Само конзерви. Графче, туна и грашок. А понекад и не носам ич, туку си купувам од местото кај што сум ако идам на место кај што е ефтино.
Носам само кафе. За по пат на излез од Скопје купуваме сендвичи и вода, евентуално нешто благо. Ако ми се јаде патлиџам во тие 5 -7 дена на одмор, купувам од таму. 3 патлиџани може да бидат 5 денари поскапи отколку тука, па за 5 денари не се мачам да ги носам по пат. Н еми е јасни како некој не може една недела без патлиџан. На одмор не готвам, освен кога ќе седнеме еднаш - два пати на тераса, поглед на море, шопска и ракија. И тоа во од таму купени состојки и пластично чинивче за да не мијам. Не се сеќавам некогаш да сум носела храна на одмор. Има куп ресторани и морска храна, па дури и продавница кај што може да се купи еден леб и една павлака ако ме фати криза за јадење. Варење макарони не ми се случило. За апсолвентска носев јадење, не заради тоа што не можев без патлиџани 17 дена, туку заради тоа што не знаев кога ќе имам можност да јадам. На пример, имав нерасипливи работи, двопек, грицки, кроасани, наполитанки, кифлички за првите 2-3 дена, зденка. И стварно добро ми дојдоа оти можев да одам и да јадам, наместо да седам во некој Мекдоналдс и да јадам, јас шетав по улиците и сликав. Ослабев 7 кила за 17 дена, ама не поради јадење туку поради секојдневнои шетање по 10 километри најмалку Здравје кога ќе одам со бебе на одмор, ќе мора кашички или нешто слично, не верувам дека ќе биде лесно како досега.
Никогаш не носиме храна од дома, освен вода, некое овошје или бисквити за по пат, таму си купуваме се’. Ризично е и да се носи на топлото време. Секако не готвам на одмор, па ниту ми е потребно да носам храна.
Кога одам некаде обавезно си земам вода и кафе, некоја соленка за по пат, кросани, суви колачи, чипс и некое бадемче. Останува нешто за првиот ден додека се истражи местото
Кога одиме со моите- обавезно: Зимаме храна за по пат и за првите 2 дена таму за да не се мрцвариме: -тост леб -сендвичи -некои намази и паштети -тестенини -зелечнук (најчесто патлиџан, крастсвица нешто за салатче) -конзервирана храна -овошје -кроасани, грицки соленки. Ако идеме подалеку негде: -сендвичи и грицки за по пат -сендвичи/кроасани/грицки за таму за првите ден-два и за да се ксне нешто и така
Ништо не носам со мене, освен грицки/нешто благо за по пат, евентуално некој сендвич што секако морам да го изедам по пат за да не се расипе Е, само кафе си носам со мене, обавезно