Здраво. Со дечкото што го свиѓам пишуваме на фб, не многу често, но станавме добри другари. Тој незнае дека јас го свиѓам (барем така си мислам) и додека пишуваме ми испраќа срцина и бакнежи...јас бидејќи сум премногу срамежлива не сакам прва да му признаам дека ми се допаѓа..па ве молам некој/а поискусен/а да ми каже како да препознаам дали и јас му се допаѓам..и дали треба јас да го направам првиот чекор. Сакав на шала да го прашам: ,,Па ти кога мислиш да ме честиш кафе?“, но срамежливоста си го направи своето и се откажав..некој совет? Ви благодарам однапред.
@s.w-e.e-t.y ти додека се мислиш, друга некоја ќе го фати. Пробај си, барем ќе знаеш на што си, а и машките ценат прв чекор, така што дури и да не сака ништо, сигурно нема да го направи тоа така непријатно, особено бидејќи како што викаш сте се зближиле. Можеби и него му е срам или страв дека би го одбила, па на некој начин да си расипе впечаток. И како викаат: Железото се кова додека е топло, па така и ова. И не му врти одоколу, едноставно Дали си расположен да идеме на кафе деновиве? или Има добар филм во кино, па мислев ако сакаш да идеме да го гледаме... Со среќа, па пиши како си прошла
Како што знаеете имав пишано во една др тема дека сеуште го сакам бившиот и дека повторно почнавме да комуницираме.Таа комуникација се сведе на скоро ништо поради тоа што јас засвиѓав друг.Детето кое го свиѓам сега е од моето школо,но во друг клас.Проблемот е што тој и јас не ни се знаеме онака.Еднаш ми има прозборено прв и тоа беа два-три збора пошто бевме двата на поминување.Постојано се гледаме на школо па сакам некако да му прозборам ми се смачи веќе од то наше безнадежно гледање.Ама незнам како да го направам тоа..некој совет?
@thebutterfly15 гледај ја биде тоа така што ќе изгледаш сосема опуштено, а сепак да му оставиш впечаток. Пример можеш да го застанеш и за некој предмет што сте правеле или ќе правите тест/испрашување да го прашаш, али да изгледа како случајно да си налетила на него (иако нема да е така). Или побарај му тетратка зошто не си си стигнала да напишеш нешто, било што што ќе изгледа како тој да ти прави услуга, за после нели можеш да му дадеш кафе од оние за носење Како Леле фала ти за тогаш, ептен ми помогна... и некако гледај да го прашуваш за него, како прошол он, кај ќе искача... па после можеш и на фб да му пишеш во врска со нешто што скоро го лајкнал како Леле ги слушаш Х? Ептен ги сакам а-у или некој коментар во врска со нешто што ставил. Во секој случај, батали го бившиот!
Чудно ми е ова што го пишувам, затоа што до сега не сум се нашла во ваква ситуација. Хаха, детето што ми се свиѓа уствари ми е школски, учиме во ист клас. Е сега со неговите другари сум многу блиска и онака уз муабет ги имам прашано тој која ја свиѓа/сака. Значи имам до знаење дека тој свиѓа друга. Јас со него немам многу контакт. У школо ако зборуваме за нешто за материјалот за учење. Исто на снап ми праќа слики, пишуваме ама сепак нема никакви знаци за мене. Исто пред една недела бевме на роденден, заедно бевме, заедно се сликавме итн итн. Значи проблемот е во тоа што сум затворен тип, неможам да комуницирам, а и срамежлива сум. Време за чекање нема. затоа што многу девојчиња му се удвараат хаха.
ако мене девојка ми се удвари прва..односто го направи првиот чекор и ми пријде..ја ваа девојка..би ја оженил..тоа е девојка со карактер..
Ти се трефнала ситуацијата со омилената песна. Па искрено, машките се навикнати женските никогаш да не иницираат прв чекор, особено директен и храбар како твојот. Мислам дека секое машко што го знае ова, ќе се здрви и ќе кидне или ќе проба да се извлече од таа ситуација. Проблемот е дека на некој начин, "насилно" си го повлекла надвор од неговата комфорт зона. Машките сакаат да имаат контрола врз ситуациите во кои се, а ова што му се случило уствари го оставило без никаква контрола во таа ситуација. Сепак, интересно од твоја страна. Мислам дека треба да му пишеш, нај casual како што можеш, за да му дадеш до знаење дека сеуште си тука и дека тоа што се десило е реално. Али да не напињаш, бидејќи веќе му ја одзема неговата "само контрола" со твојот храбар чекор, бидејќи така само ќе го потсеќаш дека со тебе он нема контрола.
Здраво вака сега имам една другарка, што е многу занесена во едно дете што го знае на инстаграм само преку слики ахха И викам дека е само опсесија и ќе и помине ама не ме слуша, сака нешто да направи тој да и пише, оти она нели не е убаво да пишува прва...Па некој предлог што да и предложам вие како по искусни фала однапред инаку она има 16год
Ако тој не е заинтересиран за нејзе и гола да му игра џабе и е. Нека му пиша, барем ќе знае на што е.
Пишаа и што направи девојчето..Овоој типот е 20год она 17, и ја праии мала си за мене, и пишуваше малку па и вика ај не ме замарај, мн е дигнат..Ај да речеме има женска ама нема си кажа а и ств нема..Девојчето е повредена уште одамна го свиѓаа
Подобро е така отколку да се замара за некој што не се замара за неа.Секогаш гледајте да бидете на чисто.
Јас мислам у задње време доминираат девојките со првиот чекор , мажите нешо слабо-ваљда се плашат од корпички