Јас сеа ќе наведам што од благо не можам да јадам: тулумба - целата фама околку тулумбите не ја разбирам. Шербет во туба! еклери - едноставно не ги можам пуслици- јајце! Бљак! сладолед од јагода- секогаш кога ќе пробам ме потсетува на Бугарија. путер од кикирики- не ги разбирам амерканците. Мене ми е страшно невкусно!
И мене исто... јас во принцип се си јадам, ама овој путеров не можам да го поднесам. Ај што е мрсно и нездраво, ама и вкусот му е за никаде. Одвратно е
не ми текнува во моментов ама еве не јадам цвекло, чајна, премногу мрсни јадења кои пливаат во масло бљак
и јас цвекло не јадам,и путер од кикиритки и овај веџемајт леле колку ми е гадно,не можам никако,првиот пат си мислев еуро-крем е и со прст лижнав,ке повратев
Во суштина се си јадам ама нешто помалку нешто повеќе. На пр. вариво - варена зелка не сакам, оние изнутрици како што се црева,,, тоа не можам ни да помирисам а не пак да јадам. Овчо месо - нееее, многу мрсни или многу благи работи да ми се слоши нееееее.
Џигер - можам да го осетам тој мирис од 2 км и попрво би умрела отколку да каснам имам пробано како мала грозно ми беше и повраќав и оттогаш нема цапнато џигерче во моето желудниче моите готват само кога не сум дома
Леле не знам како во Австралија го обожаваат. Јас само го мириснав и ќе повратев... По грозно нешто немам видено..
Најмногу што не можам да поденсам од јадењата е пача,компир манџа,виршли суво грозје,диња иначе од манџи се јадам и не пребирам освен ова.
Кисела зелка - манџа, боранија ми е најодвратно нешто, се сеќавам во градинка еднаш ни дадоа, не сакав да јадам, па воспитувачките сосила ме набутаа, плачев, јадев и плукав во чинијата. Не легнаа да спиеме, и едно време кога почна да ми се повраќа, мислам дека во животот толку не сум повраќала како тогаш кога јадев боранија. Оттогаш за жива глава нема шанси да мириснам, а не пак да пробам. Има и друга храна, доста сум прибирлива во однос на јадењето, затоа готвам само она што знам дека го јадеме
Салата со варени компири и кромид , воопшто не ми е вкусна....среќа не ја конзумираме-конзумираат многу дома
Не можам да јадам смрдливи јадења... Не поднесувам лук или жив кромид, праз и сл. Знам, знам дека се здрави, можеби му даваат шмек на јадењето, ама едноставно не можам и готово. До пред неколку месеци не јадев спанаќ и мед, ама почнав малку по малку. Медот само во чај се’ уште, ама за некое време ќе соберам сили и ќе лапнам една лажица . Лук не можам, а не се ни трудам
свинско свински кременадли или некои такви пржени или печени делови од свиња едноставно мирисот ме тера на повраќање... е сега ако е некое свинско каре добро подготвено со триста зачини печено 2-3 саата може да штимнам нешто ако сум на гости
Месо, секакво. Расолница,зелка туршија, зелка манџа, тавче гравче, блитва и слични зеленици, цвекло (мириса на земја ) кисело млеко, сирење и млеко-овчо и козјо, урда, праз. Уф ми се одјаде од набројувањево
Оохоо ако почнам да набројувам .. Каша, пивтии, качамак, тикви, кромид, лук, праз, маслинки, варени моркови во супа, гравче - тавче, боранија