Иако сакам да јадам скоро се, сепак НЕ јадам по сопствен избор: пача, мандарини, диња, тиква, чварки и месо со многу сало, како на пример свинско.
Абе се си јадам јас Не обожавам леќа,грав и компри манџа,исто и компири и месо печено во тава Не јадам зелник со праз и банички со месо зелка манџа неможам да смислам..исто не јадам и торти и колачи со ореви и ИЧ не ја сакам пржената риба онаа ослич тоа мислам дека е, не бирам ногу, уживам си додека јадам...гурман човек сум си
Боранијаа, бљаак хахах исто не сакам грав и шо знам тоа. неќам манџи поише сум по сува храна, хамбургери и тостови, и тонови благо и солено ко сите тинејџери
Храна која е многу мрсна , морски плодови, јагнешко месо лук, и кромид во свежа состојба,не поради мирисот туку едноставно организамот не ми го поднесува.
Пудинг, гриз ,сутлиач, овошен јогурд, боранија, мандарини, грашок, форнети(бљак) и уште неколку јадења има што не поднесувам ама не ми текнуваат во моментов
СИРЕЊЕ (тоа највише мразам у уста не ставам) Грашок нешто не ми е мн. убав пиперки зелка (какво било стање) лук,кромид по печурките не сум многу. Чварки џигер и све остало од тој вид јагнешко месо риба во конзерва. Толку ми текнува за сега
Индиска храна. И да имате можност не пробувајте. џабе фрлени пари Од нашиве само леќа. Друго се си јадам
Се согласувам дека на свежото цвекло има вкус на земја и мирис, одвратно е. Храна која не ми се допаѓа е пачата, боранијата, џигери(+ужасно мирисаат додека се приготвуваат),зелка манџа,карфиол и не сум голем обожавател на спанаќ иако понекогаш го јадам.