1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хранење на улични животни

Дискусија во 'Дом' започната од theowndemon, 3 август 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.808
    Пол:
    Женски
    Ова пошто @RainBow пиша башка тема да не сме офтопик, скроз со право, еве ја темата. Ја отворам оти прво сакав да пишам еден совет:

    Мал совет во врска со ранењето пошто зборате избор вау бау. И од скроз себични причини, особено зимно време можи да раните животни надвор. Да не ве нападнат. Од глад напаѓаат, а општините не се грижат за нив. Веќе втора зима ми беше како се осеќам надвор безбедно меѓу глутници пошто денски излегвам и оти јас се движам по исти патишта секогаш, ги врвев еднаш денски да ги ранам, на вечер кога не носев со мене храна, едноставно не ме бркаа и напаѓаа пошто нели, ме знат. Од скроз себични причини. Ова како совет. За жал општините не се грижат за животните и мора да се заштитиме и ова го гледам како начин на заштита, можи да е и ради емпатија да раниш оти неќиш да се гладни, ама и од себични причини зимно време кога се повеќе гладни, групирани и склони да нападнат некој. Идеално е да не мора да се грижите за заштита, ама за жал работите се такви какви шо се кај нас.

    Дали вие раните улични животни?
    Дали сметате дека е исправно?
    Зошто ги раните?


    Лично, ранам. Баш како во спојлерот, зимно време првично за да се осеќам безбедно зошто ми се има случено да морам да се кријам од глутница и да не дишам од страв да не ме нападнат. То не го менва моето мислење за псите, ги сакам. И знам дека на зима се гладни. А второ, за да ги наранам и да вртат душа оти греота се. И од тука, сметам дека е исправно.
     
    На Puffy2019, khaleesi1, Lovelynne и 11 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.690
    Допаѓања:
    116.533
    Пол:
    Женски
    На некои што немале ич јадење,да.Некои си ги вдомив. :l:
     
    На Puffy2019, khaleesi1, Mantub и 9 други им се допаѓа ова.
  3. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Женски
    Како сопственик на мачка и куче секогаш имам храна за животни дома и многу често си носам во кутивче или нешто слично во ранец за во случај да најдам гладно животно. Има премногу улични животни кај нас кои не се згрижени од никакви државни институции и се оставени на улица и многу често тепани и после кривени зошто реагирале во самоодбрана. Ако некој сака куче или маче и е во можност да го вдоми дефинитивно е најдобрата опција, ама бидејќи не секој може и е способен да се грижи најдоброто нешто што можиме да го прајме за нив и за нас е да ги третираме добро и ги храниме. Така мислам дека најефикасно ќе има соживот помеѓу сите и луѓе и животни.
     
    На Puffy2019, khaleesi1, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Не хранам , едноставно не сакам и не ми дошло да се замарам да хранам улични животни . Обично не ни сакам никакви животни да ми се приближуваат одма ги бркам ако пробаат да ми се доближат.
    Исправно е ако сакаш да ги храниш ако не не . Секој како си сака и како му одговара.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Хранам улични животни. Срце и душа ми се кине кога ги гледам по улици, оставени сами на себе, без храна и вода. Им давам и купечка храна и тоа што ми останало од оброк секој ден.
    Често размислувам колку подобро би им било доколку сите им оставаат храна наместо да ја фрлаат во ѓубре. Ама тоа во некој друг подобар свет.
     
    На Puffy2019, khaleesi1, Lovelynne и 8 други им се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш носам грицки за кучиња во ташна и им давам на уличните. Кога седам во ресторан се што има околу мене кучиња, мачиња собирам и пола нив му го давам од порцијата.
     
    На piksooki, Puffy2019, SStasia и 5 други им се допаѓа ова.
  7. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Доколку имам храна во моментот да, ќе им дадам и нив. Но, не носам посебно храна за да ги хранам.

    Дали е исправно?
    Од една страна да, им помагаме да не прегладнат, ете и ако им даваш храна нема да те напаѓаат. Но од друга страна размислувам што би било доколку престанеме да им даваме храна откако ќе навикнат на тоа, дали би станале поагресивни? Еве пример, јас имам мачка и забележав дека ако не и давам храна кога ќе ми мјаука почнува да се пика во мене, со шепите да се качува по мене и неретко знае да ме гребне. Е сега можам да замислам што би се случило доколку тоа би било случај и кај уличните кучиња кои се посилни и побројни од една мачка. Не сум имала ваква ситуација и не знам како би се однесувале кучињата.

    Зошто ги ранам?
    Па искрено ми е жал да ги гледам така, кога веќе имам храна со мене нормално дека ќе им дадам и нив. Сепак не се тие по своја волја оставени на улица.
     
    На Puffy2019, SStasia, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    108
    Вистинита случка: една жена секој ден храни улични кучиња, купува од блиската пекара по 2-3 ѓевреци, и им ги дели на 6-7 кучиња.
    Хумано нели?
    Местото е прометно и најчесто се постари луѓе,и секој ден ја молат да не прави така зошто кучињава се агресивни. Она продолжи така, и еден ден ја нападнаа неа и ја искасапија, едната нога и беше цела во крв. Значи не ја касна едно,туку имаше неколку јаки угризи, пантолоните и беа натопени во крв
    И? Во ред ли е тоа што го прави?
    Зошто на пример не ги земе во двор и не ги чува сите? Дали знае како се однесуваат кучиња т.е. dog behaviour?
    Не се но трудите да ги разберете кучињата, туку си ја смирувате совеста со тоа што сте нараниле делумно некое куче, а правите многу поголема беља. Наместо да се залагаат да се реши трајно проблемот со бездомните...ама па така ќе нема донации а?
     
    На Orthophill и Alisa22 им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.808
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не. Ова е нешто шо треба да го среди општината, ама сите сме свесни колку ни е средено нас на општинско ниво и мора да се залагаме на било кој начин сами да се заштитиме. Јас земам леб „на големо“ од пекара, следниот ден. Кучињата напаѓаат ако се гладни, особено зимски период. Нагласувам зимски период. Јас ги хранам тогаш во патишта по кои се движам за да ме научат, и тоа доволно, не малку храна. И затоа не ме напаѓаат. Затоа не напаѓаат други и не трчаат по луѓе. Нема причина. Како шо реков, ова е од скроз себични причини.

    Не секој има таква привилегија, да има двор и/ли воопшто можност да ги чува. И то е океј, не мора.

    Како ќе се реши трајно проблемот со бездомните? Како просечниот граѓанин ќе го реши проблемот со бездомните? Проблемот со бездомните се решава на ниво на општина/ држава. А, и во други теми, многу одамна сме зборале за идеално решение со бездомните животни, а то е кастрација на уличните и вакцинирање. Притоа, задолжителна кастрација на тие дома, освен тие кои ќе имаат дозвола за приплод за да не се фрлаат животни на улица и да се почнува нов круг на бездомни животни, исто така да има и хранилни места, повторно, од страна на општината. Е сега ќе забележам нешто, Битола имаат како ознаки на ушите. Од по пријатели сфатив дека се вакцинирани, дали се и стерилизирани? Ако сте стерилизирани, ќе си живуркаат до крајот на нивниот природен живот и нема да остат плод кој ќе биди исто така бездомен. И сега теретот е на самите луѓе - дали ќе ги почитуваат мерките? Дали ќе продолжат да ги плодат животните и бездомните да ги фрлаат на улица? Е ...
     
    На Puffy2019, Doozy, SStasia и 5 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.324
    Пол:
    Женски
    @LadyF95 Вистинска случка, мајка ми храни секој ден 8 години кучиња на работа, вистинска случка, никое не ја нападнало до сега,вистинска случка секој ден проба да направи напор да се реши проблемот со уличните. Вистинска случка, вдомиве 5 кучиња, сега 6то, 5 мачки. Вистинска случка,во последните години ни сама не можам да избројам колку мачиња и кучиња однесовме на ветеринар и има најдовме дом, се со наши средства, никаква помош од здружение. Иаме среќа дека иаме ветеринар во куќата, ама сепак.
    Не треба да се прашуваш зошто ги хранела, а не ги зела дома, вистинското прашање е зошто сите тие старци кои се бунеле, не зеле по едно дома и не пробале да најдат барам на едно дом, место да јадат ла*на секојдневно. Зошто не сфатиш дека проблемот е во сите околу жената, а не во неа.
    Уште нешто сакам да додадам, свекрва ми работи во собрание, некогаш ги распределува тендерите за стационарите и за шинтрите, намерно секогаш се бореше да стави повеќе средства, ама откако истражувавме малце сфативме дека не ги ни вакцинираат, ниту стерилизираат иако треба( едното од кучињата ни е од шинтерница) кога ја зедовме не само што не беше средена, туку беше со кожна инфекција, коска и кожа, преплашена...нема да заборавам никогаш каква беше. Уствари тие само ги разнесуваат низ градови од еден во друг ги шетаат и ако мораат им ставаат маркица на крај. Никаква раборта не вршат, не знам што треба луѓето повеќе да направат од тоа што моментално само поединци го прават за уличните.
     
    Последна измена: 3 август 2020
    На piksooki, GrimTheReaper, Puffy2019 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    108
    Е
    Е така е, само со кастрација ќе се реши!
    А зошто не го туркаат тоа? Повеќето активистки се правници, партиски членови итн, значи немаат никаква моќ до толку еден смешен проблем да се реши?
    Или така им чини, зошто ако нема бездомни ќе нема и донации?
    Па кога немаше толку здруженија и активисти, немаше волку бездомни животни! Значи се е само фарса
     
  12. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    108
    Зошто не можеш да сватиш дека не сакаат сите луѓе кучиња???????
    Проблемот ќе се реши со контролирана репродукција,а не со тоа што ти ги раниш уличните!
    Преголемиот број и неконтролирано парење е проблем, сватете го тоа, а не дали кучињата се гладни или сити. Во погрешна насока терате
     
    На Orthophill и Alisa22 им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.324
    Пол:
    Женски
    А кој вика дека не го сфаќаме тоа, најди ми едно мислење дека реков дека тоа не е решението?Да токму тоа е решението, ама кога никој не го превзема тоа решение, единствено што можеме е да ти храниме и да вдомуваме некое, кога можеме да однесеме на вет или ако иаме пари да кастрираме и стерилизираме, биди благодарна на тоа оти и ние ако не ги храниме, гладни можат тебе да те изедат во зима.
     
    На Puffy2019, Doozy, SStasia и 9 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.808
    Пол:
    Женски
    Не е на активистите да ги кастрираат животните, туку на општината да си го организира тоа. Активистите имаат за цел да ги заштитат и да им обезбедат колку- толку подостоинствен живот на бездомните животни. А то се прај со поставување храна на различни места од градот. Пет шопот од кој купувам, има донации за храна, кои одат после за оставање храна на неколку места во градот за кучињата да имаат да јадат. Дури и кога беше карантин за тоа се залагаа и секогаш пред полициски или пред да фати викенд оставаа огромни количини храна, од донации, за тие животни да јадат и ако некој самец со дозвола кој смееше да шета за време на карантин да не биди нападнат, а сепак и кучињата да имаат достоинствен живот. И да сакаат со тие донации не можат да ги кастрираат сите животни. Често се берат пари за донации. Да се спаси некое животно од константна болка/ болест и за прехрана. Не дека има многу луѓе кои донираат за да можи да се пуштат нозете подолго. А, кастрацијата е нешто за шо треба да се залага општината. И ова мислам дека кој и да прашаш од било кој активист ќе ти го кажи. Не дека не се сака да се кастрираат животните, се нема можност како обичен граѓанин да го напрајш то. Оти реално, не е ни наша должност. Особено ако ја немаме државата зад нас како орган да постави закон, како тој дека уличните мора да се вакцинирани ( пак не сум сигурна за кастрацијата) и дека сите кои имаат куче мора да е кастрирано сем ако се нема поинаква дозвола. Сега уште останва законите кои се донесени, да вродат со плод.
     
    На Puffy2019, Doozy, SStasia и 8 други им се допаѓа ова.
  15. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    108
    Значи кога има проблем,општината е крива, а кога е добро дело ваша е заслугата.
    Зошто не превземете кривица секогаш кога има напад на човек?
    Знам, и тогаш општината е крива. Сепак се се врти околу донациите
    Батали, немам време да се објаснувам, знаете и вие што е проблемот, ама така ви чини
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Порано се случуваше кога ќе јадев од надвор да ми остане, па да го дадам остатокот на некое животинче по улица. Само што последниве неколку години многу ретко јадам од надвор и генерално никогаш немам храна во мене.
    Иначе пред да го отрујат нашето куче, си имаше неколку улични другарчиња кои сега ако ги видиме околу куќа, ни доаѓаат на гости во двор и им даваме за јадење и вода.
    Кога имаш прилика да помогнеш било кому, дали човек, или животно, не знам зошто не би го направил тоа.
     
    На Puffy2019, SStasia, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.808
    Пол:
    Женски
    А зошто ова да не е под закрила на државата/ оштината? Проблемот со бездомни животни е директно нивен проблем. Не те пратам тука.

    Зошто да преземат(ме) кривица коа е нападнат човек? Ако јас не ги ранам кучињата во околината, јас ќе бидам нападната. Јас пишав и во првото мислење, од скроз себични причини е. Не е добро дело, вид на заштита е. Ако не ги ранам - ќе нападнат некој. Кој ќе биди виновен тогаш? Ако никој не се грижи за бездомните животни и не им дава храна за да не напаѓаат луѓе, кој ќе биди виновен тогаш? Ќе ти поможам. Општината. Зошто нив треба да им е гајле за покрупните работи шо просечниот граѓанин не можи да си ги дозволи. А вервај, нема многу луѓе на кои им е гајле, па да донираат и да стерилизираат животни. Не мислам дека знајш колку малку пари има кои едвај стигаат за храна и помали зафати. Одвај. Не стигаат за стерилизација. Не се должни ветеринарите да работат за без пари. А знајш кој има пари и одговорност да ги стерилизира? Општината.

    Јас не знам за кој проблем збораш, гледаш и во претходната тема пробвам да разберам.
     
    На Puffy2019, Doozy, SStasia и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Мене татко ми ме научи да ги хранам животните и така им оставам храна на места каде што знам дека доаѓаат и ги гледам дека јадат, а иначе не сум мн по интеракција со животни иако ми е жал за нив. Еднаш во сурова зима вдомивме едно улично кутре на некое време па го однесовме кај жена која се грижи за кучиња.
     
    На Puffy2019, SStasia, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.324
    Пол:
    Женски
    Како бе не е општината крива, кој е крив ако не она? Плаќаме данок на државта, го полниме буџетот, тој буџет има план каде ќе се распределува, меѓу тој план е и решавање на ситуацијата со уличните животни, при тоа не де подразбира рашетување на истите меѓу градови и труење. Цел свет има здруженија за заштита кои функционираат на принцип донации, што се должни членовите на друштвата од нивен џеб да плаќаат пример за лекување и храна ако немаат донации, не се ама го прават тоа веројатно, јас ќе кажам никогаш не сум имала помош од нив освен за едно старо куче кое пола година го хранев пред двор оти немав веќе место за него па една од жените таму ми помогна да го вдомам во Германија.
    Ама сепак не е нивна должност да решаваат проблеми со улични животни, на државата е и тоа е факт, нема место за полемики и дискусија.
    А на крај не знам зошто цело време алудираш дека ние сме дел од здруженија, од каде идејата?

    За крај поздрав од двете мачки кои не се ни мои ама секоја вечер чекаат на прозор да ги нахранам, едната ја лечев од повреда на окото, не ми е обврска ама како да ја оставам. IMG_20200803_214335.jpg IMG_20200803_214351.jpg
     
    Последна измена: 3 август 2020
    На Puffy2019, Doozy, Lady D ❤️ и 7 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.808
    Пол:
    Женски
    Прашај градоначалникот. :D Зошто поединци и да сакаат не можат толку пари да соберат. За да соберат толку пари треба да ги остат животните гладни и да напаѓаат луѓе. Кој ќе биди тогаш одговорен? На грешно место препишваш вина. Општината е таа која мора да се залага за кастрациите. Те цитирам тука зошто не можам во две теми на иста тема да зборам. Гледај, и @1209 убаво објасна мислење над мене. И се согласувам, алудираш дека сме дел од здруженија. Јас лично, не сум.

    Кога ме фаќа инает на вакви теми, посакувам никој да не ги ранеше уличните кучиња. Тогаш во кој ќе ја баравте вината кога ќе напаѓаа, а ќе напаѓаа? Ај бар на вистинското место ќе беше. Оти дури и хранењето на бездомниците треба да е одговорност на општината, а не на поединци/ здруженија али ај, не е огромен товар и е возможно колку- толку.
     
    На Puffy2019, SStasia, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.