Девојки барав ваква тема, но не најдов, ако е дупла клуч! Значи целта во темава е да споделиме што приготвуваме за дочекот на Новата година, ако славиме дома. Се надевам темава ќе биде интересна и активна.
Супер тема дека обожавам да готвам за вакви празници и фамилијарни софри, абе СЕ сакам да направам! Руска, печење и куфлички ќе биде и сега прибирам рецепти. Сега за сега една лајт салата имам испланирано и вака е: Се е исечено на тенки резанци тиквичка 1 салама сува печеница 250 гр кашкавал 250 гр пченка ( од око да прошара) се меша со павлака и мајонез, зачини Мислам дека е едноставна и свежа а тоа го сакам . Лани руската ја правев освен основниве намирници плус кашкавал и јајце и беше тешка затоа годинава ќе си ја правам „регуларно“.
Супер е салатава, може да ја направам, да ја пробаме. Инаку јас и сестра ми за Нова година подготвуваме руска, салата со павлака и ореви, обична салата-зелка, морков, цвекло, салата со компир, секогаш има шунка, кашкавал, сирење, маслинки, кулен и такви работи, има кифлички, правиме скара, правиме слатки и торта и се мислиме дали од се да направиме уште по една доза затоа што може нема да стигне, а на крај всушност од тоа едвај е изедено и пола.
Омилен дел од Новогодишната вечера ми се кифличките, пилешката и руската салата. Во руската ставам шунка, кашкавал, кисели краставички, морков, компир, грашок, мајонез и многу малку сенф и павлака. Додека во пилешката ситно исечкан стек, печурки, кисели краставички, и повторно мајонез и павлака. На крај зачинувам со сол и бибер. Моите вообичаено прават урнебес и ордевер, а како главно јадење пилешко или мисиркино месо. Од пијалоци пиво, вино и газиран сок. Инаку, сармата најмалку ми одговара за Новогодишната трпеза, ама со оглед на тоа што се прави традиционално секоја година приморана сум да ја сервирам.
Некогаш спремав многу салати и обилно јадење, па торта, па колачиња ситни па овошје.. Сега сум удрила на економија па не спремам се и сешто. Гледам да минимизирам. Ако се ,,собираме,, неколку пара, тогаш се договараме, и обично кој што има носи и секој за пиење си носи. Ако сме сами дома, сарма, свинско печено. Кикирики, мандарини Ракија и вино. Кифлички. Руска салата. Ова мени ми е со години на трпезата.
Затоа што во последниве неколку години постам за Божиќ и ми се фаќа посно и за нова година Па на менито за нова година има: -компир салата (и уште некој експеримент со компир) -пиварки / посна торта / баклава -соја / тестенини -кифлички -пуканки/чипс/смоки Ама бидејќи луѓето околу мене не постат а и си се љубители на месо, се прави и скара и се останато...
Печено свинско задолжително, мајонезна салата со макарони, кифлички е задолжително. Друго правам онака, по кеиф у моментот. Годинава имам едни калапчиња за елки, па веројатно ќе имам и божикни колачи. Гледам да не полнам многу,за 6 дена е Бадник, па полна трпеза, па Божиќ, пак јадење, пред тоа славата, и не е нормално колку се јаде. Затоа, со осет
Како кај повеќето така и кај нас Кифлички руска салата печено свинско пилешки прсти шопска вино коњак и обавезно торта
Реално сакам една Нова Година вака смирено да ја поминам, ама неможам да свртам грб на друштвото. Доколку некогаш, можеби следната година останам дома, дефинитивно на менито ќе имам добро зачинети компири, некаква зелена залата и можеби соја- шницли. Како за десерт благото „медено срце“ - омилено на сите дома. Морам да се држам до посното зошто нема да правам било што само за мене, кога сме пола- пола со постењето.
Нова Година кај нас, без руска салата и баклава, не е нова година На прво место на трпезата е: - руската салата - кифлички - сувомеснато - пилешко или свинско месо - баклава ( задолжително, со ореви и лешници) - и некоја торта Некогаш правиме плус, ама ова е тоа што секогаш го поставуваме на трпеза за Нова Година
Мене цело прасе ми е too much некако за Нова али кој како сака секако. Незаменливи дефинитивно ми се руската односно мајонез салатата и домашните кифли. Може ордевер плус, мешана салата, бадемчи и чипс, но сето ова зависи од големина на друштво. Доколку се слави надвор тогаш за доручек обавезно имам руска и кифли.
-Неизбежна е чоколадната торта и ванилици во разни фигури за помалите(елки,звона,снегулки) -кифли,ладна даска,мајонез и урнебес салата -печено месо,рестован компир
Ми се отвори апетитот Руска салата обавезно ..кифлички,шопска,скара,сувомеснато,и тука не прочитав ама јас и пица си правам чоколадна торта ..мафини и баклава.. Не дека ќе се изеде ама секоја год си викам нека има се
За Нова Година правам кифли, руска салата, салата со макарони и нешто благо. Колку да се одбележи денот.
Ако славам дома Нова Година (а во последниве 5 години не се погодило дома да славам) јас зимам се и сешто. Руска салата, кифлички, сарми, месо, благо нешто...
Ruska salata Svinsko i Baklava se zadolzitelni i tradicionalni vo mojot dom. Obicno se pravi mnogu i potoa mora da se prejaduvame za da ne frlime. Ovaa godina nemam namera da se prerabotuvam i potoa kako na norma , da se prejaduvam. Ne bi go rekla toa skromno, nego spored potrebite.