1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна што ја понесувате од дома за на одмор

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од plavusha, 12 август 2011.

  1. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Поради повисоките цени во рестораните, многу македонски семејства кои летуваат во Грција одлучуваат самите да си земаат и подготвуваат храна од дома.

    Земате ли и вие храна од дома и ШТО земате?
     
  2. Kim-Dash

    Kim-Dash Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    крастајци патлиџани макарони шпагети јајца и остали потребни реквизити за заситување на апетитот :rofl:
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Секогаш носиме по нешто,ама не готвиме секој ден.Ама не ми се јасни луѓето што носат патлиџани пиперки,компири :x Омг до толку ли.Ние секогаш носиме тестенини,нешто сувомесно,кашкавал,сиренце -кога одиме во Грчка не носиме ,си купуваме фета :lol: ,виршли,кобасици,паштета,ко да има нешто да не си без ич.Оваа година пример го фрливме сето јадење :doh: зашто само еднаш јадевме дома -варевме шпагети и 2 пати направивме сендвичи.Мајка ми пред одмор секогаш ни прави некои кифлици,банички,ама и тие ги јадеме за по пат и таму првиот ден,па и тоа све се фрла.Затоа и не носам толку.Овошје,зеленчук има и таму.Што ми треба си земам.Сигурно нема пипер и јајца да пржам на одмор бе :fubar: 10 дена се издржуваат ,јадење е најмал проблем
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    А баш за Грција се дискутира или општо? :^)
    Значи, кога одиме не носиме никаква храна за таму сем нешто за по пат...
    Ретко готвиме, најчесто се храниме во ресторани или места за брза храна. а ако сепак нешто се зготви, тоа е нешто лесно и брзо и е зготвено со храна купена од таму.
    Знам, некои носат три чуда од овде, ама мене тоа ми е...не знам, не би рекла ништо зашто одма ќе скокните...
    Никогаш не би понела храна за на одмор, ниту таму би готвила. Затоа се бира место со прифатливи цени...
     
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Јас и неземам нешто многу храна за престој,како и да е јадам само што ќе остане од патот,а вистина многу останува,ама како ида е ја јаде,повеќето остануваме во хотел па затоа...
     
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас искрено никогаш не носам храна на одмор ,носам само нешто за по пат ,а конкретно за Грција незнам која е потребата да се носи храна од тука кога таму има Лидл ,Маринозополус и ако планираш да готвиш можеш да си купиш се од таму по пристојни цени :)
     
  7. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Кога одам на одмор со родителите носам само нешто за по пат .
     
  8. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Зеленчук и овошје најчесто. ;)
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Никогаш нема да заборавам кога летото пред две години одев со автобус накај Охрид и едно друштво носеа патлиџани, кромиди, компири и 300 други чуда, како мислиш во Охрид тоа не се продава или ептен ќе заштедат ако купат таму :D
    На одмор не носам буквално ништо освен сендвич за по пат и евентуално супа, која на крај секогаш ја враќам :)
     
  10. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Темава е само за Грција? :?: Јас одам на сосема други места :lol:

    Летово бев во Црна Гора, сместени приватно. Од дома понесовме - паштета, туна, сирење (конзервирани/вакумирани). Овошје само за по пат и за првите ден-два таму, затоа што се расипува, а цените на овошјето и зеленчукот во супермаркетите таму беше поевтини од тие на пазар, а исти како кај нас :!:

    Порано кога одевме фамилијарно, со пријатели, комшии во Турција - тогаш земаа и јадење за приготвување, баш ручек, онака - гравче, компири и сите тие работи. Од една страна затоа што останувавме и по 20 дена, па беше потребно количински повеќе, а и беа типични фамилијарни одмори - без журки, пијанчења, сепак со родители и постари си, па задоволството беше во приготвување убав ручек за сите, исто како дома :) :)
     
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Јас наредната недела одам на апсолвентска екскурзија, па ако може некој совет што да земам за јадење и слично ? Во хотелите каде што ќе престојуваме ке имаме каде доручек, каде ручек, ама не верувам дека мармаладче и маргаринче ќе ме држи цел ден, а и немам намера да давам пари и да киснам по Мекдоналдс на секоја пауза или слично. 18 дена се да му се невиди, и сакам да си земам нешто што ќе ме засити кога сум гладна, до наредниот хотел ... Некаде читав дека носеле двопек, зденки .. па сакам нешто такво што стои..можеби ќе земам суво овошје, бадеми, лешници да се залажам кога ќе изгладнам (пошто многу сум стрвна и кризи за јадење ме фаќаат често :rofl: )
    Некоја идеја , anyone ?
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    patuvanja-i-odmori/apsolventska-ekskurzija-t10094/
    Неверморе, тука ти е посоодветно место и за одговор и за прашање, мислам дека имаат пишано и за јадење и за вода. :)
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    До сега сум одела на одмор исклучиво во Грција и без разлика дали со моите или со дечко, друштво, обавезно земам сирење и кашкавал. Кога одевме со моите прв пат не земавме ама баш ништо и пробавме 3-4 сирења таму и ниедно не ни се погоди, особено мене затоа што фета не јадам. Покрај тоа и виршли, супи (исто ради мене затоа што ја јадам само таа со петелот :lol: ). Кога бевме прв пат со дечко ми на негова желба земавме и 2-3 паштети и 2-3 конзерви риба, демек тоа ќе јадел за доручек, иако на крај не одолеа на грчките банички и лиснати и ги вративме, така да веќе тоа не носиме, си купуваме доручек.
    Носиме и чај од нане, ако не заболи мешето :$ И цедевита со надеж дека нема секој ден да купуваме кока кола, фанта или спрајт, а секоја година ја враќаме неотворена.
    Значи во суштина неопходни ми се само сирењето, кашкавалот и супата затоа што тешко наоѓам такви работи по вкус што ми се. Виршлите колку да имаме барем на 2 пати што да си „зготвиме„ за ручек. Друго сувомеснато купуваме од таму, особено оние вакумираните сецкани саламчиња.
    Носењето гајби патлиџани и пиперки ми е мизерија, иако од една страна ако стварно не можат да си дозволат луѓево да купуваат од таму онда ок, затоа што реално овошјето и зеленчукот барем во Грција се поскапи најмалце дупло од овде. И јас не одам со многу пари на одмор, а и 95% од тие што ќе ги понесам ги трошам на храна особено на глупости сокови, чипсови, сладоледи и сл затоа што сакам на одмор да уживам колку што можам, ако ми се пријаде сладолед или локумадес на плажа да не морам да се стискам и да јадам бисквити понесени од дома. А од друга страна место да седнеме секоја вечер во некој кафич или у диско, ќе отидеме 2-3 пати најмногу, а за другите ќе си набавиме од маркет некој алкохол и ќе си го пиеме во апартман на тераса :) Затоа и со дечко ми се враќаме секогаш подебели од одмор, што никогаш не ми се случило кога одам со друштво, затоа што тогаш сакаш нејќеш мора да трошиш на искачање секоја вечер, па после немаш пари за храна, а од дома да си понесеш е срамота :D
     
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    До сега не сум понесувала храна за на одмор, па за натамуне знам, може, ќе видиме :?:
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Зависи каде и со што одам. Со автобус ако одиме, сигурно нема да влечам триста ствари, нешто ситно. Во Црна Гора на пример не е скапо и нема потреба да се носи храна. Лани во Грција кога бевме носевме доста храна и супер ни беше, таму беше скапо, а ние имавме мерак да си правиме јадења, нејќевме да сме на суво или брза храна цело време. Носевме најмногу супи, по некоја конзерва, макарони, тестенини, сирења, пире (од оние во кесичка што се), значи храна што и треба малце приготвување. Таму се случи и да купиме нешто за готвење, значи пак не било паштета или нешто слично и секако леб, благо, грицки и вода, сокови. И бевме прејадени. 8 дена немавме купено ни еден сендвич, храната што ја понесовме цела ја изедовме, а последните 2,3 дена си купувавме гиро :lol: Поминавме каде каде поефтино, а и цревата ни беа благодарни :D Овошје не носевме, зеленчук нешто ситно, јајца и месо никако, освен една печеница од тие што се херметички затворени.
    Значи најмногу зависи каде одиш и со што одиш. Секако нема ако патуваш во Шпанија со бус да ги носиш сите овие работи :) Башка ние другарки демек млади домаќинки, имавме мерак за готвење :lol:
     
  16. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Сите не не таман работа... зосто да носам... ние од таму си купуваме и кога ке видис на граница 80% колите се пренатрупани од гајбиво гепекот,а по автобусите да отворат кој знае со не ке извадат од багазот гарант повекје пиперки и патлиџани носат него гардероба :D
     
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Носење храна на одмор оправдувам доколку не се поднесува храната на местото каде се оди. Три пати сум била на одмор каде требало сама да се снаоѓам за јадење во странство и Х пати во Охрид. Кога одам во странство носам само домати со мене, не поднесувам друг домат освен оној на тетката од пазар и охридски јабучар. Друго за готвење не. А за по пат... е за по пат имам торба за итни случаи и секогаш ми се смеат ама си носам, макар и за до Куманово кога патувам: Вода- 2л; двопек или крекери ако е лето или сендвичи ако е зима , гранола барс во лето или чоколадо во зима, смоки или квики гриц или грисини или што има по дома, таблета за глава, шумливи таблети- мултивитамини и магнезиум. Сигурно нешто заборавив ама без торбето не поаѓам од дома :)
     
  18. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    јас сега за сега храна на одмор не носам,понатаму не знам
     
  19. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    кога одам на одмор најчесто земам храна поради тоа што не сакам секој ден да јадам хамбургери и гира (оти мн тешки ми се за јадење), па затоа си носам по нешто, а хамургери и сл. најчесто си купувам последните денови..
    најчесто носам кашкавал (од тој што е пакован на парчиња), зденки, 1-2 пакетчиња супа, макрони, ретко земам и паштета, туна и сиренце, отприлика тоа, а секогаш по навика за првиот ден си носам кифлички, макар што никогас не ги дојадувам :lol:
     
  20. jesicaalba

    jesicaalba Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    25
    Вака ја ќе одам на Закинтос, што мислите (за тие што биле) дека ќе ми треба од храна да понесам.Знам дека било скапо ама сепак не мислам да носам цели торби со секакви јаедња.