Хотел за домашни миленици

Дискусија во 'Дом' започната од Doberman, 18 март 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Подолго време имав желба да отворам хотел за домашни миленици, хотел во кој што домашните миленици ќе се чувствуваат пријатно исто како да се дома, и нема да се чувствуваат „напуштено„ од своите сопственици додека се на пат или одмор.

    Имам голема куќа во Волково (викендица) со огромен двор од 1.800 м2 и одма над куќата има убава планина со рекичка.
    Во план сум да отворам хотел за миленици, првенствено наменет за кучиња (а може и за хрчачиња,морски прасиња,зајчиња,папагалчиња,желчиња и сл.).

    Сеуште се прави планот каде и како ќе бидат сместени боксовите.
    Големите раси на кучиња ќе престојуваат во боксовите, а додека малите раси може да престојуваат со нас внатре во нашиот дом.

    На располагање ќе им биде огромен двор од 1.800 м2 во кои ќе можат да се растрчуваат и да си играат, а доколку сакате ќе бидат шетани и по планината.

    Засега сум во почетна фаза но на пролет планирам да започнам со правење боксови и сите потребни работи што одат околу чувањето на кучињата.

    Храната ќе биде истиот бренд со која што ги храните дома, но ако не јадат дехидрат (сува кучешка храна) и ако сакаат домашно готвено јадење, ќе им биде спремено исто како што го припремате вие дома.

    Исто така планирам да поставам и базен во кои што ќе можат кучињата да се разладуваат во топлите жешки денови.

    Јас како што гледате по советите што ви ги давам, имам големо искуство со кучиња а тоа мислам дека е најважно кога некаде го оставате вашето куче на чување. Го оставате кучето во раце на човек кој што ги познава кучињата и се разбира од кучиња.

    Се надевам на пролет ќе ја реализирам мојата идеја и ќе ми биде мило доколку вашите четириножни пријателчиња бидат гости во нашиот хотел :)
     
    На Cinderfakinrella, anuskaNESTLE, Oscar Lady и 24 други им се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Многу добра идеја :clap:. Браво за замислата и дај боже да си ја оствариш.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.819
    Доберман капа ти спуштам и на самата помисла да реализираш вакво нешто. Браво :clap:
     
  4. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    одлична идеја :) се надевам дека ќе се реализира во скоро :))) позз :))
     
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Благодарам на сите за поддршката :*
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Кога имаш талент и замисла штета е тоа да отиде узалуд, па навистина се надевам дека планот ќе ти се оствари :)
     
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Во холивуд стил :) .......... Само без холивудски цени :P :) хехе со среќа Доберман :clap:
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Доберман браво, јас те познавам од друг форум и професионалец си, во се помагаш, секогаш си тука за добри совети.
    Со среќа во реализирањето на идејава.
    Има во Скопје уште 1-2 хотели колку што знам и се букирани постојано посебно во летните денови.
    Навистина е проблем што да се прави со кучињата кога цело семејство е на одмор пример.
    Јас го имав тој оооооогромен проблем летово, не можев самојед да земам на одмор на 45 степени, а плус и големо куче а и немаше никој да не прими со него да отидевме :D Кога станува збор за големи кучиња обично се забранети во оние просечни хотели. Среќа во куќа сум со роднини па они го чуваа, а и дечкоми доаѓаше секоја вечер да го шета. Мислам дека тој период ме мразеше дечко ми, додека јас се сунчав он кучето ми го шеташе :D .
    Се надевам на голем успех домерман ;)
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Идејата ти се супер.
    Се надевам овој "бизнис" ќе се прошири и низ останатите градови.
    Сепак голема инвестиција е, но не сум упатена колку е исплатлива.
    Како и да е, идејата прекрасна!!!
     
  10. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Хехе, и јас те знам тебе од другиот форум ;) , фала за убавите зборови, и да, со задоволство им помагам на луѓето кои што се интересират и сакаат да научат нешто повеќе за своите миленици :)
    Мене ми е мило да го поделам моето знаење со вас, а уште помило ми е што ме прашувате за совети и што се интересирате за вашите миленици.

    Уште еднаш, фала ви на сите за поддршката и убавите зборови. :*
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Имаш поддршка и од мене!!! Браво за идејава, конечно ке имам каде да го оставам кучето кога одам некаде. Да не се замарам со моите, да го чуваат. Стварно супер идеја! Се надевам дека ке се реализира и ке имаш многу успех во оваа работа!!!
     
  12. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Хехе..баш пред некој ден му велам на татко ми: „Тато, нема ли некоја градинка за кученца да го оставиме и нашето?“ (оти не секогаш сме дома) И ете гледате и тоа ќе постои наскоро. Штета што е во Скопје :( Кај нас во Штип нема такво нешто па морам моето кутре да го оставам само дома :| Браво за идејата во секој случај и дај Боже да се реализира. Со среќичка! :*
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Доберман и мене ми е животен сон кога ќе бидам голема и кога ќе имам пари да имам дом или хотел за миленици :) Моето куче гостин ќе ти биде ти ветувам :lol: Стварно ти ја подржувам идеава , само напред :)
     
  14. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Доберман, ти посакувам МНОООООООООООООГУ среќа, и успешна реализација на твојата замисла зошто тие сонциња заслужуваат се најдобро, а јас лично како некој што чува куче би ми било многу полесно да одам некаде, бидејќи ке знам дека во секое време моето куче би добило професионална нега додека мене ме нема... Браво за идеата :inlove:
     
  15. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Одлична идеа, се надевам дека ќе ти се оствари :)
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.152
    Доберманке и од мене имаш поддршка. :up: Браво за идејата и за твојата неизмерна љубов кон животните :clap:
     
  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Благодарам уште еднаш на сите за поддршката и убавите зборови :*
     
    На Klaudi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Кога го видов насловот морав да ја отворам темата :D Идеата ти е одлична :D Јас сакам да земам некое милинеиче дома куче или маче ама не можам да нјдам :D Имав пред некое време3 или 4 мачки ама сега ги нема :worried:
     
  19. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Од се срце ти посакувам твојата желба да ја реализираш,ако биде така мојата принцеза ќе биде најредовен посетител :*
     
  20. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Доберман идејата ти е навистина прекрасна, искрено се надевам дека ќе ја оствариш што поскоро и дека ќе го посетиме хотелот, само незнам како би можела да постигнам секој ден да го носам кутрето до Волково па после да одам на работа, искрено многу пат ми е секој ден да ја возам таа дестинација два пати, ќе прашам во тоа зоовет карши универзална или ако има некој друг дневен престој во центар што го бива, а се надевам дека многу ќе се дружиме во иднина во твојот хотел за време на викенди