Храна во шолја

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од theowndemon, 18 август 2018.

  1. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    122.415
    Ова е доста популарно во последно време, ама вклучува брзо припремање на оброк во микровална, најчесто во шолја за кафе/ чај. Тоа можи да вклучи торта, мафини, браунис, па дури и до вистински оброци како рамен, јајца, мусли, макарони со кашкавал, мини пици, ориз, мини пити и слично. Со претходната микровална и не пробвав зошто беше многу слаба и побрзо ќе завршев работа да си пуштам рерна, ама и во глобала неславно ми заврши. Па сега со новата си собирам рецепти, па уште од утре сабајле планирам вака брзински да си обезбедвам целосни оброци за еден, особено кога моите се на работа и брат ми е моја одговорност за јадење.

    Замислата за темава ми беше ако имате вакви рецепти да ги споделите, можи и да споделите слики од како ви испандале ваквите рецепти. Засега најдобра страна која сум ја нашла е оваа.
    Па се двоумам утре за третиот рецепт од тука зошто имам уште малку путер од кикири и баш денес утрово цело ни е зафатено со правење домашно слатко од сливи.

    [​IMG]

    Или пак нешто вака:

    [​IMG]

    Други вакви рецепти кои ми фатија ептен око се од тука, ама во главно ептен интересно ми изгледаат, си ги тестирав и шолјите внатре, па од утре планирам кога сум уз брзање да си припремам брзи оброци на овој начин.
     
    На mazikeen, La.loca, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    30.744
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш имам пробано и убаво излезе.
    Во шоља ставив јајце, кашкавал, лебни трошки, малку путер или маргарин. ( По желба можеш да ставиш што сакаш )
    Во микровална 2 ипол минути и спремно за јадење.
     
    На mazikeen, La.loca, Stephen Amell и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.987
    Имам правено тортичка во шолја. Фенси личи ама пак не е тоа тоа.
    За во микровална повеќе ми одговараат омлети, овесни каши и нудлс, пецива-не баш. Ми се допаѓаат како идеја бидејќи брзо се спремаат и се супер ако си самец.
    Инспирирана од темава направив палачинки од овој линк:
    https://www.biggerbolderbaking.com/5-microwave-breakfasts/
    Се јадат ама многу се некако на јајце, ако правите, правите со ваше тесто за палачинки(американски) или пак одете по рецептот ама ставете некое екстра мало јајце(моето беше средно).
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    122.415
    1534666742999_InstaSave.jpg
    Визуелно ми испадна лошо зошто зедов голема шолја, а некако не ми оди овој рецепт за со од горе сладолед.
    Вториот рецепт инаку го праев од линковите шо ставив погоре.

    Ми се допаѓа, особено зошто на сабајле времето ми е лимитирано. Станвам, вежбам и кога иди време за јадење веќе не можам да дочекам па мислам дека баш ќе ми се најди.

    1534666742914_InstaSave.jpg
    https://www.biggerbolderbaking.com/peanut-butter-banana-mug-cake/
     
    На hermosa, La.loca и Joi им се допаѓа ова.
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    Пред да ги прочитам мислењата помислив дека темата е за неизедена храна која се фрла во шолја??? (facepalm):tmi:

    Звучи прифатливо доколку се готви за еден, евентуално двајца. За ден полн со обврски и малку време мислам дека е добра идеја. Инаку, не сум пробала никогаш, ниту пак да бидам искрена сум слушнала за ова. :)
     
    На Lolo5, La.loca, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.419
    Допаѓања:
    75.991
    Пол:
    Женски
    Сум пробала колач испечен во микро.
    Ако го најдам рецептот ќе го постирам, мислам дека ми е токму од форумов.
    Испаѓа нешто како поп кек, вкусно колаче за ужинка и сигурно може да се направи и во солена варијанта.

    Јајце не јадам, па 5 минутните видеа со рецептите за омлет кои кружат низ Интернет ги одминувам.

    Сакам да пробам да направам макарони или нудли, тоа би требало да го биде како за набрзина.
     
    На Joi, La.loca, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    38.197
    Јас би живеел на ова, ама микробрановата ми е преслаба.
     
    На mazikeen, Joi, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    122.415
    1535989124975_InstaSave.jpg 1535989125435_InstaSave.jpg
    Стварно ми се годи за брз оброк. :3
     
    На hermosa, iloveyou29 и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. PrettyDramaQueen

    PrettyDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    4.189
    Пол:
    Женски
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    122.415
    Можиш да ги вариш во микровална со малку вода и на интервали од по 30 сек да ги вариш дур се готови, па ги цедиш и му мешаш кашкавал, бело и биено сирење. Ги мешаш убо во чашата и уште минутка на голема температура, дур убо се растопат.
    Има рецепти и со млеко ама за следен пат ќе пробам така.
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    30.744
    Пол:
    Женски
    На theowndemon и tace73 им се допаѓа ова.