Ептен си во право да знаеш!!! Освен пача и рибна чорба се друго си јадам бе луѓе!!! Зошто да се лишам од сите преубави и полни со зачини и мириси македонски и балкански јадења! Е сеа тоа пачата стварно не можам да ја смислам.
Јас не сакам лута храна, како мексиканска кујна со тие зачините После не сакам варена зелка и се што се прави од неа, како сарма на пример, после боранија, не јадам пача , а да..и се што се прави со голема количина од лук и кромид.. Друго не ми текнува, тоа е сеа за сеа
леле ние дома никој не јадеме,а се јадело инаку со маргарин инаку он топик почнав да не јадам свинско и телешко,јаболка никако,банани,кикиритки,пици,пржени компирчиња добив некоја одбивност незнам дали зашто е различен континент и поинаку е храната,ама почнав да сум прибирлива
Не можам и не умеам да се научам да јадам печурки. Верувајте пробував, ама устава не ми ги сака, а веројатно ни мозокот, зошто кога и да ги видам мене ми светка некоја сијаличка и ми доаѓаат напади на одбивност.
Хммммм па воглавно јадам се освен пача, свинска паштета (ми мириса грдо), некакви си јадења со внатрешни животински јадења (црева, џигер, срце, мозок итн.)....
од кога ја пробав паштетата од туна ми се гади од секаков вид паштета...морска храна , пача ( за среќа моите не ја прават често ) магдонос , мајонез ...
Дефинитивно морска храна. Почнувајќи од риба, ракчиња , лигњи, школки,октопод и слично. Ништо , апсолутно ништо не можам да поднесам, им го мразам мирисот и вкусот Бљак !!! Од другата храна има некои кои ги преферирам повеќе од другите, но воглавно јадам сè.
секое јадење кое има лук и кромид не можам да го смислам камоли да јадам,пача,јагнешко месо,морска храна,боранија,домашна супа,грав,зелка и многу други не ми текнува
ПАЧА! Неможам да сфатам како луѓево јадат ПАЧА! Уште кога ќе чујам дека се прави од нозете на свињата или од ушите ми се згрозува во истиот миг! Настрана тоа што откорнува на луковини!
не јадам се што се јаде со лажица, освен супа и чај, друго неможам да замилсам ниту грашок (ги вадам само зрнцата и со вилушка ги јадам), боранија, леќа, спанаќ, гравче (сркано), некои манџи со месо и со компири (само компирот одделно го јадам), чорби морски плодови не обожавам, варен зеленчук, јапонски јаболки...
На форумов имаме многу страсни мразачи на пача, па и јас се придружувам. Исто така не сакам џигери и зелка манџа