Се мислев дали оваа тема да биде тука или во Рецепти, ама повеќе ќе бидат идеи отколку рецепти па затоа решив тука да ја отворам. Нејсе, идеи за оброк на работа или факултет? Веќе смачено ми е лиснати да јадам, па ајде да споделиме што интересно и лесно можеме да си подготвиме од дома? Јас често си носам проја, лазањи ако ми останале од ручек, макарони, пита со тиквичка, солени палачинки и слично *Споена дупла тема
Искрено и мене ми требаат идеи, посебно за на работа. Јас од дома си имам носено само салата(обично туна), макарони, тост еднаш си земав и овошје ама овошје не ме држи па престанав да зимам. Некако не ми е во навика да носам храна од дома, а далеку ми е поисплатливо отколку секојдневно да купувам од пекари или од маркети со готова храна. Споделете идеи што би можело да се носи на работа, без притоа да одзема многу време за подготовка.
Голем за темата, бидејќи ми е секојдневна мака. Мм носи од дома храна за на работа бидејќи таму немаат. Обично преку викенд правам затворени пици,пирошки или некои кифли со сирење и ги замрзнувам па за 1-2 дена сум мирна. Кога сум послободна и тортиљи знам да направам. Најдов едни убави lunch box со повеќе прегради, така да носи било што и да правам за ручек. Има посебно место за се, пример ориз со пилешко и салата, мусака.. Бурек правам обавезно еднаш во неделата. Денес имаше паштета на листата на толку фалби дека готвам
Сакам да си носам од дома, но не секогаш имам време да си приготвам или земам. Многу подобро се чувствувам со храна од дома донесена отколку со пецива полни адитиви, тостови, бургери итн. Најчесто од дома носам овошје, поретко зеленчук и понекогаш кифли, проја пита, нешто благо. Секоја идеа е добредојдена.
И јас си носам од дома, поретко купувам бели пецива, почесто чоколади и такви работи. Си правам тост со кашкавал, еурокрем, понекогаш домата и сирење, си носам овошје. Еве денес на пример во една лупка ставив 2 парчиња леб стиснати на тостерот и си купив мед во малото пакување што е и една банана. Салати не носам, многу мирисаат и овенува зеленчукот по некое време.
Ќе си вложите во разни садови со разни величини за лесно организирање на храната. Нека бидат со помали величини за да можете да ја комбинирате храната во повеќе садови, а да не ви зафаќаат премногу место. Еве ви 10 идеи: 1. Во еден сад носиш 2 сварени излупени јајца; во втор сад носиш урда (ја препорачувам онаа во канче што може да се купи само во Кам, превкусна е, може и да се мачка, ефтина е, убаво е стокмена во канче наместо во ќесе) и исечкана краставица или маслинки (уште подобро без семка); во салфетка кришка леб (го препорачувам интегралниот со 6 семиња на Жито Лукс) и во мало шишенце јогурт/ќефир/ајран (што преферираш). Буквално сето ова можеш да го приготвиш и стокмиш по садови вечерта пред легнување. 2. 2 кришки леб (истиот од број 1), двете кришки намачкани со по 1 мала лажичка путер од кикирики (го препорачувам оној што може да се купи само во Кам, нема додатоци, најефтин е и текстурата е совршена за лесно мачкање), ќе наросиш чиа семе (не дека мораш, не менува на вкус, но здрави се и зошто да не) и ќе исецкаш 1 банана која ќе ја пикнеш помеѓу 2те кришки леб и со тоа ќе добиеш сендвич. Сендвичов го праиш за 3-4 минути. 3. Туна и грашок. Отвараш конзерва туна и ја истураш во сад. Отвараш конзерва грашок и ја истураш во истиот сад со туната. Толку. Можеш и вечерта пред легнување, можеш и утрото. За ова е потребно минута-две приготвување. 4. Тортиља со црвен грав, пченка, листови зелениш (марула/рукола/спанаќ/блитва, што ти се наоѓа). Вечерта пред легнување, отвараш кознерва црвен грав и земаш третина од количинта во цедалка, ја промиваш низ млаз вода и ја ставаш во сад. Истото го правиш со пченката и ја додаваш во садот со гравот. Утрото пред работа, земаш тортиња (препорачува Мексикана од хељда или со чиа), редиш листови зелен свеж зеленчук (што поише, тоа подобро)(можеш и листовите да ги измиш и спремиш вечерта претходно), ја додаваш комбинацијата грав/пченка и ја смотуваш тортиљата како ти одговара (мене обично коцкасто за да не испаѓаат работите, има сликовито упатство на пакувањето од тортиљата). Тортиљата ја моташ за 2-3 минути. 5. Ориз со брокула и парче месо. Сето ова го приготвуваш вечерта пред спиење и го пакуваш во сад, само да го земеш утрото. Топ намирници кои поднесуваат да стојат и повеќе од една вечер. Можеш и да ги спакуваш сите во посебни помали садови или заедно во еден поголем. 6. 2 кришки леб (истиот од број 1), двете кришки намачкани со по 1 мала лажичка хумус (го препорачувам на GreenFood класичниот), парче од твојот омилен кашкавал и исечкана краставица кои ќе ги пикнеш помеѓу кришките и со тоа ќе добиеш сендвич. Како и со секој друг сендвич, така и овој го праиш за пар минути. 7. Палента со урда и мало шишенце јогурт/ќефир/ајран (што преферираш). Палентата буквално се приготвува за максимум 5 минути. 8. Кајгана со зеленчук и кришка леб (истиот од број 1). Вечерта пред легнување ќе си го приготвиш зеленчукот што сакаш да го ставиш во кајганата, пример ќе исецкаш печурки и/или пиперка, ќе измиш листови спанаќ, ќе свариш брокула, ќе издвоиш маслинки без семка. Целиот зеленчук ќе го стаиш заедно во ист сад и наутро се што треба е во загрена тава да ги сипеш искомбинираниот зеленчук со јајцата и а ги пропржиш пар минути и зготвената кајгана да ја префрлиш од тава во сад. Толку. 9. Интегрален корнфлекс со семки од тиква и сончоглед и чиа и мелен лен со шишенце млеко (кравјо или веганско) или јогурт/ќефир/ајран, зависи во какво расположение си. Вечерта пред легнуваше во сад ќе измешаш заедно корнфелс и семки и во шишенце ќе одвоиш течност и на работното место, течноста ќе ја сипеш во садот со искомбинирани корнфлекс и семки. Можеш да додадеш пар јаткасти плодови или можеби исецкани урма до две, ако сакаш слатка верзија. 10. За крај ја чувам многупрепорачаната најбоља на свет за појадок, овесна каша. Можеш да ја приготвиш на 2 начини: пред легнување или утрото пред работа. - Пред легнување се што треба да направиш е да сипеш 2-3 лажици овес во тегличка со шишенце млеко (кравјо или веганско) или јогурт/ќефир/ајран, зависи во какво расположение си и да ја оставиш во фрижидер да си стои се до моментот кога утрото пред работа ќе ја земеш тегличката со самоприготвена овесна каша. За арома, можеш да ја искомбинираш со парче овошје на пример банана (за уште повкусно, со лажица путер од кикирики) или јаболко (за уште повкусно, со цимет), со јаткасти плодови, со суви урми, или што и да ти одговара. - Утротото пред работа, во тенџерче ќе стаиш 2-3 лажици овес, ќе сипеш вода и ќе го вариш овесот 4-5 минути. Можеш да додадеш мед или цимет или какао. Па откако ќе се олади парче овошје. Или пак да направиш солена верзија, додавајќи малку путер и сол или пак урда. Лично јас, овесот го варам и со овесни трици, чиа и мелен лен. Додавам понекогаш и семки од тиква и сончоглед. Многу често путер од кикиркики (за со банана). Како ти е вкусно, така. Реално, прашање на навика е. Кога ќе почнеш да си приготвуваш оброци од дома ќе научиш како полесно и побрзо да ги правиш, што е можно помалце време да користиш и да не се замараш, а да имаш здрав и вкусен оброк со себе. Јас долго време кога работев на едно место, секое утро правев кафе и го сипував во термос чаша за да го пијам по пат до работа и средував еден од оброциве и спикував у торба и терав. Оваа рутина на кафе и оброк ми одзимаше максимум 10 минути. Можете, ама треба да сакате.
Понекогаш носам храна на работа, бидејќи несакам и неможам да јадам сешто, но најчесто не јадам на работа или јадам овошје додека не дојдам дома, бидејќи: Јас не заборавам да си зготвам, туку зготвеното го заборавам пред да тргнам на работа И друго, ако носам нешто мано или малку да има сос, после ташната ми станува лом, неколку пати ми се случило тоа, после земав и од карес сад да носење но ти тој не се покажа, а доста скапо го платив Кај овошјето нема ризик
Сосот за главното јадење и зачините за салата носи ги посебно во тегличка. Пример, имаш паста и сос, пастата во пластичен/стаклен сад, а сосот во мала тегла кој ќе го додадеш тогаш кога ќе седнеш да јадеш. Имаш салата, свежиот зеленчук во пластично/стаклено, зачините во мала тегничка, така и зеленчукот нема да биде "овенат" бидејќи не маринирал во течност со саати.
Јас најчесто си појадувам едно канче кисело млеко на работа најлесно ми е за носење и таму во фиоки ми стои некое овошје за секој случај да не ме наеде млеко
Понекогаш купувам, понекогаш си носам. Имам неколку садови за пакување на храната со различна големина, така што не ми е проблем. Во секој случај, најчесто носам релативно сува храна и храна што не мириса многу силно, така што досега не сум имала проблеми со тоа. И онака не сакам многу да јадам на работа, претпочитам дома на раат
Јас додека одев на работа и покрај тоа што не следуваше таму јадење од пицерија секогаш си носев од дома храна како макарони, пица домашна, салата со домати, краставици, пиперка, маслинки ова на лето, салата со павлака, кифли, јајца варени, или од ручекот ако имам останато од претходниот ден како мусака, лазањи, се освен манџи не. Додека бев бремена стално јадев кисело млеко и леб, житарки со овошје, мед, какао, безмасно млеко(јас ги јадев со органско млеко со ориз и какао), буквално се би јадела од дома, многу сум тешка кога морам да јадам храна која не е домашна, макар јајце пржено ама дома да си го направам
Дури одев на работа по 9 часа си носев од дома јадење. Носев нешто месено, палачинки, компири варени со некоја салата, јајца варени со сирење и домат, сендвич, тост, макарони со сос или шпагети... И обавезно некое мало чоколатце. Сега одам на курс и не сум дома 6 сати од прилика и носам само банана и кафе пијам таму. Понекогаш и на мажот ми му спремам. Најчесто 2-3 варени јајца со домат, сирење и маслинки и ако имам дома лебче домашно му праќам.
Барав една ваква тема бидејќи ми е потребна инспирација за доручек/ручек на работа. Во прилог ќе ви ги напишам некои рецепти што јас ги правам за на работа. 1. Сендвич со јајце - варам 2 јајца и ги пасирам, потоа додавам мајонез и црн бибер. Оваа смеса ја ставам во сендвич и го сечам во облик на тијаголник. 2. Нудли со туна - нудлите ги варам на работа, со загревање на вода во кетал и потопување на нудлите. Ја истурам водата и додавам туна и зачини. 3. Цезар салата - Марула, стек и кубети 4. Куфли, ајвар, јајце, маслинки и јогурт 5. Путер, мармалад со леб и чај 6. Чија - млеко и чија со банана 7. Овошен јогурт и житарки 8. Тост 9. Туна сендвич - крцкаво лепче со туна и мајонез (омилено) Се надевам дека некого инспирирав.
Денес носам киноа со соја сос, пченка, варен морков, варен наут и едно иситнето сирење слично на урда.
Носам доручек и ужина. Ми се смачи од пекари и јадење рандом глупости. А носам полнета тортиља ( ја полнам со што имам по дома, урда , кајгана, авокадо, листови спањаќ, зелка, зденка, маслинки пилешко) и у ренла или на тостер. Или у оние пастичнине шо имаат по две прегради ставам паштета од туна ( сама си ја правам од скиселено цвекло и туна со маслиново блендирам и искача мала тегличка) убав ми е вкусот, or ако имам пилешко блендирам со урда)плус крекери. Egg sandwich праиш кајгана откако ќе се запече ставаш кришка леп и превртуваш да се запече лебот а и кајганата да се допече успат ставаш шо сакаш и го преклопуваш лепчето и тоа е вкусно и не станува soggy. Класика чиа пудинг ( шака јатка , чаша вода и две урми се блендира тоа се после се додава екстракт од ванила, цимет и 3 лажици чиа) стои вака три дена у фрижидер. После у тегличка ставам ред чис ред смрзнато овошје со цел да се стопи и да пушти сок овошјето, ондак додавам путер од кикирики и ореви неколку. Палачинки со овес за два дена правам и комбинирам. Крем, протеински пудинг , додавам плазма, јатки, кокос , зависи што имам дома. Деновиве тостирам леп ставам урда кашкавал и пилешка салма ( оние шо се фит салами) Јуфки со сирење Толку ми текнува
Денес: Јогурт, мелен лен, овес, јаболко, киви. Тортиља со (оксидирано ) авокадо и урда, и салата од цвекло, морков, трупка, наут, и балсамико и соја сос.