Идејата е делумно реализирана ... дома чувам по 1 куче. А на пролет кога ќе ги направам боксовите ќе чувам повеќе кучиња
Ајде па одкога ќе се оствари тој проект да го видиме како изгледа и да се подружиме со кучињата, ако!?
На Анимал планет имаше слично со оваа тема, ама не го догледав, видов само дека кучињата ги чуваа во едни ко кафези со жица.
Колку добра идеја и јас порано сакав да направам нешто такво но се откажав,се надевам дека идејата ке ти се реализира. Со срека
И јас сакав,да направам нешто како ова но сеуше сум мала.Сакам да имам едно кукиче каде што ке ги чувам животните,додека нивните сопственици се на одмор. Се надевам дека ке се реализира
Инаку има и сега во Скопје неколку хотели. Само ова ќе стане голем хит, така да ти посакувам Доберман успешна реализација, па да ти дојдеме на отварање со нашите миленици Eве ги хотелите Булканиа ул.2 бр.12, Долно Соње, Скопје , (02)2746193 Зоо Вивариум Пиринска 42, хотел Амбасадор, Скопје , (02)3232133 email: zoovivarium@yahoo.com Зоовет-центар Мајаковски 21, Скопје (02)3130142 email: ZSENKOVSKI@HOTMAIL.COM http://www.zoovet.com.mk/petsHotel.php Ветеринариа Козле 88, ТЦ Козле лок.5, Скопје , (02)3086686 Ана Јовановска Димо Хаџи Димов 55, Скопје , (070)541314 ХОТЕЛ за домашни миленици. (02)3130142, (070)565776 Hari (Rojal Kanin) 3130-142 Војо (Пансион за кучиња) 070-571-315 Бар-вет адреса: бул.1-ви Мај 243 место: Битола (071) 588 983 Ова е Urban Tails Dubai, првиот хотел со 7 ѕвезди во светот, во Дубаи нормално
Одлична идеа! Браво Многу ми се допаѓа иејата, се надевам ке се реализира Кога ке се отвори хотелов, се надевам ке бидеме поканети на свеченото отварање Веќе отприлика го замилсувам како би изгледал Со среќааа
замислете кој шок ќе биде за сиротите кучиња првите дена, ќе мислат газдата ги оставил за греотка бре!
Јас искрено сум многу против овие хотели за кучиња и тоа со право.На мој многу добар пријател кученцето кое имаше само 4 месеци му фати вирус додека беше во таков хотел,и по ветеринарни болници го носеа,кај се не...Џабе,пак си умре кученцето.Неможам да ви опишам колку беше слатко,инаку Бигл. Но,сепак идеава на Доберман ми се чини толку добра,што мислам дека можам да му дадам совет плус да внимава на кушиња кои не се вакцинирани,да не се мешаат многу со другите.Инаку,ја имаш целата моја подршка!Ако се направи нешто такво ќе биде многу популарно и верувај ми ќе имаш добра заработувачка.
Само да се надоврзам на муабетот. Во хотел или пансион за миленичиња не се нафаќаат да чуваат миленик без соодветна здравствена книшка и секако примена ампула против болви и крлежи. Исто така првото прашање што ти го поставуваат кога се договараш да го носиш миленикот е секако, дали е под некаква терапија и доколку е, не се нафаќаат да го чуваат.
Супер, прекрасна идеја. Браво! Не знам дали си го отворила хотелот, но сепак ти посакувам голем успех...
Браво за идејата, ако се реализира ќе биде супер! И јас имав ваква идеја, од филмот „Hotel for dogs“ но секако дека не ја реализирав и знам дека не можам, бидејки сеуште сум мала и немаме простор Сепак секоја чест за тебе, немам зборови
Здраво девојки, Со оглед на тоа што разговоров е од поодамна, би сакала доколку имате некакво поново искуство со ваквите 'центри' за чување на кутриња, да споделите. Ви благодарам. : )
лелееееее, како јас да сум го пишувала ова на Доберман. Истото го мислам и јас. Вдомувам колку што можам животни,ама бидејќи живеам со моите, не ми дозволуваат . Скришно хранам улични кучиња и мачиња, им поставувам храна и вода , се грижам колку што имам можност. Затоа реков, кога ке се омажам , здравје, дајбоже да си го реализирам тоа Likeeeeee !
Девојки ми треба некој/а за чување на куче,еден ден ама до покасно(2 после полноќ).Тие хотелите се боксови и не ми одговараат,би го оставила дома негде.Се работи за расата Џек Расел,со среден раст е господинот и не бара посебно внимание,само остава многу влакна