Периодов овака одам на работа. Тортиља со јајце и фета, и салата марула, краставица, ротквица, шампињони и дресинг од соја сос, балсамико и сенф. Туна со краставица, домат, брокула, пиперка и тартар. Туна во тортиља со марула, шампињони и тартар. Со салатаод краставица, домат, ротквица и пиперка. Киноа со варени јајца, марула, урда и соја сос. Хељда со тартар, краставица и наут. Макарони со песто, домат и пармезан. Макарони со спанаќ, брокула, благи маслинки, шампињони и фета.
Денес овака: За во 10, чашката со овес, трици, чиа, овесно млеко, какао и банана. За во 14, проја (што е повеќе крекер зш забораив да стаам пециво ) со домат, краставица, пиперка и урда.
Сакам да носам на работа овесни каши (подготвени ноќта пред и оставени во фрижидер). Бидејќи ги правам со млеко, дали може да се деси нешто од топлово дур стигнам на работа? Таму одма пак ќе ги ставам во фрижидер. Да се едитирам, пошо ми текна дека и за ручеци треба да носам, која храна е најдобро да се носи без да се секирам дали ќе се расипе?
Ако имаш фрижидер, може да носиш што било. Нема да се расипе ништо додека да стигнеш на работа. Постојано носам каши и чиа пудинзи, не ги чувам во фрижидер оти немам, и никогаш не ми се расипале. Ама јас ги правам со растителни млека, не можам со кравјо ило друго слично млеко. Може да носиш и ладни супи, салати од месо и зеленчук (цезар, туна, со говедско), може врапови со јајца, омлети, палачинки...
Периодов. Тортиља со авокадо, млад спанаќ и рукола, млад сир (нешто ко урда) и јајца (напраени во микро). Чиа со соино млеко, путер од кикирики и банана. Галета, варени јајца, гета, кулен и чедар. Киноа со путер со лук и магдонос, вердино веге кобасица, и млад спанаќ и рукола. Галети и салата од фета, грчки јогурт, краставица, копар и лук. Чиа, соино, путер од кикирики, боровинки. Јајца, кускус со домат и кулен, млад спанаќ и рукола. Овес, млеко, по некоја малина, капина, боровинка (од микс шумско овошје), путер од кикирики и банана. Проја со блитва и урда, и грчки јогурт.
Да имав нормални услови за пауза на факултет ќе носев многу почесто зашто обожавам meal prep и јадење нешто нутритивно наместо глупост од пекара ама тоа е што е.
За денес носам: Ориз со француски дресинг, јајца (во микро), круг мордадела, спанаќ и рукола. Па чиа во соино, малини, боровинки, путер од кикирики. Друго од периодов: Тортиља со јајца, авокадо, кулен и чедар, спанаќ и рукола. Spoiler: Пресек Овес со соино, путер од кикирики (стопен, се омрси млекото ), јаболко. Зелка, краставица, спанаќ, рукола, туна и француски дресинг. Ориз со француски дресинг, веге колбас, авокадо, спанаќ и рукола. Spoiler: Измешано Слатки ужинки.
Јајца, печурки, киноа со француски дресинг и млад спанаќ. И чиа и овес во млеко со малини, боровници и путер од кикирики. Spoiler: Измешано Во грчки јогурт лажица чиа, лажица мелен лен, малини, боровници и путер од лешник. Јајца со чили сос, киноа со кабанос колбас и млад сир, и спанаќ и рукола. И овес во млеко, путер од кикирики, грчки јогурт, мешано шумско овошје и банана. Spoiler: Измешано Воа малце ала континентал маса. Јајца со црно семе, мортадела, фета, ајвар, галети. Ова ми е омилено периодов. Во фрижидер преку ноќ оставам 4 лажици овес во 100 мл млеко и лажица путер од или кикирики или лешник. Утредента му ставам одозгора 2 лажици грчки јогурт, шумско овошје, не мешам, така носам слоевито на работа. Па таму пред јадење додавам банана и сè мешам. Совршенство.
Денес за појадок си носев јајца во микро направени со црно семе (затоа се така црни), чили сос, киноа, млад сир/урда, авокадо, млад спанаќ и рукола, и ќефир што сама си го направив. Spoiler: Измешано плус залак За ручек земав само овес стоен во соино млеко со план на работа да го помешан со протеински овошен јогурт, ама не бев гладна, па го изедов само јогуртот. Пред некој ден си носев од "сè по малце", односно р'жан леб, 3 парчиња од 3 различни кашкавали, авокадо и варени јајца. Плус протеински пудинг од карамела.
Нешо од неделава. Појадок од јајца со црно семе и печурки, р'жан леб, спанаќ и рукола, и ќефир. За ручек овес и чиа стоени во соино млеко плус сурутка, па додадени грчки јогурт, малини, боровници и банана. За појадок екстра меко варени јајца со урда, ќефир и галети. За ручек пак овес и чиа во млеко, ама кравјо, грчки јогурт, малини, боровници, путер од кикирики и банана. За денешниот појадок си го јадев остатокот од вчерашната вечера, односно боранија со мелено мисиркино месо, морков, грашок, малце спанаќ, доматен сос, хопла, црно семе. За ужинка, протеински пудинг од карамела и 10ина бадеми.
Дел од неделава. Тортиља со јајца со црно семе, урда, авокадо, спанаќ и рукола, и ќефир. Spoiler: Внатре Овес и чиа стоени во млеко и сурутка, слоевито додаден путер од лешник, малини и боровинки, па додадена банана. Spoiler: Прекраснотии Spoiler: Блиску Останато од вечерата претходниот ден, односно ориз со француски дресинг, каре, спанаќ и рукола, и ќефир. Spoiler: Блиску Уште еден остаток од вечерата од претходниот ден, мешавина за руска со црно семе, хопла и доматно пире, плус јајца со црно семе, спанаќ и рукола, и ќефир. Овес стоен во соино млеко со сурутка (сурутката покрај протеин, дава посебна кремавост ), слоевито додаден путер од кикирики, малини и боровинки, па банана. Вака смучкано е ко овошен јогурт/сладолед, превкусно. Spoiler: Зараза
Нешто од минатава недела. Стандардно барем 2 пати во неделата носам јајца, најчесто правени во микро, овој пат се обидов да ги направам "на око", меѓутоа не ми се допаднаа така, башка едната белка ми експлодира во микрото. Ги правев стандардно со црно семе. Во комбинација со киноа, малце авокадо и микс од марула, спанаќ и рукола. И стандардно ќефирчето мое. И оваа недела само еднаш носев овес, стандардно со млеко, сурутка, па грчки јогурт, путер од кикирики, малини, боровници и овој пат вишни, и банана. Стандардно. Spoiler: Клоус ап Малце грдичко изгледа, иначе одоздола има микс од марула, спанаќ и рукола, шампињони, па туна и сос од сенф со мед, бел балсамико и крем балсамико, оттука каки бојата. Па булгур со грчки јогурт и банана, и шоља протеински милкшејк со арома малина и бело чоколадо. Два дена по ред носев боранија со грашок, морков и мелено месо, одозгора додадено грчки јогурт и овчо сирење. И ќефир, офкорс. И као што кажав, булгур носев секој ден во разни комбинации. Тука со путер од кикирики, еднаш внатре го имав додадено милкшејкот, ама не ми се допадна така оти соодносот не беше добар, премалку булгур. Издвоено ми беше превкусно; залак булгур со путер, голтка милкшејк. Еден ден булгурот го искомбинирав со авокадо, јајца со црно семе и печурки, урда, и салата од микс од марула, спанаќ и рукола, и крем балсамико. Тука вметнав и едно десертче: А еден ден имав и pb&j сендвиче со 'ржаниот леб на Диме, тој ми е најтаман и планирам да го вметнувам почесто.
Од периодов. Проја со спанаќ, и урда, печеница, авокадо и ќефир. Јајца со црно семе, и авокадо, урда, хумус, 'ржан, спанаќ, рукола и ќефир. Овес стоен во млеко со сурутка, па малини, боровници и банана. Spoiler: Клоус ап Салата од марула, спанаќ, рукола, авокадо и овчо сирење, и јајца. Протеински пудинг со ванила арома, му додадов гранола за да разбијам монотонија. Spoiler: Клоус ап Јајца со црно семе, и кабанос колбас, авокадо, хумус, спанаќ, рукола, 'ржан леб и ќефир. Тука лупнав овес во грчки јогурт, па додадов вишни, малини, боровници и банана.
Јајца со црно семе и спанаќ, фета, авокадо, оризова галета, ќефир и мандарина. Овес и чиа стоени во кокосов напиток со сурутка, слоевито додадени грчки јогурт, вишни, малини, боровници и банана. Лосос во сос од мед со салата од марула, спанаќ, рукола, краставица и сончоглед. Јајца со црно семе, фета, кабанос колбас, наут, маслинки и ќефир. Овес и чиа стоени во кокосов напиток со сурутка, плус вишни, малини и боровинки, и путер од лешник, и банана. Јајца, фета, авокадо, маслинки, краставица, спанаќ, рукола, 'ржан леб и ќефир. Овес и чиа стоени во кокосов напиток со сурутка, слоевито додадени вишни, малини, боровници и путер од кикирики, и банана.
Јајца со црно семе, авокадо, ротквица, краставица, маслинки, наут, 'ржан леб и ќефир. Овес и чиа стоени во соин напиток со сурутка, вишни, малини, боровници и банана. Јајца со краставица, авокадо, маслинки, наут, ротквица, спанаќ, рукола, 'ржан леб и ќефир. Банана, протеински пудинг со арома од банана и бар со кикирики и карамела. Печен компир, грчки јогурт со краставица, лук во прав, копар и сончоглед, и ќефир. Овес и чиа стоени во соин напиток со сурутка, 85% темно чоколадо, јагоди, боровници и банана.
Тортиља со пилешко, авокадо, спанаќ и рукола, и ќефир. Овес стоен во млеко со сурутка и 85% темно чоколадо, и банана. Салата од марула, спанаќ, рукола и семки од сончоглед, и туна. Овес и чиа стоени во млеко со сурутка, вишни, малини, боровници и банана. Јајца со црно семе, краставица, фета и маслинки, мини кроасан со спанаќ и рукола, и ќефир. Туна со краставица, домат, црни маслинки, наут и семки од сончоглед. Она кога немаш време, па склопуваш оброци некако. \/ Салата од спанаќ и рукола (од ќеса), краставица, наут (од тегла), црни маслинки (од конзерва) и семки од сончоглед, и туна (конзерва). Пробиотската овесна каша со кокос, шумско овошје и бело чоколадо од Виталиа со банана. Јајца, маслинки, наут, рукола и оризови галети.
Јајца со црно семе и печурки, наут, црни маслинки, спанаќ и рукола, и ќефир. Овес и чиа стоени во млеко со сурутка и арома од ванила, и јагоди, боровници и банана. Булгур со болоњезе сос (ми остана болоњезето од вечерта претходно со шпагети). Чиа пудинг со мача, и банана. Салата од марула, рукола, краставица, семки од сончоглед, и туна. Овес и чиа стоени во млеко и сурутка, и боровинки, путер од лешник, и банана.