Храна на која не можете да и одолеете во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Eli23, 23 април 2015.

  1. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Ваква тема не сретнав досега. Сите знаеме што треба да се јаде и што не треба да се јаде во бременоста. Многу зеленчук, овошје односно витамини. :)
    Има ли нешто што знаете дека не е нешто особено хранливо, ама не можете да му оддолеете ?
    Кога ќе ми рече некоја колешка не ти кажувам што сум правела за ручек, ќе ти се пријаде, јас обично не им верувам. Не ми се случуваше барем до сега.

    Сега ако намислам или ми спомнат морам да јадам смоки, да се напијам сокче Вива коктел, било која салата што е кисела, особено краставица и сирење. Ете тоа мене ми прави лиги да речеме. :D

    А немам некоја посебна желба за благо откако сум трудна. Претходно не остануваше чоколадо дома ни пола саат од мене. :)
     
    На *цветче* и bebence456 им се допаѓа ова.
  2. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Jas nemav nikakva posebna zelba na hrana nitu vo prvata nitu vo vtorata bremenost. Se si jadam kako i prethodno sto sum si jadela, nitu pomalku nitu povekje kolicinski, ne sum strvna za nisto, koga mi se prijade ke jadam, koga ne mi se jade i deset dusi okolu mene da gledam kako jadat nema da me fati strv. Sto znam ete takva mi e bremenosta ;)
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.044
    Првите три месеци, докај средината на четврти немав апетит за ништо, сега ми се подобри апетитот и си јадам нормално, количински како и пред да останам бремена, немам некои кризи, пример ми се јаде баш тоа и тоа и мора да го купам, тоа не ми се случило до сега. Единствено сега ми се јави желба за благо, било што да е не бирам ама мора да си апнам нешто, насабајле обавезно, и после ручек, вечера сакам да си каснам нешто благце, десертче, значи било што да е не бирам :D само гледам да не се опуштам многу, се контролирам, после кој ќе води борба со килограмите :)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.661
    Допаѓања:
    252.120
    Пол:
    Женски
    Во првата бременост јадев бурек во ненормални количини :o
    Сега се чудам како сум можела,бидејки ден денес бурек јадам 2 пати во месец.
    Со втората бременост праските ми беа омилени.Можев по кило праски дневно да изедам.
    И во двете бремености мандарини не поднесував воопшто :)
     
    На Maceto123, Fatalnata и Eli23 им се допаѓа ова.
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    11.137
    Во првата бременост јадев многу урда. Најомилена комбинација ми беше урда и свежа рендана краставица, со една лажица павлака. Е тоа го јадев од јутра до сутра! Многу овошје јадам и тогаш и сега, исто и зеленчук. До душа, секогаш јадам тоа, не можам да издвојам дека нешто повеќе се манифестира во бременост. Овој пат ми се згади од сенф, дури повраќам од него. Првиот пат јадев исто, ако не и повеќе. Сега на сирење некако имам удрено повеќе, и на кисело. Месо со очи да не видам, никогаш не сум го сакала ама сега ептен ми се гади од него. Воопшто не сум стрвна, ама ич! Пред малку на работа јадеа чоколадна торта, мене цревава кукурек од неа ми се направија. Не се ни осудив да ја пробам, не можев.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.326
    Допаѓања:
    38.565
    Пол:
    Женски
    Јадрв премногу Кики бомбони :D Првите месеци со гадењето откако открив дека бомбони ми помагаат, се навлеков на Кики и до крај на бременост џебовите ми беа полни со бомбони.
     
    На firequeenn, Maceto123, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Јас благо од секогаш си јадев ама сега можам да изедам цела чоколада и до крајот на денот и сладолед, и палачинка...:o Немам насит на благо :^: Затоа сега во 29та недела сум си како топче :(
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MargaritaD^2

    MargaritaD^2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Salata so Domat sirenje malku maslo I solca , ili piperki peceni pa pod przeni so domatce ili taka samo narodski kazano tolceni prsti DA lizis
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Сладолед :P
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.275
    Пол:
    Женски
    Сега најмногу јадам домати,краставици и јагоди.Буквално секој ден по кило.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    48.428
    Јагоди. Секој ден јадам буквално по кило јагоди и секој ден купувам нови, свежи.
    Ми има некој кажано да не треба да јадам толку многу дека се алерген па можам да пројавам алергија, не знам, ама и со првото јадев многу јагоџи па добро поминав.
    Мислам моето железо добро се должи на јагоди а и одличан антиоксиданс се.

    Кога не сум бремена свеж морков не можев ниту да помириссм, а сега пример ми е многу вкусен :)

    И наравно, не можам да одбијам теста, многу повеќе се контролирам неголи со првото, ама небитно слатки или слани теста ми се слаба точка.
     
    На Eli23, Maceto123, Kiflicka05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Цела бременост си јадам исто како и порано, со тоа што малку повеќе тестенини ми се повкусни, ама ги одбегнувам:sweat: и шопска салата ми е многуууу вкусно, а пред да бидам бремена бев по стрвна, сега не сум стрвна. Со таа разлика што порано благо можев и по еден месец да не каснам, сега секој ден по една две коцки чоколадо. Јагоди и зелени јаболки секој ден во изобилие, посебно јагоди а нај нај нај омилено нешто што го јадам најчесто од ноември месец до сега е СЛАДОЛЕД е за тоа душа давам :sun::sun::inlove:
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. milamila988

    milamila988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Немам некоја посебна желба за храна, пред да останам и јас како мачето си бев пострвна а сега не , многу работи неможев да јадам семи сметаше и сум ограниченасо храна што ми одговара се надевам дека сега ќе си јадама се нормално без потешкотии, мм станал пострвле од мене иако јас сум трудна многу ми е смешен :rofl:
     
    На Eli23 и Maceto123 им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    48.428
    :rofl::rofl: значи исто.
    Мојов ми вика едвај чекал да помине оваа бременост да престанал да јаде (facepalm):rofl:

    Арно Господ направил жените само да раѓаат. Кога ги гледам тоа мажите на бремени жени мислам недај Боже они да треба да поминат низ истото :rofl:
     
    На Eli23, milamila988 и Maceto123 им се допаѓа ова.
  15. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Мила ме изнасмеа со мажите, они да треба да раѓаат во несвест ќе паѓаат од втори месец, они немаат ич храброст, нив една глава ќе ги заболи леле одма давај апче а не па болни менструации секој месец или па породилни болки (и јас уште незнам какви се :lol:) затоа жените се тие што раѓаат и се храбри :muscle::muscle:
     
    На Eli23 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  16. blessed2

    blessed2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Здраво. Јас денес се зачленив на форумов, ве читав некое време, па си велам зошто да не ви се придружам. Може ќе ми се смеете, сакам да прашам дали си јадете кикирики, смоки и јагоди во бременоста. Ме интересира од причина што истите спаѓаат во потенцијална храна која може да предизвика алергии кај мали деца. :)
     
  17. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    957
    Пол:
    Женски
    Јас си јадам се од тоа што напиша, а посебно сега кога излегоа јагодите си јадам секој ден, се надевам дека е во ред :lol:
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.433
    Пол:
    Женски
    Алергии кај мали деца може да предизвикаат многу работи, тоа незначи дека нетреба да јадеш ти во бременоста. Кога ќе доиш тогаш веќе можеш да си припазиш и кога ќе почнеш да го храниш бебето со храна тогаш педијатарот ќе ти каже најубаво.
    Во бременоста можеш да јадеш од се во умерени количини. Да не се претерува само. Јагодата посебно неможе да ти наштети баш е богата со овошни киселини, посебно со фолна. Има и голема количина на железо што не е на одмет во бременоста кога бебето ти влече од твоите витамини во организмот :)
    Таков ни е периодот сега излегоа јагодите еве читај погоре сите јадеме јагоди :) и јас неможам да им одолеам деновиве:)
    Во свежа салата исто се давам :D друго не ми се ни јаде од топлово.
    Инаку првите три месеци ми беше најслатко смоки со јогурт јадев, па не верувам дека нешто му наштетиле на бебето :D
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blessed2

    blessed2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2015
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојчиња на брзите одговори и на здравје нека ви се јаготките, сега ќе му нарачам на маж ми да ми купи :D
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. milamila988

    milamila988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    mm go zezaat velat koj e truden ti ili zena ti :lol:oti ima mese pa se zezame na negova smetka moze uste e rano tek 4 mesec ama uste ne mivse poznava dekabsum trudna, jas jagodi I ne jadam mnogu od se po malku oti ako preteram :puke:
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.