Чорби, свинско, телешко и слични меса, пивтија, полжави, варен морков и нешто најодвратно дефинитивно ми е кромид
Од кај да почнам? Многу пребирлив човек за храна сум значи не јадам манџи(леќа,боранија,спанаќ,грав,грашок,супи и секаков вид чорби),кинеска храна,морска храна(не можам да поднесам риба а камоли октоподи и слично),телешко,јагнешко,кромид,лук,ротквица,модар патлиџан,тиквици,штрудли,маслинки,цитрони,ананас...и можам да пишувам до утре ај доста се за сеа
1. пиперки ! значи без конкуренција !! 2. пача 3. сарма боранија зелка и сл. 4. тиква 5 тиквички тие малите 6. ќебапи и ако продолжам можда и никогаш не ке застанам...
Месо не сакам многу, поготово не свинско, такво мрсно... И спанаќ не јадам, иако мајка ми со сила ми го буташе во уста. Па можеби и затоа отпорот ми е толку голем.
Не сакам прженици такви мрсни работи, не ги можам. Не сакам ни компир, ми се допаѓа само со рузмарин варен па запржен иако и него го јадам 2 пати годишно
Не сакам да јадам риба и тиква воопшто. Порано како мала јадев и едно и друго меѓутоа сега истите го немаат истиот вкус.
зелка манџа,риба,лук и кромид, диња,месо (освен пилешко и свинско) црева,пача и најгрозниот мирис од ловоров лист (можам да осетам од км дека се готви со тоа чудо)
уште една листа Eднаш имам јадено пилешко со ананас медови, шеќери, абре благо Aу ама беше грдичко, ма тоа и така си е грдичко, па камо ли уште и благо Kинеска кујна .Tаква Спојлер течна столица ме има стегнато, киселини, што не знаев кај ми е главата.Hе е дека е нешто грда на вкус ама па Tоа е тешка ма претешка храна,за мојот стомак . Eден зелен сос, само што го мириснав ме ослепе од што беше луто, пржи, камо ли да го јадам. Tоа еден друг сос од домашен јаболков оцет имаше просто црева да исповрати човек. Hе би пак, никогаш. Eднаш пробав и овчо месо Hе сакам да мислам, залакот одма го плукнав, не ни знаев што месо е, кога ми кажаа, па уште толку ми се згрози
Немам некој проблем со храната,освен со сенф Не го поднесувам чист. Да е во некое јадење и да не се чувствува може, ама инаку, нема шанси.
Eдинствено нешто што не јадам од кога знам за себе мислам од овие секојдневните јадења е белката од јајцето, едноставно организмот не ми ја поднесува, исто така грашокот, не дека воопшто не го јадам ама едноставно не ми се допага. Друго онака можам од све да си апнам