Секакви видови на манџишта, варена зелка, јагнешко, пача, гулаш, печурки, леќа, боранија, џигер, морска храна, суџук
Де бе, толку не знаеш? Па недомашно е тоа што ќе ти го донесе комшиката (или комшијата, он иде со две обично) Јас немам некоја храна што ја мразам, тоа што сум го пробала не можам да кажам дека не го поднесувам. Храната е за јадење. Само леќа и покрај тоа што ја јадам, имам чувство како да јадам песок. Единствено што не ми се допадна е кинеска храна, повеќе видови беа, маж ми донесе лани да пробам, пробав од се ама не знаев што всушност јадам, само препознав кисели краставички и ориз, другото остана енигма. Е од таа енигма не ми се допаднаа едни лигави со црна боја
Не ми се допаѓа нешто што е зготвено со многу масло и е многу мрсно, зна4и едноставно не можам да го јадам тоа, и не можам да јадам многу месо....
Не јадам никаква морска храна, дури и риба ретко јадам. Имам пробано школки, и за малку ќе повратев. Не јадам леќа, боранија (како трски ми се), гулаш, пача... Сигурно има уште нешто, ама не ми текнува. Татко ми нон стоп ме кара за мојата пребирливост, па ќе почне со она - човекот е сештојад, затоа треба се' да се јаде. Ама ако нешто не ми е вкусно, не можам со сила да го јадам. Попрво ќе си земам леб и сол.
Освен тие што сте ги спомнале, мразам и Руска Салата . Не знам дали некогаш пак ќе ја пробам Ии плескавица, одвратно ми мириса . Можеби не се сите такви, ама овие јас што сум ги пробала такви се
Прво,различно ги хранат оние кокошки у фабрика од домашните. Јес да јајцата од вториве се поздрави,бидејќи ги хранат со природна храна,без конзерванси,но вкусот им е далеку посилен и мирисаат тешко и грдо, ај да не се изразам лошо. И јас исто не јадам домашни јајца, баш од оваа причина.
Па мене не ми се допаѓа спањакот...пинџурот... ууу и боранија Кај нас дома е забрането да се прави боранија, никој нема да ја изеде
1.МЕКДОНАЛДС 2.Боранија,Леќа,Тикви,Тиквички,Џигер,Мозок,Лигњи,Октопод,Школки,Полжави,Жаби,Расол, Печурки,Суши,Туршија,Брокула,Пача,Ѓулаш,Пифтија..
Не сакам премногу мрсна и зачинета храна Во последно време не сакам манџи: леќа, грав, боранија... Не јадам кромид и лук свежи Магданоз - одвратен ми е тој мирис Пача