Храбар прв чекор

Дискусија во 'Сингл' започната од icequeen, 16 јануари 2010.

  1. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Офф луѓее помагајтеее...У петок ќе се видам со дечкото шо веќе неколку недели ми се свиѓа...Ќе бидеме во кафич, и едноставно незнам што да зборам! Ќе се здрвам знам :sweat: Никогаш не сум била срамежлива, и не сум била прегорделива, али едноставно овој пат немам текст!
    Сакам да флертувам со него, немам намера да му ги искажам свооите чувства одма... :?:
     
  2. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    360
    ОК, ако ти одговорам „однесувај се нормално“, тоа баш и нема да ти помогне, нели?
    Туку ај вака - пробај да откриеш за која тема сака да зборува. Ако сака политика, нека биде политика, ако сака спорт нека биде спорт.... избегавај за секс да збориш ;)
    Постави му т.н. отворени прашања а не затворени прашања.
    Затворени прашања се оние кои почнуваат со „Дали“.
    Пример
    ти: Дали следиш спорт?
    тој: Да.
    И нема веќе баш што да се каже потоа нели?
    Отворени прашања - пример:
    Ти: А бе што бидна со Горан Пандев, нели играше во италија?
    Тој: Па се уште игра во италија.
    Ти: Па нели смени тим?
    Тој: Да де, сега игра за....
    Ти: И што му текна да смени тим?
    Тој: Му дадоа повеќе пари...
    Ти: Логично! И како му е сега таму?
    Тој:......
    Да не должам, you get the picture!
    Слушај го и гледај го во очи! И не го прекинувај додека зборува....
    Со среќа :) !
     
    На iloveyou29 и Inna15 им се допаѓа ова.
  3. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Фала ти мнооогууу!! :) Единствено шо чекам сега е петок ;) Дури и земав фустанче се спремив ахахах :) Поздрав, и фала уште еднаш ;))
     
  4. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    inna bidi opustena,koga zboruvas so nego zamislisi kao da zboruvas so nekoj drugar od odamna,seguvaj se,zabavuvaj se.nemoj da mislis"lele ako mu go kazam toa so ke pomisli,kako ke reagira,dali sum mu dovolno interesna?"i sl..kolku poveke razmisluvas i se stegas po e verojatno deka ke zeznes nesto.kolku si poopustena tolku poubavo ke mu se prestavis i poubavo ke si pomines.
     
    На Inna15 и zoki-poki им се допаѓа ова.
  5. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    да секако ;) ќе бидам она што сум и мислам дека добро ќе поминам :D пуштајте среќа, женскии!! :)))
     
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.362
    Допаѓања:
    28.769
    Пол:
    Женски
    Кога ја видов темата едноставно морав да коментирам ... За прв пат во животот решив да направам прв чекор бидејки гледам дека од дечково ( за кој имам пишувано и во други теми ) нема абер од ништо само се смешка цело време...Бевме излезени во една дискотека и јас тргнав накај дома и ме викна неговиот другар... Одам јас таму , почнуваме со дотичната персона да правиме муабет а јас бев пијана и одеднаш ми светна нешто во глава да го гризнам за увце ама ептен малку...Леле во тој момент ми климна ногата и кога го поткачив со забите му ја откорнав обетката што ја носеше и тој само аууу и јас низ врата... Од тогаш само здраво имаме онака општи муабети ( не дека и претходно сме го немале тоа ) и како да не се случило тоа...Едноставно не ме бива за тие работи...
    А дечково ке си го посонувам уште малку ... едноставно не е судено :(
     
  7. aliceinwonderland125

    aliceinwonderland125 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Хахахахха каква случка! Ја сакам таа храброст! :D Да ја имав светот ќе беше во моите раце хахахахах
    Мислам дека се засрамил,мислам за тоа како што пишав е потребна голема храброст.Изгледа не го очеккувал тоа:))
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.367
    Допаѓања:
    3.003
    Пол:
    Женски
    Inna,најдобро не си формулирај однапред прашања и одговори,уште толку ќе се збуниш.гледај да не те фати трема,другото како муабет само ќе си дојде ;)
    и ти држам среќичка.пиши како ќе си поминеш :*
     
  9. Minareli

    Minareli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    19
    Епа вака. :)
    Дечково пред некое време ми имаше кажано дека ме сака и му кажав дека го сакам. и сеа се одалечивме некако и сакам да знам дали ме сака уште. Треба да се видиме викендов или следниот (не сме точно договорени уште) како демек да ја запознае една моја другарка со негов другар. А јас го викнав дека сакам да го видам. Некако ми стивнаа чувствата кон него, ама во последно време почнавме да се сретнуваме кај што искачаме, и што е најтрагично ни здраво не му кажав.
    И сеа незнам дечково дали ме сака упте или не. И ми е смачено да го чекам веќе. Да го смувам ја не ми е проблем. :lol: ама некако ми е како „што мисли за мене„ па затоа ми е некако глупо.
    што да правам ? :inlove:
     
  10. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.489
    вау едноставно обожавам кога е слично како во случајов инаку зошто да не пиши му слободно и воедно биди си расположена и смирена како и порано не му давај до знаење дека леташ во облаци :rock:
     
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.735
    Како што ви имам пишувано во многу теми јас сакав “врска“ само за една вечер-нешто што не вклучува љубов и досега супер ми беше, но мислам дека го најдов оној што го барав-идеалниот :inlove: .
    Всушност долго време бил околу мене а јас синоќа го приметив :tmi: .
    Откачив многумина за некои ми беше жал што ги откачив за некои не ,но ми беше сеедно за нив :!: , е сега се појави некој за кого не ми е баш сеедно,несакам да го загубам она што сега го имаме :( .
    Значи со детево сме од исти клас, како - и + постојано се контраме, но синоќа така седевме со класот и јас и тој случајно седевме еден до друг, заедно пиевме вино и цела вечер си муабетевме, за прв пат немаше спротивставни ставови :D , како двајца стари другари си зборувавме,ама така полека почнавме да се гледаме ко мачиња во очи, сакавме да направиме нешто но никој не се осуди прв.Сите приметија дека има нешто ама ние неможевме да си ја погазиме “гордоста“ и да си признаеме :!:
    Ептен беше очигледно дека сакавме и двајцата да бидне нешто,но никој сега не се осудува да го направи првиот чекор ни тој ни јас.
    Е сега како да ја победиме горделивоста??
    Што да направам, ова е ситуација сосем различна од она што сум навиканта, досега машките не ми беа битни но овој ми е, токму таков е каков што сакам е, несакам да ја пропуштам оваа шанса од глупости :( :(
     
  12. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    3.012
    Пол:
    Машки
    Мислењево е напишано пред повеќе од две години,а сопственичката на мислењето нема напишано мислење околу година и пол.Така да,со среќа со чекањето на одговор,само се плашам да не испадне како "Чекајќи го Годо" :lol: :D
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. die-young

    die-young Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Дали да го превземам јас првиот чекор?

    Се надевам некој може да ми помогне..Тој што ми се допаѓа е многу срамежлив. Покажува дека и јас му се допаѓам но ништо не превзема..Незнам што да правам..ПОМОШ!
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.877
    Дали да го превземам јас првиот чекор?

    Па, зошто да не? Превземи го првиот чекор, насочувајќи го да се опушти, да се отвори и да не се срами. Но, само не биди пренападна :)
     
    На die-young му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    650
    Во скоро иста ситуација сум.Се знам со дечкото околу 2 години и он порано мн ме свиѓаше,требаше да се муваме ама јас глупава...Сега се сврте кругот и јас го засвиѓав нормално :lol: Проблемот е што он е мнооооооогу срамежлив и нема шанси прв да пише,а и после тоа што му го направив,реално,не заслужувам да ми пише :P Ете баш вчера се видовме,му свртев некој муабет дека ич се немаме убаво видено и му реков дека наредна недела ќе му пишам :D И така,од понеделник некој ден ќе му пишам и се надевам дека се ќе излезе како што треба и ќе биде работава :D
    Иначе вака одлучив пошто знам дека јас сум крива за се,а сега можеби ќе бевме во врска да не постапев онака незрело па сега ќе пробам да поправам а колку ќе успеам незнам...Ама убаво рекле:Ако не пробаш никогаш нема да знаеш...И знам дека понатаму ќе се каам ако не го направам ова и цело време ќе се прашувам:А што ќе се случеше ако му пишев..?А и немам нешто многу да изгубам.
    Да ми држите среќаа :inlove:
     
  16. DORGER

    DORGER Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Aloo drustvo tuka li sme se uste za pomos ?? :D Vaka

    Zapoznav edno prekrasno i interesno devojce na fejsbuk ( a kade ako ne tamu ) haha .. si piseme sekojdnevno a nekogas i po cela vecer... devojceto e prekrasno, imame nekolku slicnosti vo karakterite, imame slicni karakteristiki i osobini.... Se zapoznavme dobro, znaeme i premnogu eden za drug odkolku sto bi trebalo da se otvoris na chat so nekoj nepoznat... Devojkata mi se sviga premnogu, a znam deka i taa mozebi ima nekoi simpatii kon mene, bidejki sekogas sum otvoren i direkten i otvoren so nea. Ednas vo tekot na muabetot dojde do toa da izezeme na kafe i konecno da se zapoznaeme vo zivo.. Devojkata e stvarno cool, drustvena, interesna, znae da se nasmee da se nasali, i da napravi seriozen muabet a toa premnogu me privlekuva bidejki spored seto toa sto go vidov vo nea, spored slikata koja ja imam zamisleno prema nejze mozebi e licnosta sto mi odgovara... Problemot e toa sto nekolku pati sum ja prasal da izlezeme, no nikako ne mi e dala pozitiven odgovor, sekogas koga ja prasuvam mi veli deka ne znae, a koga ke ja prasam za pricinata ne saka da mi kaze... Taa e malce zatvoren tip, ne zboruva mnogu za nejzinite emocii, nikogas ne se otvara i sekogas pametno igra no nekako mi e stvarno cudno... pomagajte davajte soveti zatoa sto sum resen da i se pojavam na domasniot prag od vratata so ogromen buket ruzi :D :D pozdrav
     
  17. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    3.926
    Допаѓања:
    3.157
    Пол:
    Женски
    @DORGER Јас мислам да не се откажуваш, но сепак да и дадеш малце простор. Ти си го направил своето, си ја викнал неколку пати, таа ништо. Сега пишувај и ретко и однесувај се како да имаш исполнет живот и надвор од неа (натпревари, концерти, кафиќи и сл) и ќе видиш дека ќе се заинтересира повеќе. Мора малце топло-ладно. :D
     
    На DORGER му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DORGER

    DORGER Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    pa kako :D sakas da kazes frli mamecot bojnikot pocna da se mresti :D :D
     
  19. DORGER

    DORGER Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Epa za da ne ti bide glupavo, pisi mu na fejsbuk ili isprati mu kratka sms poraka i prasaj go dali mozebi bi sakal da izlezete na kafe ili neto slicno, daj mu malce vaznost i sekako ke se zainteresira, izlezete ednas dva pati procitaj mu go muabetot, ili kako sto vikame skeniraj mu go mislenjeto, pa veke na tretiot pat bi ti predlozil nesto kako domasna atmosfera pokani go kaj tebe ili, prasaj go dali bi sakal da odis kaj nego iiiii...... sredi se dobro, nie maskite obozavame dobro sredena devojka :P hahaha <3 <3 so sreka
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DORGER

    DORGER Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    e vaka sea da ti kazam, znaci devojkata misli deka nikogas poveke nema da zasaka, bidejki imase 5 mesecna vrska koja vcera ja prekina bidejki ne uspeala da go zasaka, ne saka da mi se otvori, mozebi i e strav da ne me povredi ili nesto slicno pa taka :D pozz