1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна за училиште

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Cacy, 23 мај 2011.

  1. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Што јадете за време на училишниот одмор?Пица,чипс,грицки,хамбугер,тост и многу други.Брзата храна е штетна за здравјето,а ние тоа го јадеме скоро секој ден.Дали имате некоја идеа како може да се храниме здраво за време на училишниот одмор?
    Еве како се хранат децата низ светот во училиштата:
    АМЕРИКА

    Кога претседателот Хари Труман го потпиша Актот за исхрана во националните училишта во САД во 1946, сигурно не можеше да замисли дека Американските училишта еден ден ќе им служат на децата пилешки прсти, замрзнат помфрит и скисната пица. Нутриционистите се обидуваат да внесат здрава храна во училишните мензи а меѓу нив е и светки познатиот шеф Џејми Оливер, кој од оваа година реши и се заложи да ја смени исхраната на основците и средношколците во Америка.

    ФИНСКА

    Едукативниот систем во Финска се смета за еден од најдобрите системи во светот. Особено е тоа така бидејќи една од главните точки им е здравата исхрана во училиштата. Владата обврзува со регулативи јадењата во училиштата да бидат вкусни, шарени и добро избалансирани. Уште од 1990 година, постојат специфични точки кои мораат да се почитуваат и тоа: зеленчуците, живи или варени мора да го покриваат повеќе од половина делот во чинијата(најпопуларна салата е онаа од морков и р’доква)а протеините и скробот завземаат една четрвртина во чинијата. Мнозинството од националните училишта им нудат и вегетаријанска опција на учениците. Национален специјалитет во Финска е хернекито, супа од зелен грашок најчесто со пушено свинско кое најчесто се служи во четвртоците како Финска традиција.

    АВСТРАЛИЈА

    Повеќе од децата во Австралија носат во школо, носат оброци од дома. Во главно, нивниот ручек се содржи од сендвичи со кашкавал и вегемит(кафеава паста базирана на квасец која се произведува уште од 1922 година.).

    ИТАЛИЈА

    Повеќе од Италијанските училишта за ручек на учениците им служат јадења од органски произведени продукти. Дневниот оброк во училишната менза е најчесто паста или рижото со салата. Месото се јавува само во два оброци во неделата и тоа во многу мали порции. Но децата во Италија не јадат само здрава и нутриционистичка храна. Во нивната дневна исхрана се вклучени грицки, наречени мерендини кои децата ги јадат многу. Леб намачкан со нутела крем е класичен меѓуоброк и Италијанските деца се речиси зависи од овој десерт, како што Американците се зависи од своите колачиња и бобмони. Според статистики, во Италија има поголем број на деца со прекумерна телесна тежина, отколку во САД.

    КЕНИЈА

    Децата кои одат во училиште во Кенија имаат силни чувства за јадењето гитери:или многу го сакаат или смачено им е од него. Тоа е микс од грав и пченка, традиционално јадење во Кенија кое е стандардно јадење во училишните мензи. Секој ден, децата со пластични чинии чекаат во редот за да им се сервира ова јадење во огромни порции.

    КОРЕЈА

    Повеќе школски кафетерии во Кореја имаат неколку метални садови во кои има неколку стандарни сосови. Двете главни секции во чинијата се оризот, кој се служи со супа и туршијата. Како помали порции се служат и мали чинии со зеленчук и риба. Децата најчесто пијат сладок јогурт кој е многу популарен во Кореја.

    БРАЗИЛ

    Училишниот ден за многу деца во Бразил започнува уште во 7 часот наутро и трае до попладневните часови. За да не бидат гладни децата се до појадокот, тие имаат ужинки како касадијас(мафини со сирење и кокос). Додека повеќе од децата својот ручек го јадат дома, после школото, Бразилската Влада уште од 1955 спонзорирала национална програма за во училиштата која нуди топли и здрави оброци за посиромашните студенти.

    ФРАНЦИЈА

    Сигурно не мислите дека Франција на своите ученици ќе им служи сендвичи за јадење, нели? Училишните оброци во оваа држава се сфатени навистина сериозно.На децата им се служи се она што јаде просечниот возрасен Французин. Неделното мени во кафетериите во Франција е составено од остриги во сос од лимон. Свеж топол леб и салата се задолжителен дел од оброкот и секое јадење е придружено овошје и јогурт, како десерт. Единствено нешто што не им се дава на децата е виното.

    ЗАМБИЈА

    Училишниот ручек во Замбија е нишима. Тоа е всшност ручек и појадок во исто време на повеќе семејства во Замбија. Тоа е тесто од пченкарно брашно кое се пече. Се јаде со раце и се мацка во соја сос или микс од зелени зачини и сардини-наречен капента.

    ДАНСКА И НОРВЕШКАСкандинавските деца во училиште најчесто си носат ручек од дома. Во училишните торбички има сендвичи од леб со кашкавал и некои специјалитети од скандинавското подрачје.

    Пс:Ако е дупла канта :!:
    Преземено од vegetarijanstvo.kauza.mk :)
     
  2. LadyGodiva

    LadyGodiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Браво за темата :)

    Значи од секогаш имам проблем со то |( а и мајка ми не знај баш да ми помогни...Јас на пример не можам да се решам да земам овошје на училиште..мислам малце е необично и сите би реагирале нешто во смисол - ајдеее јаболко хаха
    А иначе мислам дека банана и неколку бадеми би биле доволно, се разбира ако претходно и дома сте каснале нешто пр. корнфлекс и после училиште повторно нешто јадете, оти нели треба да се јади на повеќе пати ама по малце и мислам дека по неколку дена организмот ќе се навикни и ке нема проблем со јадење помал оброк оти малце глупо ќе е да земиш 2-3 банани за да се чувствуваш најаден така? :D

    Ако има некој идеи нека пиши :)
    хохо
     
  3. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    ах па најчесто нешто , кроасан или слични пецива , не ми се допаѓа али .. :) мислам дека е прикладно за во школо :)
     
  4. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Јас од кога знам за себе носам сендвичи направени од дома! Од 7мо одд кога од непознати причини престанаа да служат храна во основно, па цело средно и цел факултет (здравје може и на работа ќе продолжам :lol: ) јас сум со сендвичите во ташна и ми е многу убаво! Кога бев помала имаше еден месец кога се срамев дека носам храна од дома ама тоа помина многу брзо зошто ништо што ќе купев не ми беше така вкусно како домашно сендвиче од мама :)
    Тоа е и она што го јадам за доручек дома само спакувано во сендвич и толку сум навикната што кога ке се случи да заборавам да земам после ништо неможе да ме најаде. А и многу ми одговара што на кратките паузи од предавања по 15 мин, кога нема време да се отиде до бифе или пекара, сум обезбедена и не гладувам додека да завршат предавањата.
    И плус колешките ги заразив па и они прават од време на време ;) Може и да ме препознае некоја феминка, ништо чудно :lol:
     
  5. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Јас си носам од дома јадење мама ми прави, но понекогаш и јас. Ем поубаво ем не трчам на одморите за да купувам (20 мин е најголемиот одмор). Некогаш купувам но тоа е најчесто од производите на Seven days или пак Плазма :)
     
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Во моето училиште отсекогаш бил воведен режим на исхрана.Секој ден имавме појадок(лепче со крем и млеко,лепче со маргарин и кашкавал и чај и слично), ручек(гравче со колбавче,леќа со салата и супа,стек со оривче,макарони и слично), а за ужина претежно ни даваа кифли со сокче, или кроасани со чоколадно млеко.Од петто одделение до сега(осмо) одам само на појадок,а за ужина не се срамам да носам кифлички кои мама ги подготвила,јаболко,банана,мандаринка. :$
     
    На roberta-rubi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Обично појадував бејк ролс со јогурт, марети со јогурт, или две јаболка + банана со јогурт. :D Сега не знам од септември како ќе ме биде на факултет, кај ќе влечам јаболка со мене... :?:

    Инаку предлагам темава да се преименува во храна за на училиште, факултет, работно место... Можност за поголема дискусија. :)
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    43.632
    Да, може да се преименува темава, т.е да се надополни...
    Јас веќе 10 месеци работам и си носам доста често храна од дома, макар и приготвена. Кога имам мусака, полнети пиперки, сармички, сето тоа уредно ќе си го спакувам во кутија за храна, кришка лепче и со мене на работа. Бидејќи имаме мини кујничка со фрижидер и микробранова, не е проблем да си ја затоплам, па да јадам нормален ручек или вечера сеедно.

    Некогаш кога сум прва смена, ме мрзи да носам храна, па купувам кроасан, бурек, со јогурт, наједноставно ми е. А сега си носам и овошје, пример, јагоди или јаболко, овошна салата...
    Важно ми е да ми е убав оброкот на работа, зошто ми е ритуал :)
     
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ретко кога носам храна од дома, едноставно наутро немам време кога да си спремам сендвич, а кога сум втора смена пак пред да тргнам во школо јадам, па на одмор нешто си купувам. Како и да е на одмори понекогаш јадам нешто лиснато како на пример кроасан со шунка и кашкавал, баничка или слично, некогаш јадам кроасан кога не сум премногу гладна. Искрено додека сум во школо воопшто не се хранам здраво, мислам кога сме на одмор, блиску до школото има Мекдоналдс, па некогаш ќе тркнеме и до таму. Во глобала се е брза храна, никогаш не сум земала свежо овошје од дома, ама тоа ти е. :)
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ух овде секој си носи од дома, постојано си готвам или нешто брзо како meat balss, рижото, тестенини, сендвичи, шопска, туна салата, ретко кој купува храна, секогаш термосот е полн со чај или кафе и кутијата полна храна. За жал во МКД никој не го применува тоа туку си ги полниме стомаците со сува храна.
     
    На unstoppablemind му/ѝ се допаѓа ова.
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    5.850
    Знам често да однесам од дома нешто што мама спремала: пица, кифли, пастрмајлија и сл. Повкусно ми е од дома кога ќе си земам. Земав и јаболко, но повеќе бев со лепчето во рака. Имаме во училиштето кујна во која се приготвуваат јадење, но не се толку вкусни. Да можев и би си однела и леб со ајвар и сиренце, и ќе бев најадена половина ден.
    Обично практикував да земам кросани, Бејк ролс, нешто слатко како: Албени, Сникерс, Бискрем и сл.
     
  12. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Од дома носам само кога ... сум расположена...онака таму јадам..беј ролс,марети,кроасани,...а сакам да ни направат во школо трапезарија..и така си седнеш...уф уф ...милини...како во филмовите( :D :D :D :D :D )
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eci15

    Eci15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    11
    Секогаш носам јадење од дома,обично сендвич со сокче и некое сезонско овошје!Бидејки појадокот е најважниот оброк во денот,секогаш се трудам да ми биде најубав!!!Инаку Сезнајка и ја го посакувам тоа,да имаме трпезарии во училиштата и да јадеме на мира,а не додека си почнал треба да престанеш(малку време). :D
     
  14. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Секогаш од трафика си купувам, најчесто два-три чипса :$ и по некое блакце (обавезно :!: )
    Е после школо... МекДоналдс му е мајката! :rofl:
     
  15. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    И јас би сакала да имаме на школо трепезарија, па да можеш на мира да се најадеш. :lol:
    Инаку секогаш кога сум 1ва смена си купував бејк ролс и албени, или чипс и вива сок4е. Зависи како сум расположена. :D А кога сум 2ра некое чоколадце, сок4е :!: и гумени бонбони обавезно. :lol:
     
  16. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Секогаш само јаболко и мнооооогу вода ;)
     
  17. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Јас секојпат си купувам никојпат не сум носела храна од дома :)
     
  18. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    И јас секогаш си купувам, зависи што ми се јаде а најчесто јадам кроасан и вива-коктел обавезно :D
     
  19. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    си купувам сендвичи :P
     
  20. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    охооо јас повеќето купував, зависи како сум расположена и колку сум гладна, некогаш бурек и јогурт, некогаш сендвич, некогаш чипс, смоки...и некое чоколатце. Е имам и од дома носено некое кифле или слично...а имаме носено со другарки леб, ајвар и сиренце...леб и крем, паштета...се имаме пробано, и сеа ке ми недостигат тие времиња :|