Јас кога одам зимам само грицки и сендвичи за првиот (евентуално и вториот)ден. А мајка ми ако добро се сеќавам кога одевме носеше, домати, пиперки, краставици, сирење, саламче, ориз, месо, јајца(ова се до Грција, зошто ни е блиску па нема опасност од расипување)... такви некои ствари, испланирано однапред што би се готвело.
Најчесто ставаме некои лесни јадења или грицки за попат, обавезно за шоферот се купува кафе или енергетски пијалок за да не заспие додека вози, а за таму пак некои грицки, може мајка ми става и некои поситни работи, макарони, некоја паштета. Друго не се сеќавам да сме носеле.
Сирење!!! Е без бело сирење никогаш не тргнувам на одмор. Ајвар не носам, да не дојде до недоразбирање Толку сум си навикната на нашето сирење, што си го носам и на одмор. Не за друго, туку нема од кај да го купам. Моцарелата и фетата-не ми се замена. И за по пат,многу вода задолжително замрзната, некој сендвич (што редовно останува), чоколатца и грицки. Сакам да бидам обезбедена првите денови, за секој случај. А да ќе заборавев-и еурокрем за маж ми
Без сендвичи никаде не тргнувам, и тоа направени по мој рецепт, најчесто со сирење и свински врат. За по пат ми стигнуваат, таман ми е. Може да земам плус и некои грицки, на пример чипс, или па суви колачи. Тоа за по пат, а со останатите работи си се снабдувам таму, на лице место.
Пред да одам некаде подалеку од дома макар и на неколку дена обавезно планирам се до последен детал, така и со храната во зависност од местото и должината на престој. Никогаш не готвам што значи не носам многу јадење и не сакам да мијам садови што значи носам пластични за 1 употреба. Она што обавезно носам се јаткасти плодови како лешници, ореви, бадеми и неизбежното суво овошје. Купувам доволно за да имам секој ден по нешто и ми заменува еден оброк во денот, а последниве 2 години наоѓам сместување на база полупансион што совршено ми одговара и не се замарам воопшто со планирање, носење, готвење или трошење пари по ресторани. Неретко и за по пат земам грицки како чипс и кроасани или од дома припремен сендвич или пица. Сега знам дека ми е лесно и едноставно и уживам во тоа, но кога ќе дојдат на ред деца многу работи од овде ќе мора да бидат видно изменети.
Сендвич, грицки и нешто за пиење за по пат. Како што пишала Лукс дека се купува и нешто за шоферот, така и кај нас. Ред Бул и сл. Друго не се сеќавам, обично јадеме или во хотелот или надвор.
Ништо не носиме.. Значит кога ојме на одмор сакам да се одморам и јадиме по ресторани,не готвиме сами никогаш
Освен некоја грицка и сокче за по пат ништо друго не носам за јадење. Па јас на одмор идам за да јадам од странските кујни, не ќе носам од МК, одам за да пробам нешто (се) ново за јадење и + на одмор искрено немам време да готвам нешто па после уште и садови да мијам, no way!
Ммислам природно! Одмор имам еднаш годишно бре... ни храна, ни конзерви, ни тегли имам намера да влечам од дома... А кога ги гледам другине ко баби и дедовци се понашаат, па нели одиме да се одмориме. И после цигани сме биле, епаа сме
Сум носела само корнфлекс, супи, тестенини, несквик и нормално нешто за по пат. Нема поента одморот ако фатиш да готвиш и миеш тон садови.
На времето кога одев во Грција на одмор носев само две работи - нескафе и млеко. Нескафето во Грција е добро за фрапе, а очајно лошо за кафе со врела вода и млеко. А млекото им е жива вода, како од 1 литар млеко да сум направила 3 литра. Дури и она regular/whole milk 2,8-3,2%. Ама, треба да имаме во предвид дека многу луѓе, особено семејства, носат храна од дома не затоа што "обожаваат" да готват на одмор туку дека парите им се броени и гледаат да заштедат каде можат за децата да им уживаат 10 дена на море.
Носиме цела кујна. Значи почнувам од зеленчук завршувам со овошје. Паштети,тестенини,намази,значи се и сешто. Ама мора се...