знаете некој таен „трик“ како да дојдете до пари. Ве привлекуваат различни ризици, а најмногу ви одговара ат игрите со карти и натпревари поврзани со ликови од митологијата и легендите. Од сите игри кои се случуваат околу вода и во неа, како што се, на пример, ватерполо или одбојка во вода, често излегувате како победник. А благодарение на добриот слух и чувстото за ритам, имате шанси и во музичките игри и сложувалки.
     
    На Dadusicka, baba Rada, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.641
    Пол:
    Женски
    Треба да се испроба среќата, ако не играш, нема да добиеш. :)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.078
    Допаѓања:
    21.288
    Пол:
    Женски
    Како ми налага хороскопов , најголем коцкар треба да станам :rofl: . Не знам за игри на среќа , ама на квизови од забавен карактер , добро ми оди :D .