Јадам скоро се ама зависи како е готвено пр.јадам зелка ама не јадам варена,јадам кромид ама исто не го јадам варен,или пак не јадам многу комбинаци со храна кои за некои би биле нормални.Единствено нешто што не го јадам на било каков начин,едноставно не му го поднесувам миризот, а и неможам да го готвам е празот.
Варен, пржен, печен каков и да е .. Карфиол само во кисело го јадам, потоа мрсна храна од која што тече зејтин шо се вика иии печурките не ги сакам !
јас за разлика од многуте феминки јадам и пифтија и секакво месо и секакви манџи,супи,сирења,зеленчуци,овошја едноставно се јадам
грав одсекогаш ми е онака не баш омилен,незнам зошто не дека не ми се свига на вкус,едноставно немозам да го јадам
Ух тука ме погодивте.. Мене уствари сите ме прашуваат што јадам.. Не јадам : пиперки било да се пресни печени пржени ни па у салати,лук,сирење,урда, кашкавал (кашкавалот го јадам само у тост) , спањак,полжави,печурки,пача,модри патлиџани,тикви,црева,тулумби,цвекло,морска храна,мозок и сл органи ,сосови било и какви да се .. поарно да не продолжам