Паа..не јадам леќа ,пифтија(пача),салама,секакво месо(освен пилешко и риба),печурки ,морски плодови,колбаси,виршли,тиквици,паштета,ајвар,лутенка,полжави,палента,баклава,тулумби,кори,кочани...не ми текнува друго
Па не јадам повеке работи , но еве неколку кои никако не можам да ги поднесам: супа, ориз, џигер, варени компири, секаков вид на чорби и морски плодови.
Пократко ќе биде да напишам што ми се допаѓа, отколку што не! Не јадам никакво месо, ориз, леќа, сувомесни производи, ( салами, паштети, виршли... ), млеко не пијам, а ни манџи/чорби не јадам секакви итн...
Манџи, месо (до следниот cheeseburger од мекдоналдс ), пача, паштета, колбасици.. У принцип за храна сум многу пребирлива .
^^^Што е тоа? Не ми се допаѓаат ниту јајца недопржени, кога жолчката му е уште влажна и лигава А еден другар ги обожава
Дефинитивно црева, дроб, срце и слични органи...уууууу цела се ежам кога помислам што јадам. Ма ако сака нека бидат од најпрофесионален готвач направени. И овчо месо не можам да поднесам, мирис на лој.... сега како што почнале бурекчилниците само такво месо да ставаат, човек да не може асален бурек да јаде.
Мисли на плетени телешки црева, така ? Инаку се што набројавте , јас јадам. Навистина нема ништо што не јадам..освен срнечко месо , ама тоа е поради сочувство со срничката Бамби
Не јадам свинско, телешко , јагнешко и сите нивни врсти,од месо јадам само пилешко и риба ама печени или пржени варени не можам да ги смислам.Не јадам ни гулаш. Не можам да јадам диња и ананас не ми ги прифаќа организмот . Друго што не јадам пача во никој случај, кромид , лук и кокар само приготвени така свежи 4 години ги немам јадено.(салати без нив јадам). Грав јадам еднаш во 2 месеци Боранија не јадам и уштее многу други работи, ќе ги допишам ко ќе ми текне. Не јадам многу манџи, само одредени и не јадам од секого Ќе забележите знам многу пребирлива сум , а и се познава по постот
Месо не јадам никакво освен риба.Не јадам мајонез,палента,шпагети и макарони и секакви нивни модификации.Не пијам млеко,јогурт и кисело да,ама благо во никој случај.Кромид јадам, лук никако....сигурно има и уште нешто ама не ми текнува сега.
не јадев маргарин никако,но од кога се фатив со дечко ми го имав видено неколку пати како јаде со сласт и се настрвив па пробав.нареднио пат кога јадеше и јас со него и сеа многу ми е вкусен а инку не сакам боранија,шкембе,црева,џимеринки,телешко ,јагнешко...
Во глобала јадам се, ама морска храна не можам да поднесам! Кога татко ми ќе прави нешто и јас ќе му речам дека не го јадам тоа, ќе почне во негов стил: Ама мило ние луѓето сме сештоједи, а тоа значи дека јадеме се! Ако не пробаш, не можеш да кажеш дека не ти се допаѓа...
Не јадам пача,зелка манџа,некои грди манџи како на пример шкембе чорба или некои со мозок , исто не јадам лук,од риба само ослиќ јадам,другите ми смрдат ужасно, не јадам телешко,јагнешко а најмногу мрзам се што е овчо