Долг е списокот Боранија, леќа, зелка, полжави, спанаќ, полнети пиперки, секакви видови на каши, гулаш, брокула, јагнешко, телешко, секакви црева, компир манџа, грашок, домашни супи на баба ми во кои може и мозок да стави некад , турлитава, тиквички, дуња итн ...
Па највеќе не ги сакам маџите. Добро има некои што ги јадам како ан пример спанаќ, леќа, компир манџа и други.И печурки и магдонос мразам многу!
Боранија не ја сакам во никаква комбинација ни варена како манџа , ни во фурна зготвена, ни во салати.
Дефинитивно нај многу ги мразам оние старинскине манџи. Чорба, боранија, компир манџа и тако даље. И мразам телешко месо.
Ич не сум фан на домати. Посебно на лушпата. Јадам едино ако е излупен, па и тогаш не ми е нешто најнај. Печурки ич не сакав порано, малце по малце почнав да јадам, ама во пица сеуште не можам да смислам.. И риба јадам затоа што е здраво, ама со сила, не ми е убаво.. Ама врв на храна што не ми се допаѓа се макарони/шпагети/блабла со сос. Леле колку ми е одвратно, не можам да смислам да јадам, од самава помисла ми се гади, па посебно сосовите тоа бешамел, па со мелено месо...