Ме интересира какво е вашето искуство или сознание какви се условите, платите за хотелски пресонал (собарки, келнери, рецепција, итн) во Скопје и низ целата држава.
Премногу зависи од самиот хотел. Во поелитните хотели условите за работа се многу построги, ама и платите се подобри. А, платата знае да им варира и сезонски. За во еден хотел, да не кажувам кој, ги знам овие плати: рецепција 15 000, па им ја намалија на 12 000. Собарките земаа по 12 000, ное беа малку на број и работеа турбо. Келнерите земаа по 24 000 во сезона(работеа нон стоп на нозе и беа најплатени таму).
Помалите хотели низ Скопје обично имаат само 2-3 вработени кои во истовреме се и келнери и рецепција и собарки и им даваа дневници, 400-500 ден. плус бакшиш ако ти остават гостите.