Попребирлив човек за храна од мене нема. Ќе пробам да направам листа од што се не јадам и никогаш не би јадела, ако ми текне на се Мед(мармалад, џем и компанија), компот, лук, кромид, праз, пиперки, кобасици, свинско, телешко, јагнешко, џигери, гулаш, пача, алва, карфиол, домати, маслинки иии знам дека има уште, ама не ми текнуваат во моментов. Ако под храна се подразбираат и пијалоци, тогаш не пијам ништо газирано и боза.
Ја читам темава и си викам моите сигурно се пресрекни што јадам се! Добро ајде да не бидам скрос ненормална не јадам баш пача (освен ако сум мноооогу гладна); Повеќе сум пребирлива кон пијалоците: пиво-неможам да мириснам, кафе-ми смета на желудникот, вино-мнооогу ретко еднаш во годината и газирани сокови ич, подобро вода ќе пијам отколку кока кола
Сирење, кашкавал, млеко, јогурт,павлака, кисело млеко под еден збор не јадам млечни производи и кисела зелка
Јас листа можам да направам бесконечна. Затоа ќе ги наведам некои работи кои ме се стварно грозни: - Сирење - Манџи (секакви! Само од компир-манџата сокот го јадам ама исцеден со цедалче) - Јагнешко - Кисело млеко - Кајмак - Палета - Јајце на око ( само варено јадам ) - Џигери - Алва - Праз - Комат - 3елката од сармата (ја чистам и само сармата ја јадам месото) - Павлака Во врска со храната сум навистина пребирлива,но што да кажам стварно ми се
Исто и јас,неможам да ја гледам,а не пак да ја јадам.Имам пробувано да ја јадам,ама кога ќе почне да се лигави во устата и подобро да си јадам сув леб ако треба(така доаѓа зборот) ,него да дехидрирам од . Исто неможам да гледам и друг кога ја јаде офл.
Кисела зелка, пача - па и ако е со тоа мрсното одозгора ко желе , чварки , боза, зелка манџа, жилави меса, овчо сирење или кој било млечен производ од овца - грдо ми мириса (а инаку голем љубител сум на млечни производи исклучиво од крава)
Млеко и се што е направено од млеко Соја и се што е направено од соја Сувомеснати производи Газирани пијалоци ... И да, во последно време се трудам да одбегнувам се што е од животинско потекло.
Премногу мрсна храна, месо ( освен пилешко и риба ), пача. И да, во последно време ја избегнувам солта, мразам премногу зачинети јадења.
Освен сите стандардно грозни јадења,грав...Вака да го јадам случајно,ок ми е,не ми е гаден,ама никогаш во животов немам пројавено желба да се најадам грав!И е едниствено јадење кое кога го има дома,јас задолжително закажувам ручок надвор од домот!И леќа!
јајца варени на врвот на листата...од бебе не сум ги јадела и никад нема да пробам ..потоа спанаќ, сите сирења освен кравјо ии друго не ми текнува