1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хороскоп: од што се плашите

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Twetty.swetty, 6 септември 2012.

  1. Twetty.swetty

    Twetty.swetty Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Овен - Страв од ропство
    Овните се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое застрашување делува како предизвик за нивната вродена храброст.

    Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ.

    На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“.

    Бик - Страв од сиромаштија
    Добро испланираниот живот кој го водат биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува.

    Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето.

    Во својот “имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба.

    Близнаци - Играта ги штити од страв
    Земајќи во предвид дека се сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се уплашат од нешто успешно го прикриваат тоа.

    Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите.

    Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли.

    Рак - Фантазиите ги хранат стравовите
    Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството.

    Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите.

    Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија.

    Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените.

    Лав - Страв од предавништво
    Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех.

    Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината.

    Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја.

    Девица - Страв од неред
    Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро. Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение.

    Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата.

    Вага - Страв од караници
    Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите.

    На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами.

    По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања.

    Скорпија - Страв од немоќ
    На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток. Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности.

    Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување.

    Стрелец - Страв од притисок (искористување)
    Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв.
    Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв.

    Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата.

    На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода.

    Јарец - страв од туѓо мислење
    Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа. Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства.

    На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име.

    Водолија - Грижа за целиот свет
    Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како - насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив.

    Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер.

    Риби - Страв од се живо
    Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта.

    Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    хороскоп:од што се плашите

    За јарец...делумно точно
     
  3. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    хороскоп:од што се плашите

    вага......па точно е
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    хороскоп:од што се плашите

    Се е точно! ;)
     
  5. Ana122

    Ana122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    хороскоп:од што се плашите

    Риби - Страв од се живо
    Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта.

    Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.

    Ова е точно. Како мала па дури до лани се плашев од духови, и не само од тоа и од други многу работи
     
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    хороскоп:од што се плашите

    -Се е максимално точно, јас ретко кога се плашам, а се ми е како на игра! :D
     
  7. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    хороскоп:од што се плашите

    :D леле точно за вагата
     
    На simpaticnaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    хороскоп:од што се плашите

    Точно е :) :)
     
  9. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    хороскоп:од што се плашите

    ...точно е за вага од збор до збор :D
     
  10. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Се освен едно.

    По никој случај. :fubar:
     
  11. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Лав - Страв од предавништво
    Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех.

    Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината.

    Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја.
    ХМ!
     
  12. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Па делумно е точно.
     
  13. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Рак - Фантазиите ги хранат стравовите
    Полесно е да се каже од што НЕ се плашат.

    Точно.. премногу точно. :lol:
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    за рак, па... има нешто точно :)
     
  15. sweet.cookie

    sweet.cookie Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Лав - Страв од предавништво
    Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех.

    баш така ;)
     
  16. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Точно за некои ракови, но не и за мене.
    Се сложувам дека фантазиите ги хранат стравовите.. но не за останатото.
    Параноичен страв од преселба !? :o
    Ма нее, преселбата воопшто не ми предизвикува чувство на страв.. Од новости не се плашам.
    Ама од
    ми се гади. :envy:
     
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    ЕЕЕ браво ако нејдеш некој пољубоморен од мене јави ми се :D :lol: Јас сум бик и мноогу сум љубоморна, НО во смисла на љубовта, доколку мојата симпатија погледне некој или на неговата девојак во таква смисла или доколку мојата другарка не ми обрнува на мене внимание туку на друго девојче а во смисла на родителите и купиле поклон на мојата сестра на мене не или тој бил побогат од мене ималк нешто поубаво од мене во таква смисла ВООПШТО не сум љубоморна а дека се грижжиме за својот имот да се грижам се се што ми припаѓа и нешто најмало да е ако го загубам ке го жалам со години :D :D
     
  18. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Водолија - па делумно точно :)
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Риби - Страв од се живо
    Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта.

    Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.

    Точно е рибите се доста чувствител знак па затоа и реагираат на се не дека се плашливи туку емотивно доживуваат се.
     
  20. 117111

    117111 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Се е точно за ракот