Храна и вино-кулинарска емисија

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од magnolia, 1 август 2010.

  1. magnolia

    magnolia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Ги пребарував подфорумите и за рецепти и за филм и тв но не најдов ваква тема,ако случајно сум ја испуштила,се извинувам,спојте ја.

    Дали ја гледате кулинарската емисија Храна и вино и како ви се допаѓа?
    Сте направиле некој рецепт од емисијата/списанието храна и вино,кој е вашиот фаворит?

    Можете и да споделите некој ваш рецепт,бидејќи знаеме дека е испробан од вредните домаќинки на Фемина 8)
     
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.205
    Ја гледам понекогаш, направив неколку рецепти и ми се допаднаа! последно направив пита со мелено месо и компири, преубава беше!!!
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.657
    Ја гледам секогаш кога ќе ја начекам и си го купувам весникот редовно.има многу рецепти кои ми се допаднале,сум ги направила и баш биле вкусни. :)
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.254
    Уф уживам гледајки ја емисијава иако порано многу поредовно ја гледав.
    Не сум јас некоја што се вртка во кујна, ама голем гурман сум па така да ептен ми се допаѓа емисијава.
    Посебно што е многу професионална, има хигиена, се е совршено изрежирано и склопено.
    Јас не ги сакам оние емисии од типот на 4 сезони, кујната на Оливер, Кај Ана и бла бла, не ги гледам не ми се интересни, посебно 4 сезони и неговото шлапање во кујната, па мојата кујна кога готвам е почиста и посредена.
    И она што посебно ме воодушевува во емисијава е гласот на Валентин Николовски и прекрасната македонска староградска музика во позадина. Емисија за уживање.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    540
    морам да кажам дека ја обожавам емисијата, редовно ја гледам, и си ги купувам списанијата, а и морам да се пофалам дека и често ги користам рецептите, имам и јас испратено па се надевам ке ми објават некој мој рецепт ;)
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.803
    Пол:
    Женски
    Единствената емисија за кулинарство која со задоволство ја следам :) Не дека се од она што го подготвуваат би направила и јадела, ама ми е мерак по нешто да пробам, и досега се успешно излегло :D Посебно десертите(хедонист за богати благи :lol: ), одтука ми дошле доста идеи за празнициве :D
    Браво и за среденоста, и за осмисленоста и реализацијата :)
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.692
    Додека бев дома обавезно пуштавме телевизор и додека ручавме ја гледавме емисијава. Татко ми, инаку страстен обожувач на вино, секогаш вели ЕТЕ, ДУРИ И ТИЕ ОД ХРАНА И ВИНО ЗНААТ ДЕКА ВИНО СО СЕ‘ СЕ КОМБИНИРА :D Откако дојдов тука, немам гледано. А за допаѓање ми се допаѓа премногу. Толку се пријатни, со лежерно музиче (македонско :) ) во позадина, фокусот е на храната (а не како на ЧЕТИРИ СЕЗОНИ, Дени го гледаме кај што се чалами цело време)... :mm: И секогаш кога ги гледам подголтнувам :)
    За зготвено јас лично немам ништо, но баба ми еднаш правеше макарони со месо мелено и со триста други тракатанци и да ви кажам искрено ПРЕВКУСНО беше. Оттогаш често знае да го зготви истото, обично кога си одам дома.
     
  8. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Леле ама кога гледам храна и вино ептен тешко ми паѓа дека толку мн месо користат и толку многу мрсни јадења прават, јас мислам дека тоа не би можела да го јадам, ина4е десертите им се супер, и мн ги бива за декорирање и такви ствари....
     
  9. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    984
    Ја следам понекогаш, но рецептите ми се најчесто како за поискусни готвачи :lol: а мене баш не ме бива во кујна па затоа само си гледам. Омилен дел ми се десертите
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам кулинарската емисија храна и вино.
     
  11. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Како да испратам рецепт? Како иде процедурата и кој е нивниот е-маил ?
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Женски
    За да испратиш рецепт треба да го купиш списанието Храна и вино. На една од страните има купон. Треба да го пополниш и на лист да напишеш 3 рецепти - за предјадење, главно јадење и десерт. Купонот и листот со рецептите треба да ги испратиш на адресата (ја пишува во списанието).

    Ја гледам емисијава и баш ми е интересна. Ја гледам кога ќе можам. Интересни рецепти има.
     
  13. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    јас имам пратено и по мејл и по пошта , а прикажаа само еден рецепт од тие што ги пратив по пошта
    дали некоја од вас има праќано по мејл и дали го имаат прикажано тој рецепт?
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Женски
    Не ги прикажуваат сите рецепти. Само оние што ќе ги одберат.
     
    На l-a-d-y-di му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.955
    Допаѓања:
    33.852
    Пол:
    Женски
    Сакам да испратам рецепт гледав на рекламата дека можиш да пратиш и е-mail.. да не знае некој на која адреса се праќаат рецептите.. и ме интересера дали за секој пратен рецепт се добиваат 600 ден или само за оние кои ќе бидат прикажани во емисијата?
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Женски
    Адресата ја пишува во списанието. Пари се даваат само за оние рецепти што ќе бидат прикажани.
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.144
    Допаѓања:
    3.909
    recepti@hranaivino.mk
    незнам да не зграшам но таа ја кажа утрово

    само тој што ќе го изберат рецепт го "плаќаат"? и како го исплаќаат?

    кога,како го плаќаат?
    утрово видов реклама и за возврат што има "наградна игра"- 600 или 1200 (за некое моја храна така некако беше )денари се добиваат?
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.311
    Допаѓања:
    3.359
    Пол:
    Женски
    На трансакциска го исплаќаат, а дали сите рецепти ги плаќаат тоа и мене ме интересира :?:
     
  19. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    1.326
    Само тие што ќе ги изберат :!:
     
  20. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.080
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Емисијата многу ми се допаѓа и редовно ја гледам,но мој рецепт не сум испратила бидејќи парите не ми се многу битни,не сакам да се промовирам поради парите,а и не ми текнало порано да испратам,па понатаму ако најдам некој добар рецепт во бележникот на баба ми или на мајка ми можеби и ќе го испратам!А,јадењата што ги праваѕ во емисијата и солени и слатки многу ми се допаѓаат и некои од нив имаме дома дури и испробано и многу убаво ни испаднаа!За жал,списанието сега престанав да го купувам толку редовно,но ќе гледам тука да се коригирам бидејќи само еднаш месечно излегува,па дотолку можам да си дозволам со парите затоа што навистина вреди за читање!Секоја чест и за емисијата и за списанието ,,Храна и вино,,! ;) 8) :* :inlove: