ооо долга листа е ова грав,грашок,боранија,тиквици,јагнешко,сутлијаш,макарони,шпагети,турлитава,цвекло,многу сум пребирлива за домачни колачи. а дечко ми не ајде никаква,ама баш никаква салата,ниту сосови,ниту манџи,не ми дава со ист нож да сечам патлиџан и сирење од кое што он јаде...кога гледам како јаде леб,месо и компири,ми се лоши
Не можам да смислам дроб сарма, шкембе чорба, леќа, диња и јадења кои имаат пр. мозок, јазик, дроб итн. Исто не можам да го поднесам мирисот на јагнешкото, а и не сум баш љубител на месо. Поради одредени причини не сакам риба која не може лесно да се очисти од коски.
најмногу од се мразам скара , ми се лоши од самиот мирис ќебапи, плескавици, увијачи, ражничи ...неможам да поднесам уште од малечка Гадно ми мирисаат неможам да ги гледам , не да ги јадам Кога одиме некаде на излет , сите јадат скара јас бејк ролс , или нешто слично Татко ми сеуште ми вели , не знаеш што да јадеш Месото ич не го сакам , и ептен ретко јадам од што ме тераат.. најчесто риба или пилешко (свинско не јадам) ама и тие не ми прават мерак баш . Да не заборавам и јајца варени не јадам , ми се згади од нив еднаш коа држев една диета Друго главно се јадам , нешто помалку , нешто повеќе , нешто избегнувам (благо и леб)
Хаха, сите запнале со таа пифтија али мене баш ми се свиѓа, татко ми ја прави многу добра. Можеби на изглед и не е нешто но познавам многу луѓе што кажале-тоа нејадам, а не ни пробале. Мене не ми се допаѓа морската храна (освен риба), било што поврзано со јагнешко, било месо било изнутрици, во принцип освен џигер многу ми е јак и неподнослив мирисот и вкусот на изнутриците од било кое животно. Исто така пилешки стекови мразам, голем месар сум, но тоа за мене не е месо, жилаво и без вкус. Грашак не ми е по вкус но го бутам со сила, највеќе ради мајка ми
Зелка- манџа и туршија, мајонез, кромид (и секое јадење во кое има кромид), магдонос, боранија, бамја, пржени тиквици и патлиџани, јагнешко, пифтија, расолница, руска салата, пржени пиперки, џиери, црева, мозок, плескавици...
Бамија..што е тоа? Ааа и сум заборавила да споменам и ја не јадам тоа мозоци,срциња,црева,јазици..од самото име ми се гади не па да јадам
Нетипчино за Македонија, не јадам сирење. Ми се згадило кога сум била мала - и толку. Порано имаше и други работи кои не сакав да ги јадам, ама правам напори - на пример маслинки, и други, ама имам некоја психолошка бариера кон сирењето, никако да ја надминам! А тешко е во Македонија да не јадеш сирење (или урда).
Печурки!!мислам дека никогаш нема да ги пројадам макар и крај на светот да е. Исто така ми се темни од пача, џигер, мајонез и пржени тиквици. Овие ми е топ 5. За друго можам да преџвакам некако, ама овие...NEVER!
Јадам се и сешто освен дропче или џигер како што го викате.Не можам да го смислам.Исто и пача-ми се гади од самиот поглед. Не обожавам грашок,јанија и боранија ама сепак ги јадам.
Мразам пача одвратна ми е. Инаку еднаш ја имам пробано и тоа мислев дека е некое желе така ми изгледаше И не обожавам мајонез.
а да пишам подобро што јадам па вакааа, не јадам леќа, боранија, пача, тие некои животински органи, лук, урда (гледам некој спомнал), од месо јадам само пилешко и мелено (а не тие јагнешко, јарешко... па не знам уште каквооо), и некои запиперени манџи, цвекло, колбаси, не секакви паштети (само пилешка -аргета) .... и уште нешто има ама не се сеќавам сега