Jas koga bev 8ma nedela cela nedela jadev samo tostovi so vareni jajca, sega ne mozam da gi smislam i od togas nemam jadeno
интересна тема во минатата бременост јадев многу помфрит со мајонез, секој ден на враќање од работа нарачував од една сендвича и пиев швепс тоник ми помагаше за гадењето, се давев. секако качив 20 кила оваа бременост неам нешо на што сум навлечена, многу поише ми се гади, периодов сум на сендвичи со варено јајце, патлиџан или краставица и кашкавал, секој ден тоа доручкувам, а благо не можам да поднесам и од помислата ми се лоши.
Тостови-домашни и од надвор, брза храна уживам во бургери, кисело салати со балсамико, од благо крем Меренда и нешто ситно, кафе пијам по едно на ден и месо не можам да поднесам.
Сееее! Јас пред бременоста бев 45-48кила цел живот, а сега на ништо не можам да одолеам. Што да ставиш пред мене, се ќе изедам. Како дупната вреќа ми е желудникот.
Јас немам некоја конкретна храна на која сум навлечена. Првиот триместар сакав многу солени грицки (соленки, квики), благо не погледнував. Сега на крајот последниов месец нешто се смени почна многу благо да ми бара телото...Гледам да балансирам со овошје, ама ми се јаде и благо и си поткаснувам секој ден чоколатца. А количински јадам помалку од што сум јадела претходно. Мислам дека желудникот ми е смален и истуркан горе накај градите па што и да каснам брзо се заситувам а и одма проработуваат киселините па не можам да јадам многу, дури ми е страв дали внесувам доволно храна. Така што и овие неколку кила што ги имам качено во текот на бременоста мислам дека ми се од благото само, и нормално од самиот плод.