Дечки, да ве прашам нешто, даваат ли цели јајца во градинка, во јасли? Моево е 9+, белка не јаде сеуште. Гледам на тоа списочето попара со леб, сирење, јајце и чај?! Што ли јадат?! Страв ме фати. Мм носи и зема дете, и ништо не прашува таму. Во градинка и воведоа гравче, зелка манџа, мелено јунешко, млеко, пудинг итн... Не ми се ни зборува... Сега и друго ми е на мисла, како да знам дека детево внесува доволно витамини? Сакам да давам маџун, цвекло, брокула, овошје, но кога би ги давала? За вечера ли? Доколку има мајки што пуштиле дечиња во градинка волку рано, а сакаат да споделат искуство, би ми било добредојдено.
Ајде не е страшно толку, важно не се виршли и паштети За додатно витамини после градинка понуди некоја ужинка со овошје, но не за вечера. Маџунот можеш и во вечера, на пример како засладувач за гризот, или наутро пред градинка една лажичка да си лапне. Се останато по твој распоред ќе си даваш за викендите.
@Leo_29 нека не те замара толку дали и што јаде во градинка, зашто неможеш ништо да смениш. Ако сметаш дека нешто нетреба да јаде, едноставно кажи, има деца кои се алергични на нешто па си кажуваат. Нека си јаде манџи во градинка, нека се научи се да јаде, тебе ќе ти е полесно,а и тоа си е менито скоро секаде во секоја градинка. Ти дома (барем јас така си правев) обрни внимание на исхрана богата со витамини и минерали и доволно е. Јас за вечера и спремав на пример барена блитва па миксирана со банана (за да бананата го прикрие бљуткавиот вкус на блитвата).Блитвата е богата со калциум и магнезиум. Давај како вечера овошни миксови (јаболче печено или варено помешано со друго сродно овошје) Или можеш и печена тиква со јаболка и млеко. На неколку месеци самоиницијативно прави му на детенцето крвна слика и ќе знаеш дали си на добар пат со исхраната или не. Едит:Да се дополнам, на сите го препорачувам боровиот сируп.Штом ке залади по едно лажиче во млекото (или уште поубаво ако може да го лапне така без ништо), убаво е за имунитет.
@Kitten @referentka Фала ви за советите. Не е толку страшно, ама сум револтирана сама од себе, дека детето не јаде здраво. Благи каши не обожава, ама може да и давам после градинка парчиња овошје, тоа би јадела. Маџун ќе дадам на гладно сабајле. Вечера ќе смислувам. Да не и биде тешко цвекло, блитва, брокула навечер да давам!? Ќе пробуваме. Ќе биде подобро, знам, кога јас ќе се адаптирам дека детето оди во градинка.
Е како не јаде здраво, баш тоа што го наброја дека го даваат во градинка е супер Немој толку да се грижиш, ако менито од градинка е добро можеш да се опуштиш, ти прават дури и услуга Јас реално сум по раат кога оди во градинка зашто таму јаде сѐ а дома забушава.
А зошто не јаде здраво? Освен доручекот што во јасли веројатно не е нај нај, за ручек имаат манџички што и не се толку лоши. Имаат овошје за ужина така што за тоа си покриена ако ја јаде ужинката. За викенд можеш да надокнадиш со брокула, блитва и слично. Моето е поголемо дете и сега пак бара ручек после градинка зашто троши енергија па така се покрива со работи што не ги јаде во градинка. Така што по некое време се ќе си дојде на свое место. Бидејќи слабо јаде овошје сега пред градинка правиме Смути па потоа оди. Со себеобвинување ништо нема да постигнеш.
И не што јаде СЕ, туку и таму е многу послушна. Секој ден назначувале ,,дежурен,, кој ќе помага да се соберат тањирчињата од трпезарија и да се однесат во кујна.Таму прва била да се пријави а дома кога се соблака се позади неа остава и несака да раскрене.Несака ни играчки да собере дома после играње.
Па јас сум среќна што воопшто јаде таму. Колку јаде е прашање, зошто кога ќе дојде дома може пак да јаде. Сама не знае да каже колку јадела. Ручекот е ок. Доручекот така така. Ужинката прва е секогаш сок, втората сутлијаш, пудинг, некоја каша. Овошје немаат, освен еднаш банана за ужина. Веројатно догодина ова време ќе бидам задоволна во однос на тоа колку всушност јадела.
менијата во градинките мислам дека се здрави со исклучок на белите пецива за ужина и белиот леб. Јас за да внесе повеќе витамини обавезно од сабајле и правам смуди со сезонско и замрзнато овошје, после градинка и давам салата краставичка, морков, зелка, за вечера многу често ми бара јогурт со овесни снегулки.
Децата во градинка се менуваат. Мојава иде само две недели и од 4 ден јаде таму. Е таму може се да јаде а дома плука. Леќа на пример неќе дома, а таму изела се. Дома заспива со млеко и цуцла, таму сама. Јас и носам само шишенце со вода. Вчера си го земавме со чај, ама беше преблаааг. Значи многууу благ. Она дома пие без шеќер. Искрено како што го читав менито е многу убаво и содржи се односно како да си готвиш дома. И искрено тоа ми се допаѓа зошто сум полабава за ручек. Ќе ксне дома тоа што има, овошје, некоја ужинка, и одиме на вечера млеко и спиење. И јас многу мозгав како и што ќе биде, ама негувателкиве се супер. Стварно не познавам дете што за 3 дена толку се прилагодило во градинка, почнало да јаде и спие толку брзо, а и негувателките велат исто. Вакво дете немале до сега.