Не поднесувам храна што има непријатен мирис и некоја чудна боја ко аут оф спејс. Поради ова не јадам риби со многу остар мирис, шкембе чорба во живот не сум пробала исто поради мирисот, кравја лој - истата причина, не сакам и морска храна и поради мирисот и поради лигавоста на истата. И пача поради вибрирачкиот ефект . Инаку се‘ останато јадам без горенаведениве видови храна каде сетилото за вкус и вид му прават саботажа на она за вкус. И подобро да е така, инаку ќе спаѓав во ептен непребирливи и лесни во поглед на храната де, .
На прво место дефинитивно тиквички, потоа боранија, грашок. Во последно време ми се гади и од домати, ги ставам во салата колку да пуштат сок ама не ги јадам Друго... јагнешко, телешко НЕ, цело пиле печено онака НЕ, само стек спржен или испечен батак посебно може, растителен кашкавал шунка
Пачата или пифтија како милувате, никогаш не ја сконтав. Варени нозе и увца, течност која се претвора од средно мрсен лој во вибрирачко како што кажа Теодора желе... па и со примеси на лукче... не, благодарам , навистина не гледам убавина во ова јадење. Истото го мислам и за цревца, за таа плетеница од цревца, се прави нешто слично на плетенка, па се пече, кујрук го викаат во западна Македонија. Не. И џигерчиња. И бели и црни. Ги јадам колку да не ја навредам мајка ми кога ги готви, ама неволно и сосила.
Пача. Нит сум пробала, нит сакам. Кога ќе го видам-ми се гади сместа. Цвекло аууууу. Џигер. Турли-тава, имам нагони за повраќање од тоа.
уф ново на листата растителен кашкавал леле кога го пробав овој пред некој ден што го купивме сум јадела и предходно, ама до тооолку грд не ми беше, ама после ова... веќе никад, и плус далеку дека е подиетално од млечниот, нема врска, повеќе калории има растителниот, ако некој се лаже нека не се лаже пастрмајлијата ми е стандард, не можам да ја гледам, камо ли да ја јадам фала богу ич не ја сакам, а калорична е до бол исто и џигери не дека не ги јадам ептен, ама ... онака чајна салама, ретко, не ми е по ќеиф... а пача и сутлијаш и тоа ми е стандард
За мене посебна тема - храна која ви се допаѓа. Таму помалку треба да набројувам. Прво, не ми се допаѓа, односно мразам, 'прженици' (тиквички,пиперки,патлиџани..). После, грав, грашок и сите зрнчасти манџи. Моркови, кромид и уште што се става во манџите нели (варени). Ајвар, мислам дека во животот немам пробано. Мелено месо, освен во канелони и полнети пиперки не го јадам. Некои посебни видови колбаси, не знам сега за сите.. само еден вид јадам. Домати. Суво овошје (суво грозје, суво незнам што..). И така натаму.. Спојлер Заклучок: многу сум choosy (не знам како да го преведам?).
choosy - пребирлива И јас сум пребирлива веќе кога станува збор за тоа... Не јадам свинско, телешко, јагнешко, риба... БЉАК! Не сум вегетарјанка бидејки јадам пилешко, ама за останатите нејкам да чујам. После, мразам леќа, а не ми се допаѓа интегрален ориз, зелка, грашак и боранија. Од овошје не јадам цреши (не дека не ми се вкусни, ама напоменав и погоре НЕЈЌАМ МЕСО) и смокви. Ги мразам Metro и Mars чоколатцињата и сите слични на нив, нејќам гумени бонбони и благи мастики. Мислам дека доволно ми беше хејтање за денес
Што никогаш нема да јадете?(мразите) Уф никогаш нема да јадам спанаќ . Никогаш и не сум го јадела... Сум пробала не дека не ама едноставно ми е многу бљак... Икри од риба да не речам кавијар исто...
Што никогаш нема да јадете?(мразите) - палета иу - боранија - шкембе чорба, такви манџишта лелеј! - морска храна(освен риба) - туршија - спанаќ - јапонски јаболки ,едни портокалови ,бљак *на ова ми текнува,али сигурно има уште некои!
Што никогаш нема да јадете?(мразите) Полесно би ми било да одговорам од што се хранам отколку што никогаш не би пробала Евее прво што ми дојде на памет е *расолница *школки *кажи речи секакво месо(освен пилешко) *пинџур...и многуу другии ако земам да ги набројам сите што ми се вртат во глава ехее,мојот пост ќе нема крај