@Lella, на страна Барнумовиот ефект, за секоја појава, вклучувајќи ја и астрологијата, можеме прилично едноставно да донесеме заклучок дали е вистинита или не, ако поставиме само 2 прашања: На кој принцип функционира? и Какви резултати дава? На првото прашање – Како функционира? – никој, дури ни астролозите (кои нели се стручњаци од својата област) не може да даде одговор. Затоа што механизам според кој би функционирала и не постои. Небесните тела делуваат на Земјата (и на луѓето) само преку гравитацијата, и ништо друго. Ефектот на гравитацијата на Земјата врз човек со тежина од 50 kg е 500 N. Ефектот на Сонцето на истиот човек е 0.06% од ефектот на Земјата. Ефектот на Месечината е уште помал – 0.00035% од 500 N, а оној на Јупитер е 0.0000037%. И тоа, овде збориме за тела кои се големи или во релативно голема близина на Земјата. Но, тука се работи за гравитацијата, која зависи исклучиво од масата на објектот (човекот), а не од денот кога е роден и која, дефинитивно не може да влијае на нечиј карактер. А што е со соѕвездијата? Соѕвездијата се човечки измишљотини – сликички кои луѓето од минатото замислувале дека ги гледаат на ноќното небо. Често пати, нашите соѕвездија се создадени од ѕвезди од различни сончеви системи, оддалечени милиони светлосни годнини меѓу себе. Што значи, нивната поврзаност е чисто субјективна, од нашиот аспект како посматрачи. Друго, бидејќи се оддалечени светлосни години од нас, шансите се ѕвездите од нашите соѕвездија повеќе да не постојат се големи – едноставно, „информацијата“ за тоа сеуште не стигнала до нас, поради ограничената брзина на светлината. И така натаму. Астрологијата не функционира на ниту еден познат или замислив принцип – положбата на планетите, ѕвездите и соѕвездијата во моментот на нашето раѓање не може никако да влијае врз ништо, а најмалку врз нашиот карактер. На второто прашање – Какви резултати дава? – доволно е да земеме 10 различни весници или да ѕирнеме на 10 различни страни. Шансите се дека во сите 10 за нашиот знак ќе има различен хороскоп. Океј, ќе рече некој, дневниот хороскоп нема врска, наталната карта е она правото! И тука важи истото – дајте ги вашите податоци на 10 различни астролози и ќе видите дали ќе добиете идентични резултати или не. Слични – можеби (но, не мора да значи). Но, ако астрологијата навистина функционира, тогаш би требало вашата натална карта да биде идентична, без разлика кој астролог и да ја правел. Џејмс Ренди, истиот од видеото погоре, испратил податоци (точен датум и саат на раѓање) на познат сериски убиец, наместо сопствените, до различни астролози – за да му направат натална карта. Се разбира, ниту една од негативните карактерни особини кои ги имал серискиот убиец не се појавила во картите. Ете и тие колку се точни. Освен тоа, Ренди цела година работел инкогнито, како астролог во канадски весник, под псевдонимот Zo-ran. Дневните хороскопи ги правел така што сечел стари хороскопи од различни списанија, ги влечел од шешир и ги распоредувал на random по астролошките знаци. Сепак, огромен број на луѓе ги оцениле како неверојатно точни и прецизни. На страна од овие ненаучни „експерименти“ на Ренди, направени се и голем број научни истражувања за астрологијата и сите го велат истото она што ни го кажува и здравиот разум - астрологијата не функционира, барем не подобро од обично нагаѓање или cold reading. Поентата ми е – во прилог на астрологијата нема ниту еден единствен доказ – се се сведува на човековата желба да верува, да наоѓа поврзаност и онаму каде ја нема, многу селективната меморија (ги памти „погодените“, ги заборава „утнатите“ прогнози), склоноста кон генерализации и да не ги заборавиме, секако, коинциденциите. П.С. За разлика од Лела, јас нема да бидам толку фин и да се извинувам за должината на текстот – кој сака нека го прочита, кој сака нека си продолжи да верува дека судбината му е запишана во ѕвездите – на крајот на краиштата, сите знаеме дека недостатокот на докази за нешто не е доволна причина за луѓето да прекинат да веруваат во тоа.
Јас не верувам дека ѕвездите ја одредуваат судбината, туку положбата на ѕвездите ја гледам како показател на процеси кои се одвиваат. Проекција, на некој начин, без примена. И ми нема ништо натприродно или паранормално тука, мора да постои логично објаснување во склоп на науката, само не е избран соодветен пристап. Предрасудите се оправдани, бидејќи низ историјата, астролозите забегувале (побајаги) во екстреми: предвидувања, врачања и лечење болести врз база на хороскопски знак
Jas ne se slozuvam, ko za primer zemi ja mesecinata I vlijanieto vrz zemjata plima I oseka isto I na nas deluva, za sonceto isto a tokmu sonceto e vo nasiot podznak ,itn horoskop za znak ili dneven horoskop normalno DEKA ne moze da bide tocen no natalen ili konkretno horoskop na edna licnosti e tocen no toa ne znaci DEKA sudbinata ti e skroena tuku moznosti koi ti gi nudi, a koj pat ke izberes toa e tvoe