Боранија во никој случај Леќа ептен ако мора, инаку не ми се допаѓа. Во таа категорија спаѓа и подварокот. Јас се сметав за прибирлива личност ама кога видов во темава дека има луѓе што не јадат ориз, грав, тестенини и ред други обични секојдневни работи, дефинитивно ќе сменам мислење за себе
За добра свиња нема лоша помија Еве, гаспачо не ми се допаднало кај што сум јадела, и коктел од шкампи, ама може само не ми се допаѓало како се зготвени. Не викам дека не би пробала пак
жиарици од оние чоколадните топчиња или некој корнфлекс со додаток на витамини(ептен мирисаат кога ке се отвори паковката ..), кисела павлака, тврдо варено јајце,козјо млеко.
Мајонез, сенф, павлака, пача(пифтија), чварки, има и други што не ми текнуваат у моментов ама Мајонезот од наведените највеќе ми е одвратен... Имам пробано само еднаш во животот како мал и не сакам повеќе да го смислам, ми се гади да помирисам само.
Јагнешко, јарешко, зелка манџа, каша, боранија, пивтија, чварки, рибја чорба, шкембе чорба, кукурек, варени јајца, млеко (во органолептична состојба), расолница, козјо сирење, мешан кашкавал, грав ( тавче гравче да), суши, суво овошје, диња..... сигурно листата е подолга ама не ми текнува сега...
Јагнешко, суши, морски плодови, изнутрици, боранија, макарони со јајца, компир манџа со месо, спанаќ со месо, мешано сирење, козји и овчи млечни производи, жива пиперка, кромид и праз, ѓомлезе или кашаник, туршија, лутеница, сланина, колбаси, паштети, кулен, салама, јадења со запршка, чварки, пача, масна храна општо итн.